Завршува со тебе кога ќе му наиде нешто поинтересно во моментот. А ти си му сигурна резерва. Само џабе си трошиш време со него
Ај најди си друг. м? Комуницираш со други машки, или само на него се надеваш? Не се чувствуваш како во затвор, да чекаш на некого да биде со тебе само кога тој ќе сака?
Дали би биле со некој што има долга врска зад себе, дали би би било проблем тоа? Веќе подолго време ме мачи ова, не знам кој пат да го фатам и ми требаат мислења. Имам дечко кој претходно бил во 5 годишна врска од кои 2 години живееле заедно. Причината што раскинале е што таа го изневерила. Откако дознав за ова не сум мирна, милион пати имаме разговарано на оваа тема дури и досадна му станав веќе, тој тврди дека не е битна и дека после тоа што му го направила нормално дека не ја сака веќе. Од нивното раскинување има скоро 1 година поминато, може ни толку, му кажав дека се сомневам дека за толку краток период ја има заборавено, вика нема врска, тврди дека што било поминало и сега му сум јас битна и никоја друга. Од друга страна, цело време си ставаат лајкови, не само тие двајца туку цели нивни фамилии си се имаат по социјалниве мрежи, мајки татковци браќа сестри сите, сите уште се си лајкнуваат (признавам психопат сум што ова го проверувам). Ова ми пречи многу, самодовербата ми е на 0, не знам дали треба или не треба до олку да се замарам со оглед на тоа што тој тврди дека нема ништо и дека никогаш веќе не би се вратил со нејзе, за социјалните мрежи кога му спомнав ми рече дека не ја избришал затоа што така ќе си помислела дека е нешто многу битна. Како вие би постапиле во мојава ситуација, дали би се замарале до олку, дали би продолжиле?
Чим го изневерила, немај гајле. Нема шанси веќе да има чувства за неа. Се' ова што наброја според мене не се воопшто причина за сомнеж во неговата искреност. After all, не мора да се смртни непријатели дека раскинале. Така да олабави се, не се оптоварувај со глупости и уживајте си во врската.
Сите имаме минато и јас би ти кажала да уживаш во љубовта и да пробаш да не се преоптеретуваш да проверуваш лајкови итн. се додека тој не ти даде навистина причини за тоа, и јас порано ко тебе се оптеретував и замарав за ова и сама себе си правев дилеми и проблеми каде што не постојат
Не би требало да ти смета фактот што имал зад себе 5 год. врска, да бидеме реални најсилни емоции, страсти, возбуди има секогаш на почеток на една врска, потоа низ годините сето тоа спласнува, останува довербата која еден кон друг ја изгубиле. Луѓето со долги врски зад себе кои биле изневерени нели заслужуваат повторно да сретнат некој со искрени емоции? Е сега да сум на твое место ова со фб искрено би ме замислило, да тргнам од себе, да би била изневерена после толку долга врска, не би му спомнала ниту име, а камо ли да го следам по социјални мрежи, да го лајкувам, ми остава впечаток ко да сепак сака да знае што прави, со кого се дружи, кај излегува…
Немој да се оптеретуваш. И јас бев како тебе, на која лајкнал зошто лајкнал. Ја поминав таа фаза и сега не ни гледам затоа што имам доверба. Уживај си во врската. Ако биди нешто за да биди, и без да се замараш и ако се замараш ќе биди.
Не е баш љубовен проблем но не знаев каде е најсоодветно да се изјаснам. Излегов на дејт со дечко што долго време се допишував на инста, тој ме имаше адднато уште одамна но сега прв пат почнавме да зборуваме и се беше супер, културен , фин, слични интереси итн. Другарка исто го познава и ми рече дека е океј човек и дека нема да згрешам ако излезам. Излеговме и се беше супер, стварно ми остави топ впечаток и во живо, а исто и јас него,не проба да направи ништо повеќе од муабет на прво излегување што ми се допадна и неколку пати ми рече дека сака пак да се видиме и дека се надева дека нема да прекинеме контакт дур е на одмор. После излегувањето се допишувавме цело време се дур не замина на одмор и оттогаш го снема човекот. Првиот ден ми пишуваше, викаше дека едвај чекал прилика да ми пише и се тоа, но еве сега ден како воопшто ни два реда муабет не сме направиле. Од една страна е на одмор и тоа фамилијарно, па си викам можеби цело време е со фамилија или по плажи а од др страна ми е чудно што ништо не пишува, а не е дека не се уклучува на инстаграм бидејќи отвара сториња. Не знам дали да го прашам нешто во стил "океј сме? Те снема " или да оставам вака па да видам дали би ме побарал он?
Скоро 2 дена, измеѓу имаше безвезе слики пратени само, еднаш јас еднаш он. И јас мислев да не пишувам воопшто, но сепак ме копка зошто така нагло испари човекот без некоја причина.
Можеби слабо има интернет, проблем со телефонот. Или можеби сака да биде сам, да се релаксира. Пиши му ти у смисла "добро си?".
Ама отвора на стори ,и бил онлине Значи има интернет Два дена не се малку Мислам дека е со друштво , инч зашто да не ти пише Пробај , пиши му дали си добро и зошто не се пишите, ако не ти врати до утре значи не си му веќе интересна
Сега прочитав убаво. @sofija014 олади и ти. Дечково изгубил интерес за тебе. Кога ќе се врати немој да изиграваш "последна станица" кога нема каде кај тебе. Заземи си став. Ако си му битна ќе најде начин да ти пише макар на сред северно ледениот океан да се наоѓа.
@sofija014 Само еднаш сте излегле, не мора да сте секој ден во контакт. Не му пристапувај со „Те снема“ или „Ок сме?“ или „Добро ли си?“. Почекај и види дали ќе ти пише. Или ако ептен сакаш да исконтактираш, отвори секојдневен муабет, како е на одмор, како си поминува или некоја ваша интерна тема на муабет и види како ќе се одвива муабетот. Ако почнеш да покажуваш несигурност, само полош впечаток ќе оставиш, колку и да е заинтересиран за тебе. Крај краева, неколку дена се во прашање, нека заврши со одмор и ќе видиш на што си.
@sofija014 Нема потреба за грижи и да правиш проблем од ништо, два дена не сте пишале, а викаш сте пратиле некоја слика. Не сте сеуште во врска, сте биле на дејт еднаш и сигурно не очекуваш да бидете 24/7 во контакт. Не верувам дека оладил, глупости, можеш да му пишеш пример како си врвиш и сл, а не Океј сме? Добро сме?...
Два дена не се ништо, со оглед дека еднаш сте излегле. А и на одмор е човекот. Не мора постојано да сте во контакт секој ден и нон стоп по цел ден, можи сака да се одмори малку. Немој само ти да го напнуваш и да му досадуваш. Јас ова не го гледам како нешто негативно.
Фала ви за советите. Ќе оставам уште некој ден вака, па ќе видам може ќе му пишам општо како е и како му е на одмор. Не ми беше воопшто намерата да му досадувам и да очекувам цело време да зборуваме, туку ми падна чудно работата бидејќи он беше тој што во секоја прилика таму барал начин да ми пише и не знам си што и нагло да го снема. Сепак, ќе испочитувам тоа што е на одмор и ќе видам после што како.
А зошто ти не му пишеш? Не мора секогаш тој прв да пиши. Ете пиши му една кратка порака во стил: "Како си? Како ти мине времето на одмор?", сврзете неколку реченици, колку ете да сте во контакт, а да не е претеран и да се има чувство дека му досадуваш и не го оставаш да ужива. Можеш и некоја слика, мим, песна, било што да му пратиш. Ако пример од мене се очекува секогаш прв да пишувам, ќе мислам дека другата страна не е заинтересирана за мене, и ќе се повлечам, посебно пак и на одмор каде нема да висам на телефон 24/7. Разговорот треба да е двонасочен, ако еднаш едниот пишал прв, после другиот ќе пиши. Не мора сега стриктно така, ама поентата е таа.
Aman be zenski mozno li e 2 meseci odime se sakame premnogu ,i sea neso preterav nas so ljubonora karanici i za 2 dena da oladi ziti se?