Епа не те сака. Тоа е. Не можеш со сила ништо. А тоа што збори наоколу за тебе е негов проблем и негово понашање. Сега е тазе и интересно му е,со тек на време ќе престане,ти до тогаш ќе си најдеш нов дечко кој ќе те цени и почитува.
Не е најдобриот за тебе. Ти си се навикнала на него и затоа ти е тешко, а повеќе го сакаш таков каков што е тој во главата твоја отколку тоа што тој реално е. Не ја гледаш вистинската слика. Кога ќе отвориш очи, ќе затвориш срце (за него). Сега е обратно...
Девојче ти претпоставувам дека си млада, имаш пред тебе момци да бираш а не да се заглавиш извини на зборов за некој шупелка како што го опишуваш, читнав погоре многу лош совет ти дадоа дека многу брзо си легнала за некој кој го знаеш еден месец зар уште има вакви мислења кои датираат од турското?
Ние кога ти викавме немој не е за тебе, ти розеви наочарчиња си носеше епа сега трпи си ги последиците. Свесна си дека не е океј вака да ти прави а ти после сѐ уште го сакаш, фаза е, ќе ти помине.
Тагни ме ќе ти објаснам зошто и го пишав тоа,немој вака индиректно педерски е. Како прво врска од месец дена не е врска. Повеќе е врска без обврска, второ со првиот таа кубеше коси,исто вака беше. Кога веќе знаеш дека ќе е исто, зошто истото го повторуваш два пати??? Не е ни важно дали од прва ќе му легне или од втора,но за месец дена нема шанси да створиш мислење за некого. Месец дена се гледаат,месечината и ја симнува и после односи ја гура од себе,ја вреѓа. Тоа не е во ред. Јас не велам дека она е крива туку велам дека сама си дозволила. Сама бидејќи ниту била ладна него била грч загреана за него па си живеела во филм а тој ја видел дека е загреана и наивна и си сфатил колку е саат. Еден месец е премал период да му се препуштиш некому.
Majka mi ne sakam da ja nervirwm ama ke mi rece, samo ne se zwmaraj ne moli ona tkaa vikaa...Kje si najdes drug, a drugarki vise im skurciv...sakam na psiholog da odam ali so ljubovniov problem da ne, mi se smeat samo ..so ke recam me ostavi, mi go skrsi srceto
Како не ќе ти се смееле. То им е работа. Да слушаат туѓи проблеми. И нема 'банален' проблем. Сите различно доживуваме, различни искуства. Ич да не ти е срам. Ти гарантирам со глава дека нема да кажеш ништо што не чуле претходно.
Не е никаков проблем што "брзо" легнала, проблемот се очекувањата што ги имала од тоа, кои очигледно не се совпаѓаат со неговите. @Maja015 твојот проблем е што упорно "си ја бараш среќата" во маж и затоа идеализираш и романтизираш вакви клошари и се врзуваш емотивно за нив. Тие тоа го приметуваат и твојата очајна желба да бидеш сакана те прави лесен плен во нивни очи. Нема ништо лошо во забава, во флерт, во дружење, па (доколку тоа го сакаш) и секс без обврски, не мора во секој што ќе ти посвети трошка внимание да гледаш потенцијал за "вистинскиот". Работи на себе, стекни самодоверба, откриј што во животот ТЕБЕ те прави среќна, научи да се сакаш и цениш себеси и ќе видиш како после некое време ќе ти се сменат и критериумите за вистински маж и ваквите нема ни на поминување да ги погледнуваш.
Апсолутно неточно. Не викам дека нема и такви случаи, ама до степен на генерализирање не се. Куп парови познавам што се заедно со години, некои во врска некои во брак, а имале секс рано во врската или и пред да се официјално во врска. Ако двајцата партнери се зрели и со исти очекувања, дали ќе имаат секс во првиот месец или после година дена не прави многу разлика. Тие кај што "пребрзото препуштање" води до крај, ставаат крај не ставаат крај ради самиот сексуален чин, туку затоа што иницијално со различни намери и влегле во врската.
Овде не станува збор за зрела врска,не го врти муабетот. Ти ако сакаш и на прво здраво легни со него,но не ги советувај другите тоа да го прават,особено не со некој што не го знаеш доволно.
Јас никого не советував да легне со било кого. И од кај знаеш колку долго го знаела пред да бидат во врска? Не спомнав зрела врска, спомнав зрели индивидуи кои развиле врска без оглед на тоа што имале секс „рано“ според некои твои критериуми. Нит реков дека е така правилно, нит дека е твоето погрешно, само реков дека самиот секс не е причината што врската помеѓу двајцава е таква каква што е. И ти не легнувај со некого и после 2 години врска ако сакаш, ама не осудувај некој што легнал порано. Јас лично не го осудувам ни едното, ни другото, се' додека тоа е направено затоа што вие така сте сакале, а не заради притисок од партнер или општество. Секој со своето темпо и секој со своите сфаќања. А патем, и во легнување на прво здраво нема ништо страшно доколку и двајцата партнери се океј со тоа и се на чисто со очекувањата што ги имаат еден од друг. И не, не ти викам да одиш да легнеш со некого на прво здраво.
Што се расправате, членкава уште пред некое време на секоја можна тема напиша за типов и сите и пишаа на крај како ќе заврши нејзината ситуација, ама таа упорно си тера по свое. За џабе совети и давате.
Аман бре. Ако човек даде контра мислење одма осудува. Мислам многу претеруваш… на крај краева секој си прави како сака. Инаку,мене совети не ми давај,доволно сум искусна и зрела и знам како да постапам за разлика од тебе каде скоро секој одговор на мислење ти е “Апсолутно неточно”. Да не должиме повеќе безпотреба
Не ти давам совети, скраја да е. И јас истото го велам, секој си прави како сака. Се' додека со тоа не наштетува некому, нека си тера како мисли дека треба. Не ми е намера да се расправам Бубаче, не знам зошто секое мислење со кое не се согласуваш го сфаќаш како личен напад и веднаш тргнуваш во контраофанзива, ко она „ти ако сакаш и на прво здраво легни со него“ или „доволно сум зрела за разлика од тебе“. Мислам... нешто требаше да ме навреди/повреди тоа? Надраснати ми се тие ствари. А моето „апсолутно неточно“ се однесуваше на твоето тврдење дека имањето секс рано во врската секогаш води до крај. Затоа што знам и познавам примери што го негираат тоа тврдење. Инаку, you do you, немам апсолутно ништо против тоа, баш напротив. Толку од мене, имај убав ден.
Добро,ми се запна ко стап за гз. Во ред е кажа, моето вакво,твоето онакво. Да му е страв на човек да каже нешто,совет да даде одма секаков е. Стандард на форумов,ништо ново. Чил аут
Не се работи дека не те става во предвид, или дека нема чувства за тебе, туку смета дека не е време. Некои работи не може човек пред време да ги планира колку и да сака, како на пример бракот. Кога имав 20 години имав дечко постар од мене 9 години, со убава работа, тој од негова страна се што зацртал си остварил и уште првите месеци ми зборуваше постојано за брак, да се земеме, заедно да живееме.. Мене ми скисна искрено, не дека не го сакав, го сакав ама немаше шанси да се омажам на 20 години во прва година на факултет. Не можев да го издржам притисокот и му раскинав. Ниту сте престарени, искрено мислев дека сте 40 години, мене не дека 40 ми е старост, туку од аспект на рагање деца па да се брзате. Уживај и не си стварај притисок во твојата глава. Инаку не им фали ништо на тие што бркаат дечко на 30 години, освен што се позрели и многу повеќе се ценат себеси. Јас се омажив на скоро 30 години по 7 години врска, морам да признаам дека порано ни на крај памет не мислев. Некои може после еден месец врска. Работите некогаш не идат по план.
Ми треба совеет дечкото со кого се гледам веке месец ипол е многу ладен (не сме во врска) многу е исплашен да не биде повреден и не се отвара воопшто јас го сакам и сум предобра личност сакам да го стопам мразот во него, и јас се плашам од разочарување ама не сум ладна за да не му здосадам Знам дека е краток период баш затоа сега е моментот да сфати каква сум не знам што да зборам да му го стоплам срцето а да не бидам откачена инаку до сега сум била со момци кај што јас сум доминирала а овок е спротивнп и стварно не знам како понатака хахах