Не планирајте брак ако уште од сега имате причини за расправии. Да живееш со некој кој ќе ти префрла секој ден за нешто е катастрофална работа. Одлучете со време дали можете да останете заедно или не.
Ти дозволувам лол?! Добро тате, само 5. Помини преку ова па после барај дозволи за се и сешто додека си жива. Барем се покажал на време, изборот е твој.
Мислам дека си во право, кога сакаш да останеш ќе најдеш 1/1000 за тоа, исто и кога сакаш да заминеш. Тоа не е љубов, ама таа си знае, старите велат очи гледале, очи плакале.
Јас бев во слична ситуација лани летото. Излегов со еден дечко на кој божем многу му се допаѓав, се додадовме на инстаграм, пишевме, се убаво одеше, муабет секој ден, излеговме еднаш и толку. Почна слабо да пишува, јас прашам нешто, тој само одговор, не прашува ништо, се осеќав ептен глупо. Е сега има разлика, викаш сте пишеле и после видувањето, сега не кога е на одмор. Кај мене ситуацијата после видувањето одма се смени, ајде божем да не сум досадна, нападна, пак претпазливо, ама никогаш не спомна да се видеме втор пат. Јас го повикав на кафе, онака на муабет, тој ме одби. И се откажав. Не ме оставаше целосно, отвораше стори секогаш, лајк на слики, пишеше ретко, обично реакција на стори, ама ништо конкретно. После 8 месеци го видов со друга низ град и го избришав. Немав намера да чекам уште, може и многу чекав, ама да се молам за едно "здраво, како си", не, фала. Уште не можам да сфатам што му беше, ама очигледно имало и други поинтересни од мене, па мене понекогаш ми пишеше, може резерва сум му била ако го откачат другите. Не мора да значи дека има друга со која истовремено контактира, ама види, ќе покаже времето. Е сега ако ептен гледаш дека нема реакција, повеќе сте на молење, не сака пак да се видете-батали.
Девојки,би сакала да слушнам мислење од вас...Вчера бевме искочени со дечко ми,кога си отидов дома со му пишав една порака дека сум стигнала,а пред тоа и он ми кажа дека бил уморен и ќе спиел дома.Денес пладнево му ѕвонам да се слушнеме и не ми крена па викам ај може уште спие.Ми се јавува пред 5 минути,си дошол сабајле во 10 саат другар му бил пијан не знам што,сега си искочил набрзина па дошол до дома па пак ќе искачал...Инаку јас секогаш му викам пиши ми бар порака едно стигнав кога се прибираш во 10 саат сабајле чисто да знам дека си стигнал и дека све е океј а и ваљда иам право после година дена врска да знам кога се прибира од надвор? Најлабаво го прашувам на телефон што го коштало да пише една порака пошто јас мислев дека спие а он пола скопје го прошетал,а он само еј немој со глупостиве пијан беше другаров едвај го однесов до дома,сабајле рано станав не знам што...Не знам дали он е у право и дека стварно не треба да се лутам ете коа ќе си дојде сабајле и ќе искочи уште 10 пати а јас си мислам дека спие,или стварно не е океј
Prvo nisto ne go kosta da pise edna poraka koga go odnel drugarot doma Vtoro mislam deka se filmovi ova so drugarot
За варање мислам дека не е,пошо немало ни да ми каже дека се прибрал така касно и секад си лута и останува така али бар ми пишувал/јавувал кога ќе останел...
@Tamarkaa зависи колку време се однесува така. Ако од почеток се поставил и ти толерираш (а ти пречело и не си рекла), сосема нормално однесување е ова за него. Или седни и разговарај отворено, најдобро ќе биде.
Ne spomnav varanje, Mozda mu e nekoj trip deka taka go kontroliras pa ne saka da kazuva kade e so kogo e ili da se javuva tamu sum vamu sum dojdov iskociv, sepak ti najubavo si go znaes od pocetokot kakov bil
Како да оладил малку во врската и да не го привлекуваш повеќе. Дај боже да грешам, ама натаму оди ова. Ако направи така уште еднаш, седнете и разговарајте и види што ќе биде. Или ќе оди или крај.
Ех, не ја плаши до толку за да размислува уште од сега на раскинување. Може имало нешто друго, може не, затоа нека разговара.
Ако вака се однесува уште на почетокот тогаш све е јасно,треба да поразговараш со него што е работава Зашто да не ти остави една порака па рекол ќе спие ,да спиел досеа немаше да појди туку ќе спиеше ама ми се чини дека е наместено ,се дог вие да изл после ќе спие а уствари се има дог да излези со другарите или со девојка Види ,пробај да разговарате
Можеби не сакаш ова да го прочиташ ама најискрено врската ви е готова. Нему му е сеедно дали ќе му пишеш или не, дали ќе те слушне или не, дали ќе се видите или не. Ако не ти се верува престани да му пишуваш, ѕвониш иницираш средби и ќе се увериш самата. И колку и да ти е тешко што поскоро си расчистиш толку подобро. Боље болан крај нек бол без краја. - Хари Мата Хари (Азра)
@Tamarkaa ми беше позната од некаде и ти ги разгледав мислењата. Дечко ти има многу испади а ти толерираш. Не зборам конкретно за ситуацијата туку за сите заедно. Ќе прогледаш за сите работи до сега низ прсти се до следниот проблем. Има црвени знамиња, многу. Натака ти знаеш.
Може не се работи за неверство, ама ова ми е стварно детско однесување. Викаш ти ѕвонел, па ти пишел пораки па после една недела да, друга не. И тебе ова во ред ти е? Мене искрено не ми е. Ако сме во врска, комуникацијата е клучна, без тоа ништо не правиме. Исто како членката што кажа, и јас те читав и не е првпат тука да се пожалиш, многу трпиш, а еден ден и тоа ќе заврши и ќе ти пукне филм . Има многу црвени знаменца, не е редно да направиш нешто? Цени се себе си, вредиш многу повеќе од тоа, немој да попушташ се и сешто, има работи кои што можеш да прегледаш низ прсти, ама има и лимит.