@Fallen220 јас па многу добро те разбирам. Идат и такви години кога не ти е до дејтање веќе туку до создавање нешто, стабилност, иднина, семејство. Јас имам 27 и се чувствувам баш така. И исто како твојов случај, другата страна абер нема за тоа. Сепак, вие сте млади и гледај дали ти е добро во врската. Ако е се' во ред, не се замарај со вакви размислувања и најважно, не му спомнувај многу за таа тема ако не му годи да не испадне го напнуваш.
И што ако ти бил сигурен кога гледаш како сте завршиле? Таа "сигурност" ништо не вреди. Сакам да кажам, од искуство, работите што ми изгледале најсигурни секогаш ме з*ебувале на крај.
pa raskinavme zatoa sto posle nekoj period vekje ne ni odese, a ne deka preku nokj ni straknalo da ja prekineme vrskata. Ako i so ovoj ne odi podolgo vreme normalno kje stavam kraj, ama posto nisto ne mi sigurno so covekov moze utre slucajno da se razbudam single.
Дали според вас е океј партнерот да ви каже само дека излегува и го нема пола ден, и послем ви пишува дека бил заминат во друг град, без да каже, без ништо, уште пак се лути кога кажувам дека тоа ми смета што не ме известил? И не се случува ова прв пат, се случило и порано да си ги менува плановите како му одговара, пример се договара со мене, па одлучува да излезе, па мене ми касни, додека јас го чекам... Или пак кажува дека ќе дојде во тоа и тоа време, отприлика, а касни со часови и го нема никаде, ниту да се јави, ниту да извести? Не сакам да сум премногу посесивна, ниту да контролирам. Ниту го барам кога е излезен, почитувам приватно време и му давам слобода, и сум била среќна кога и он е среќен и се дружи, излегува, ама од човек кој е во сериозна врска, зар не треба бар да го извести партнерот за тоа каде оди, и кога ќе се врати и да си стои на договореното? Кажувам дека оваквото однесување ми смета, и не ме разбира, или не сака да ме разбере, туку ме напаѓа мене и обвинува. Дали јас грешам некаде и премногу барам?
A што очекуваш ти да каже, дека ТИ не планираш да се венчаш и да имаш деца? Овие одлуки се индивидуални, и за да успее врската битно е двајцата партнери да размислуваат исто, не е нешто за што треба да се прави компромис. Е сега, тоа што во моментов дечково не сака да се венча и да има деца, не значи дека исто ќе се чувствува и за 2-3-5-10 години. Можеби со тек на време ќе му се сменат ставовите, можеби нема. Ако не ти е доволно тоа што може да ти го понуди во моментов, подобро прекини и барај партнер со слични ставови како твоите.
Да речеше дека мора да те известува кај оди, што прави ќе речев дека не си во право, затоа што иако сте во врска тоа не значи дека мора да знаеш што прави и кај оди. Но кај тебе има друг момент, тоа што се договарате, па тој исчезнува, го нема, ниту пак те известува каде бил за тоа време, зошто каснел. Не можам да кажам дека тоа е во ред, се однесува како да не си му важна, а се друго му е поважно. Не си параноична и во овој случај имаш право да се лутиш, не си ти кукла па да се однесува тој како сака. Ми изгледа на неодговорна личност што го не почитува туѓото време и мислење.
Ова е во врска, а што понатака кога ќе имате брак пак истото ќе биде? Не сака да биде контролиран нормално никој не сака ама тоа идење во друг град рашетување како него што му текнало и не се замара му е еден голем минус. Во врска сте и тоа е нормално да знаеш ти со кој е и кого е, да сте во отворена врска е сосема друга работа али вака не е океј од негова страна.
Не ми е во ред такво однесување. Посебно не е во ред што не доаѓа тогаш кога ќе се договорите туку многу подоцна и што ти менува планови. Не го почитува ни твоето време ни тебе. Не може така, кога и како што нему му одговара. Видел може така да прави и убаво му е, си тера. Не е за толерирање до толку забегување, мене би ми сметало и не би можела да продолжам во таква врска. Ако не си се прибере...
Вака девојки: Да ви каже Дада Бубаче нешто Никогаш ама баш никогаш не можете да биде сигурни дека секоја врска е стабилна и сигурна. Никој не може да предвиди дали со некого ќе останете до крајот на животот. А за другата членка, се додека на почетокот не ги поставувате границите и се согласувате на сѐ само за да не го загубите партнерот,подоцна на површина испливаните работи тешко се поправаат.
Не знам како се уште не можете да ја разберете @Fallen220, кога толку убаво ви објасни што конкретно е нејзиниот проблем. Ниту и се брза за брак, ниту бара некаква гаранција за врската. Едноставно сака да знае дали човекот со кој што е моментално, замислува иднина со неа. И тоа е сосема нормално. Кога вложуваш години во некој, не го правиш тоа бесцелно нели? Се надеваш на заедничка иднина. Гаранција не е ништо и не може да биде, ама во најмала рака очекуваш партнерот да го сака истото со тебе, инаку зошто воопшто би биле заедно? Точно е дека се се уште млади, но и јас би сакала да знам навремено ако воопшто не планира ни во брак да стапува, а посебно ни деца да има. Нема компромис кај толку сериозни прашања, а би биле огромен проблем во иднина. @Fallen220 Разговарај. Во врската треба да сте опуштени и да можете да разговарате на било која тема, без едниот да мисли дека му се прави притисок за било што. Нормално е да си ги знаете желбите и плановите за во иднина.
Не е баш нормално да очекуваш дека некој ќе ти гарантира за 10 години од сега дека ќе биде во брак со тебе . Сепак млади се на 23 ретко кој размислува за брак , за некого план за иднината е нареден месец да оди на викенд во Охрид со партнерот , а не дали ќе се жени деца или слично
Од машки аспект еве мислење, можеби во прашање е и коцка или криминални активности, не мора да е секогаш друга девојка во прашање, па има нормално не кажува каде и со кој оди.
А да кажам една ситуација која се деси пред некое време. Беа дечко и девојка со озб врска и од исто село се, скоро 8,9 год одеа а дечкото ја чекаше да биде таа спремна да ја запроси за жена. Таа му викаше не сега, за некоја год ,не и не а тој нормално ја чекаше ја сакаше многу. И на крај што се деси таа го остаде и гледам со друг дечко ,таа е млада има 26 год а бившиот дечко 32 год (Може и обратно да се деси) И дали тоа е нормално после толку год да ја чека, све и правеше да биде све океј и после то изгубејќи го потрешеното време . Членката не и се брза да се мажи, едноставно сака да види дечкото дали има желба да гради иднина со неа за некое време или пак воопшто не сака брак,жена или само ќе ја искористи. Додека е млада најубо е да си разговара со него, дека не се брза само онака чисто си прајте муабет, а тој да биде искрен а не да одбеѓава тема, океј тешко е да се одговори на таа тема не знаеш кога си спремен зависи со ситуацијата,дали оди на работа за да има пари и за свадба и за деца и за куќа и све то. Но сепак може конкретно да одговори колку да знае таа дека тој ќе биде со неа или типот воопшто неќи во ништо освен врска или забава. Затоа додека сте млади, разговарај си а да не биде под притисок. Сега во денешно време све е можно и да се деси развод во брак. Така да ,секој со среќата.
Кој рече дека бара гаранција од него? Баш затоа и потенцирав дека гаранција не е ништо и не може да биде, доволно е со некој да имаш исти погледи за во иднина, а сите посериозни разговори ќе си дојдат кога ќе е време. На крај краева не знам како може некој кој е во долга врска, да се плаши да разговара со партнерот на било која тема. Можеби тој воопшто нема ни размислувано за брак и деца и нема став, додека таа го анализира неговото однесување, наместо да го праша искрено како размислува.
Јас на 23г не мислев вооошто на брак, на памет не ми паѓаше, не пак некој да ми спомнеше такви муабети ќе избегав. А машко пак на 23г е далеку позелено од женско. Не знам јас да правиш планови како по 5год ќе се земиш и слично, кога тие се најубавите години да уживаш, шеташ и слично. Друго е на +27 веќе да зборуваш за тема брак. Јас поинаку сум размислувала пред две години, многу поинаку сега. Ама на 23год да очекувате од машко посебно да прави планови за свадба, деца? Не би рекла.
Годините не се во прашање , доста има и на 18год и поќе се женети и мажени Ти кажуваш за себе а не кажуваш за членката Секој има право на своја одлука,свој живот. Ние немаме право да и кажиме на членката а бе рано е или кој размислува на 23год за брак. Едноставно дај и конкретен совет. Членката убаво си кажа нема желба брак ама сака да знае дека тој ќе биди со неа дека гради иднина со неа чисто да знае , затоа што можеби тој ќе ја искористи како забава или онака а типот да неќи воопшто да одговори на таа тема , може да одговори сакам со тебе да градам иднина,брак ,деца но за некоја година а сега не сум спремен но здравје ако биде све океј ама тој одбеѓава не и одговори , тогаш не е искрен со неа. Во врската треба да се биде искрен и без проблеми. Тоа е мое мислењe.
Не си посесивна и не е тоа контрола, туку е нешто нормално во една врска. Типот не те цени тебе и твоето време со постапките што те остава да чекаш во неизвесност со часови.
Тој не мора ни да мисли на брак, ниту да има посебно оформено мислење за тоа, ама се додека таа не го праша искрено, нема ни да знае за што се работи. Можеби знае што сака, можеби не. Можеби има размислувано, можеби не. Можности колку сакаш. Не вреди да се оптеретува со нешто, каде можеби нема ништо. Затоа се разговара. Затоа врската е составена од двајца и за секоја дилема се седнува и се разговара и се прашува.