За некој е океј на 18год, за некој не е ни на 28год, индивидуално е. Посебно кога зборуваме за помлади машки, кои покасно созреваат. Можи тој да ветува од сега брда долини, а шо по некое време или години се скараат. Наместо да ужива во врската, ако и е убаво со него, таа се замара за нешто кое не можиш да го планираш од сега како шо мисли таа. Не треба форсирање на работите, ништо нема гаранција. И погоре исто си го кажав моето мислење.
@Fallen220 те разбирам што сакаш да кажеш, затоа што е убаво да правиш планови со дечкото за во иднина. Без разлика на годините, едноставно чувството е убаво. Кога си со некој подолго време тој муабет очекуваш сам по себе да се појави па дури и низ шала. Тоа не значи дека утре ќе те бара за жена, туку убаво ти е со тој човек и се гледаш со него во иднина. И мене би ми било непријатно доколку дечко ми ме пресекува секогаш кога ќе спомнам за нешто во иднина. Би ти рекла добро да размислиш што ти сакаш. Ако тебе ти е потребен човек кој планира, барај таков човек. Едноставно овој дечко е од оние кои живеат ден за ден. Тоа не значи дека тој нема да се ожени, едноставно кај него работите се случуваат во моментот. Ако тебе ти е потребен човек кој и кога ќе се земете ќе кажува досетки/планови за вашата старост, најди си таков човек. И не вели не на годините. Среќата никогаш незнаеш каде ти е. Може и нема да треба да ја бараш. Може таа сама ќе ти дојде. Во врска со она што ти го пишаа членовите. Дека џабе се планови ако немаш дела. Тоа е така. Затоа што може во иднина да ти се погоди човек кој е ќе речам слаткоречив и ќе зборува се она што ти сакаш да го слушнеш. Ќе мислиш дека е стабилен, ќе чувствуваш сигурност, за на крајот ништо од тоа да не излезе. Нема правила. Но едно е важно, ако ти не се чувствуваш сигурно во врската и не го сакаш тоа чувство, млада си продолжи понатаму. Дечкото ако не може да те сфати и не сака да те сфати, ако одлучи да не прави ништо за да остане со тебе, тој не бил за тебе.
@Bitter-Sweet @Kikiccc @Annora @kolovoz Од збор до збор се согласувам со напишаното. Благодарам за разбирањето и советите.
Ова никогаш не сум го сфаќал, млади треба да шетаат и уживаат. Во ред сето тоа како теорија, но во пракса нешто и не познавам раја која нешто шетала по Индија и Кина во свои 20-ти, чисто ради немање кинта. Подобро е да се ужива во стабилен и искрен однос со жена отколку да се "ужива" 7 дена во некое грчко село или Дојран, па пред кладиона и биртија. Од она што сум доживеал, не сум имал поубаво искуство од тоа со мојата љубов во за жал, минатото и пред трагичните настани, а имам работено и патувано по икс места да напишам нема да ми верува никој каде све не сум бил во тој номадски период на кој од денешна гледна точка гледам како на изгубени години, ништо никаде, малку привикни се на едно место, работа те носи на друго, само лутање.
Единствено треба да се разбере дека не може некој да ти ветува нешто што и самиот не знае дали го сака. Не сите знаат што сакаат од животот во одреден момент. И како тоа врската си ја сфаќате "вложување години во некој"?! Сѐ додека гледате на врските како инвестиција која треба да ви донесе добивка, треба да знаете дека некои инвестиции може да резултираат со загуба. Сигурно и дечкото го осетил ова и се сомнева дека калкулации се во прашање за да се постигне одредена цел, а не дека членката искрено сака да биде со него и заради неговата личност. Оставете калкулациите и уживајте во животот. Имате време за мажачки и нема да останете стари моми ако работите понекогаш се неизвесни и несигурни.
Ама и' кажал. Јасно и гласно кажал дека не планира да се жени и не планира да има деца. Може она пак да праша директно дали е сериозен во врска со тие ставови, ама ништо повеќе од тоа не може да направи. И да, ова е една од ретките работи во една врска/брак за кои не треба и не смее да се прави компромис.
21 имав кога почнавме врска со маж ми. За еден месец наполнив 22. По 3 месеци, сигурна бев дека сакам со него да го поминам животот. Зошто? Еден Господ знај. Имав претходно врски и никогаш до тогаш и никогаш од тогаш не сум ни помислила со некој да бидам вечно.
Никој не бара ветувања. Кога си со некој, очекувано е тој некој да гледа некаква иднина со тебе, во спротивно зошто сте заедно? Многу е просто, вложуваш години во една врска бидејќи го сакаш човекот со кој што си и сакаш и понатаму да бидеш со него. Какви добивки и калкулации? Што се не ќе прочитам Затоа долгогодишни врски завршуваат неславно, од тоа уживајте млади сте. Наместо да се разговара со партнерот, се потиснуваат многу работи, за на крај да ви се разидат патиштата, бидејќи не сте се разбрале добро кој што сака и колку воопшто се поклопувате со желби и планови. И да не знаеш што сакаш во моментот е океј. Ама и за тоа се разговара. Дефинитивно, баш затоа сметам дека е подобро да се разговара благовремено отколку после десетици години заедно. И кажал да, меѓутоа членката тоа го нафрли во една реченица, па ајде да кажеме дека не знаеме колку бил сериозен. Секогаш може повторно да праша, наместо да анализираме на форум што и како дечкото размислува. Јас потполно ја разбирам, меѓутоа освен со него, ова не може да го реши со никој друг.
Баш заради тоа, си ветуваат тоа што не можат да го исполнат, затоа што на 22 години си друг човек отколку на 28,29, не сите сакаат животот да им биде мапиран и предвреме одреден. Кога си млад и надежен, сите соништа изгледаат како можност, те уверувам дека на сите бракот не им е сон. Да, разговор може да помогне ако не друго да видат кој што сака па да одлучуваат што понатаму, исто така може и да одмогне, колку што прочитав една година и не е некоја долга врска па мора сега одма да се врзуваат, плус и двајцата имаат по 23 години, па тој период повеќето сеуште летаат со главите.
Нема потреба од никакви ветувања, тоа е тоа што сакам да го кажам. Доволно е да знаеш дека човекот кој е со тебе и понатаму сака да биде со тебе. Секако дека со тек на време и плановите се менуваат и желбите, па и луѓето. Секако дека со созревањето можеби ќе ги смениш размислувањата, ама зборуваме за сегашниот момент. Која е поентата да бидеш во врска ако не гледаш иднина со некого? Тоа не значи дека по дифолт животот ти е одреден или дека работите нема да се сменат. Не можеш никогаш никому да ветиш дека по 2-3 или 20 години од сега ќе бидеш со него. Можеш само да ја имаш желбата да бидеш со него, сега, во овој момент. Како поинаку од ова да објаснам, навистина не знам.
И јас ве сфаќам, но во конкретниот случај членката бараше совет како да биде сигурна во партнерот и заедничката иднина. Логично е ако тој не сакаше да биде и досега со неа па ќе ѝ раскинеше, нелогично и нефер е да бараш гаранција на 23 години кога и ти самиот не можеш да гарантираш за себе. Или дечкото му е за забава и пролазна врската, па затоа и не дава знаци на посветеност гаранции не знам ти што, или таков си е човекот, живее во моментот и не сака да му се прави притисок за иднината.
А не знам што толку ја критикувате феминката. Знаеме сите дека сигурност никој не гарантира, ете прашала и? Ако вие замислувате поинаку, таа замислува подруго. @Fallen220 мислам дека бараш совет на погрешно место.
вистина е ама игра е .. пак ке пукни... со тој што треба да си заедно за врска или повеќе нема да имаш потреба од игри ни ти ни тој ...
Ако некој стварно те сака, откако ќе види што губи и дека му фалиш се повеќе и те како ќе биде загреан откако се" оладил" претходно.
Да се надеваш на ова, само ќе си го одолговлекуваш страдањето. Колку побрзо се соочиш со болката и го прифатиш крајот, толку посигурно ќе излезеш од врската со крената глава и зачувано достоинство, и тоа многу повеќе вреди отколку да чекаш некој пак да се "загрева".