Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Babyblond не знам зошто но ќе те искритикувам. И сфати го ова како позитивно. Од моја страна гледано на твојот проблем ама воопшто не гледам дека си во право. Го изневеруваш се каеш и очекуваш се да биде по старо. Еднаш изгубената доверба тешко се враќа. Тој сака да ти врати со тоа што го нема и што не ти се јаувава и не мора да значи дека те изневерил или пак вистина бил некаде. Сака и ти да се почувствуваш како него. Тоа не е убаво од негова страна што ти поставува услови но си залужила. Да беше ти на негово место немаше ни да го погледнеш не па да продолжиш со него. Реално кажано по толку случки и настани тешко е да ти поверува човек. И сега си во такви години што не си многу голема ни многу мала. Се уште ти лета паметот, има уште многу нешта што сакаш да ги доживееш и не си спремна за врска не по готово во овој момент. Подобро би било да раскинеш. Така ќе престанат можи твоите грижи и проблеми а и неговите. Колку и да пробуваш да ја зајакнеш таа врска нема да успееш. Кога и да е ќе ти го плесни тоа некогаш што си го изневерувала. Како што викаат лебот еднаш пресечен не се лепи повеќе. Грешката е сторена од тоа не се бега но верувај колку и да се трудиш залудно е да успееш да ја спасиш врската. Не сакам да звучам толку песимистички но мојот коментар е тој. Не гледам некое подобро решение за твојот проблем. Млада си сеуште ќе успееш да си ја најдеш среќата. Сега те гризе совестата за направената грешка , но прифати го тоа како така и продолжи понатаму. Мојот совет е тој :)
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Е у реду де, го изневерила, му признала го прифатил тоа, и кога веќе прифатил треба да го заборави, а не на секое да и го труби тоа. Ако неможе да се носи со тоа нека раскине, ама ни тоа несака, сака да се прави жртва при секоја кавга тоа е проблемот.
    Пресечи! Ако сака да остане со тебе нека заборави и нека не те замара више со тоа. Си напраива грешка си направила, си се извинила, прифатил тоа е тоа, ако не му држи гзот сеа нека ти раскине, ама очигледно сака да го молиш и да биде он секогаш во право за се.. ама немој :P
     
  3. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Да во ред тоа ама лесно е да простиш но тешко е да заборавиш, бидејќи личноста ти значела многу си и верувал, те понижила, направила мивка од тебе и сакаш се да е по старо. Не ја гледам тука логиката. Мене така да ми направи дечкото искрено се скарувам веднаш. Понатаму неможам да очекувам доверба или слично нешто од него. Ме изиграл и сака се да се заборави. Како тоа да е толку лесно. Јас не би се гушела во таква врска. Залудно е да сакаш да ја обновиш. Врската не се гради само врз основа на љубов. Довербата, искреноста, разбирањето ги нема кај нив. Тој сега само се одмаздува. И до кога така? Додека девојкава да се измачува со вакви работи подобро е да гледа во иднина да не прави пак вака. Никој не сака од него да правиш идиот и потоа со едно извинување се да се реши. Кога и да е тој ќе и речи некогаш за тоа не од што сака само жртва да се прави туку тоа е реалноста. Подобро е да раскине. Знам дека звучам многу песимистички но немам некој подобар совет. Ваквите нешта многу ме провоцираат. Пред да правиш нешто секогаш убаво се размислува. Не направи го па ќе си ја акаме потоа главата од ѕид. Значи доволно не го сакала и не и значел штом тоа му го направила. Ете и заедно се и пак тој не успева да заборави што доживеал. Машкоста не му дозволува толку да се понижи. А од друга страна пак и не раскинува. Тешко на тој што е во ваква ситуација. Многу е комплицирано да донесиш одлука. Не е сеедно.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Те разбирам.
    Но во вакви случаеви има две опции, или да раскине ако неможе да го прифати фактот што таа го изневерила или да го прифати тоа да и прости и да заборави.
    А што вака ако прво и простил па се заедно, па сеа одеднаш пак и го спомнеува тоа :^) не иде така.
     
  5. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу тешко ќе е да прифати најдобро ќе биде да раскине. Голема е таа си знае нека размисли добро за нејзините постапки. Ова се само наши размислувања.
     
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    прочитав ваште денешни постови и двете сте во право, работата е тоа што првото „неверство“ се случи само под ва месеци од нашата врска, кога се уште не го скав дечко ми , второто„неверство“ побрзо би го нарекла насилство. и најголем виновник сенаоѓам во тоа што бев искрена и му кажав, имислам дека тие „неверстав“ донекаде се случија бедејќи и јас смата два пати претходно бев изневерена од двацјза мои бивши дечковци и тоа го дознав отккао раскинавме, да појаснам првиот дечко ме изневери. се обвинувам и затоа дека мојот сегашен дечко не е виновен ниту пак должен да плаќа за нечии туѓи гревови. сепак јас му сум прва женска и ова занего епрва врска, претходната му траеласамо две недели. и сите тие припетии неврсва се случија август и сптември, на крајот на мај ке правиме година. и околу проблемот на дечко ми веќе разговаравме, тој рече дека тој сам ќе си го средел тоа и дека многу ме сака, и дека нема ваќе да ми префрла за неверствата дека ми простил , ама дека не заборавил, ама тоа ќе си го решел сам со себе си. бидејќи пд септември наваму се е во ред во нашата врска освен проблемот на дечко ми кој излезе на површина пред два месеци, се е е во ред, и постојано се разбираме и надополнуваме еден со друг , едноставно се скаме ине можиме еден без друг. сепак дечко ми етој што секогаш ме третира како принцеза, а јас секогаш се трудам да мувазвратам повеќе, и цело време се дтрудам, да го надохнадам тоа што го изгубив. последно кога разговравме, ме замоли само да се опуштам,д ане се стегам и дане сенервирам, дека знај дека го скам многу дека го гледа тоа и дека со тек на време се ке се среди, бидејќи доволно се познаваме ден со друг, а и секој врска е доверба, простувањеи компромис и секако љубов.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    А бе мило зошто она второто го викаш неверство? Мене ми се чини дека ти претерано ги истакнуваш твоите "неверства", и самата се ставаш во подредена ситуација заради тоа. Не значи ако си се бакнала со некого на почеток на врска кога не е ништо озбилно (па вториот месец било, еден бакнеж) не е толку страшно како што го претставуваш и без потреба се измачуваш. Заборавете го тоа, посебно ти, и немој да мислиш дека сега дечко ти има право да се понаша со тебе како сака заради твоето неверство...Си признала, си се покајала, си докажала дека ти значи, тој рекол дека ти простува и прифаќа...и готово..крај...млада си, сконцетрирај се на учење, на матура...таа е еднаш, а љубовни проблеми ќе има... :)
     
    На easyyyyy и Jojoba им се допаѓа ова.
  8. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Епа вака ... пред 1 недела раскинавме и вчера дознав дека тој се гледа со друга девојка, знам и сигурна сум дека ме сака бидејќи на 100000 начини тоа ми го има докажано. Е сега стварно незнамшто да направам и како да се смирам со него премногу го сакам, направив многу голема грешка што на еден мој најверен другар му реков да и пишува на фб да ја покании на кафе поточно да ја смува( бидејќи тој ја свиѓа) ама само така можам да се смириме :( и стварно незнамм што друго да направам се чувствувам глупо и виновна :/
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Маја. Јасно ми е дека те боли, сфатив дека го сакаш, и сигурно уште повеќе те пецка и жуља фактот што тој веќе има друга (веројатно тоа го убрзало процесот на раскинување).
    Но немој да губиш глава, свест а уште помалку достоинство. Немој да правиш финти и сценарија какви што гледаме само на филм. Немој со сила да се обидуваш да го добиеш, затоа што нема да го добиеш :( Мене така ми се гледаат работиве, дека ти сакаш по секоја цена да си со него и точка. Ама љубовта не е ствар на „ЈАС“ туку на „НИЕ“.
    Не знам како си сигурна дека те сака кога сепак не е со тебе туку со неа?! Зарем ако те сакаше ќе дозволеше да не сте заедно?!

    Размисли убаво, јас те советувам да се потрудиш да го преболиш, прави го тоа што те исполнува, уживај, весели се, па да запливаш во морето подоцна по други рипчиња затоа што ги има многу, и навистина, не паѓај ниско со финти од стилот да местиш другари да муваат нечија девојка. Не е убаво и сигурно нема ни самата да се чуствуваш убаво после тоа.
    Мириса на опсесија и очај, а ти така не сакаш да изгледаш нели? ;)

    Едит. Сега гледам дека наскоро ќе полниш САМО 16. Оф пиле, младо си ептен за да се замараш. Ама те разбирам ако е прва љубов, па сега не знаеш што да правиш. Ајде уживај, животот е пред тебе. Ова од искуство ти го вели едно многу постаро коковче. Дупло постаро ;)
     
    На easyyyyy, maja.kostovska и milicka19 им се допаѓа ова.
  10. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Маја и јас се наоѓам во моментов во многу слична ситуација на твојата, иако премногу верував дека ме сака искрено и премногу од себе жртвував за среќна врска, после недела дена од нашето раскинување разбрав дека барал нова девојка и тоа многу ама навистина многу ме повреди, затоа што реално увидов колкава била љубовта од негова страна чим толку лесно поминал на друга, се осетив целосно безвредна и повредена, но мора да се продолжи понатака, нема по секоја цена да сакам до мене да имам човек кој незнае да ја докаже на дело љубовта
     
    На maja.kostovska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Фала многу и на двете <3
     
  12. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192

    Phyramide потполно си во право и се согласувам со се што си напишала само што таа не му е девојка... и да се чувствувам мн глупо и се срамам од моите постапки ама ... :/ касно е :worried:
     
  13. sanjchi

    sanjchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Признавам дека премногу сум љубоморна знам дека не треба да постапувам така но не можам да се воздржам... :( Ве молам дајте некој совет...кажете ми како да ја намалам таа љубомора.... ме уништува!!! :(
     
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Не постои таков човек без љубомора. Освен ако е без чувства. Според мене за да бидеш љубоморен мора да има и некој повод. Поконкретно ти во кои ситуации љубомориш, некако подетално објаснија ситуацијата па да можеме да ти помогнеме.
     
  15. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    и јас мислам ако има љубомора значи има и чуства ама сепак таа да биде умерена не она болна љубомора звонење на секоја минута кај си што си со кој си како си ...мислам дека самата треба да научиш да си ја исконтролираш љубомората значи тоа само може да те уништи тебе а и врската што подоцна ке се каеш...ако некој сака да те извара може тоа да го направи било кој момент а ти во никој случај не можеш да го спречиш значи љубомората никако не ти помага...пробај малку опушти се биди малку ладна и кажи си што биде нека биде...њубомората е најголем уништувач на врската..
     
  16. peperuga91

    peperuga91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Imam decko koj e dosta ubav i popularen.mne devojki mu se pustaat..ne mozam da podnesam..toa me nervira..postojanite objavi na fb so ljubovni poraki i smajlijna :( help
    [mod-kirilica:1cl1l7ou][/mod-kirilica:1cl1l7ou]
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ај биди малку попрецизна, тој како се однесува спрема нивните „љубовни изливи“?
     
  18. peperuga91

    peperuga91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Девојки имам проблем! Идам со дечко ми веќе 5 месеци и бевме интимни. Тој е преубав се бави со мода и има многу професионални слики. Многу девојки му се лепат и пробуваат да ни ја уништат врската. Почнуваат да ми сметаат различните објави на песни со лјубовни посвети,смајлиња и други вакви слични работи,кои секојдневно го исполнуваат ѕидот на неговиот профил?? Не знам што да преземам и што да мислам ????
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ти си го знаела кога си ја започнала врската.
    Имаш сурови два избори, или да ставиш крај и да одиш даље со животот и да најдеш дечко што не е познат,
    или да го прифатиш цел каков што е со сите изјави од девојки и слично и да научиш да му веруваш.
    Тоа е тоа. Зборете си колку ви е сериозна врската, и ваљда ќе знаеш што да правиш понатака. :)
     
  20. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Земи бркај ги со метла и тепај ги :D

    Се зезам , доколку немаш доверба до дечко ти , никој не може да ти помогне.
    Во секоја врска нормално е да има одредени личности коишто ќе се мешаат. Пред се разговарај со него и кажи му дека колку и да се обидуваш да не бидеш љубоморна, дека ти сметаат тие девојки. Или ставете се во врска на фб (можеби ќе престанат тогаш) . Во секој случај немој да бидиш опседната со фб и да бидеш премногу љубоморна, бидејќи на тој начин ќе го изгубиш.
    И дефинитивно животот беше поубав без овој проклет фб , мислам дека 90 посто од денешниве проблеми во врските се поврзани со фб :?: