Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.712
    Пол:
    Женски
    А што треба да направи за да биде скроз "отворен"?
    Мислам дека не е заинтересиран да биде со тебе.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Ти рече дека е исплашен, или ти така си го тумачиш?
     
  3. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Става статуси да не веруваш никому ми има кажано дека многу го повредиле и дека прво сакал да ме запознае па да биде во врска со мене
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Кажи му дека и ти сакаш да го запознаеш, пред да сте во врска.
    Двонасочно е запознавањето, не еднонасочно.
    Не може тој само да купува, а ништо да не продава.
    Себично е.
     
    На crimson, Nausicaa, SexiLy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.472
    Допаѓања:
    12.282
    Пол:
    Женски
    Ќе биди се. На некој му треба повеќе време да се опушти, на некој помалку. Остави времето да покажи. Биди си и однесувај се баш онака каква што си. Ако му одговара супер ако не, тоа е не можиш да се смениш. Ако сака да биди со тебе самиот постепено ќе ти се отвори без притисок и брзање
     
    На Izaabella, Cosmic Girl, Waverly Raven и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Veta

    Veta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    2.911
    Пол:
    Женски
    Можеби грешам ама не ми мириса ова на добро затоа што и јас имав таков случај, отпрвин ми се јавуваше или ќе пратеше порака, следна фаза беше дека имал итни работи изумил, а исто цел град го вртеше (јас другиот ден дознавав, ајде и тоа небитно ќе речеш), после се почесто го чуваше и тешеше другар му, а кого вистина тешел не разбрав.
    Сите тие знаци водеа кон крај. Тешко е да се прифати, ама тие се тие ситни знаци по кои се препознава дека нешто не штима за понатаму.
    Јас ставив крај и пак бев таа шо измислува, си прави филмови и слично..

    Ти посакувам среќа и Дај Боже да не се тие знаци
     
    На cresa-jagoda, Аничкаa, Ivka~ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Не е најсоодветна темава бидејќи не е љубовен проблем ама не знаев каде да го поставам прашањево на друго место.
    Почнав да се гледам со еден дечко без обврски. Го знам долго но јас дека бев во врска не го ни забележував, не му имав одговорено на пораки одамна, скоро јас му пишав. И двајцата сакавме да се гледаме кога ќе можеме, без постојано слушање, пишување и гледање и без никакви обврски. Тоа ни одговараше на двајцата. Неколку пати го фатив дека ме лаже за банални работи ама дека не се однесуваше на мене некако не му дадов значење на тоа. Тоа лажење беше се поголемо и повеќе дури до таму да измислува цели приказни. Неколку дена пред тоа се договоривме да се видиме вечерта и ми кажува сабајле тргам на одмор не можам. Мене да ми кажува дека е на одмор некаде а на фб да става дека е на работа. Кога го прашав зошто ме излажа за одморт ми рече многу бил заморен. Мене да ми кажува дека славеле што добил снаа од брат а на фб означен со колегите од работа (а брат му нема ни девојка, барем не во јавност, го познавам и плус го имам на соц мрежи). Мене да ме лаже дека е на одмор и затоа не можеме да се видиме и упорно ми пишува и ми праќа слики кои ги ставил на фб од одмор пред 2-3 години. Решив отворено да го прашам зошто ме лаже. Секако кажуваше глупости како оправдување. Се договоривме да се видиме и он мислеше дека ќе имаме секс како и секој пат јас му кажав мора да збориме во 4 очи. Мислев ќе се засрами ама не. Му објаснив убаво дека не ми е гајле што прави во приватен живот, дека убаво се договоривме зошто се гледаме ама не може така да ме лаже и прави будала. Без разлика кој што ми е во животов мене ми е ненормално такво лажење. И кога почна да збори ние не сме во врска ти мене да ми кажуваш како да се однесувам. Јас се запрепастив од ова. Сега не сфаќам јас сум ненормална или што се случува.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Нормална си ти, тој е патолошки, или компулсивен лажго.
    Мој совет: Батали го.
     
    На Luna91, crimson, Trxmx и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Ау таквите што лажаа батали ги , тој не знае што сака а сигурно само секс друго ништо...
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Искрено ако е врска без обрска, незнам зошто би се правдал каде бил.
    Да, глупаво е да лажи, ама па и нема причина да ти кажува што прави, кога се гледате само за секс.
    Ако не сакаш да те лажи,можи да прекиниш кога сакаш.
     
  11. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Што има да сака друго кога се гледале само за секс, без никоја друга обрска?
    Не се во врска
     
    На deskarada, cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  12. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    А не се во врска и само се гледале а таа очекуваше друго и се надева на друго..јбг
     
  13. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Јас ниту го прашав што како му се случува во животот ниту сакам да ми се правда тој сам сакаше да ми кажува ама ништо од тоа не е вистина и плус се тоа е преочигледно и со докази како да објаснам не знам. Посебно премногу језиво ми беше кога, ми пиша демек е на одмор и ќе ме бара да се видиме штом се врати и ми прати слика од одмор од пред 3 години како демек моментално е таму а истата тој ден на фб ја споделил како спомен од пред 3 години. (facepalm)
    Јас на пример ништо не му кажувам за себе ниту го интересира ниту пак сакам да споделувам со него за мојот живот освен кога ќе се слушнеме и видиме она стандард како си и тоа е тоа.
     
  14. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Па тоа не го кажа, ама така изгледа е по муабетиве.
     
  15. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Па него сето ова му е за забава сигурно па и така лажи.
    Ако не сака да се видите наоѓа изговори, па макар и биле лага.
    Јас вака разбрав, ти си знаеш најдобро дали е така или не.
     
  16. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Па и мене ми е за забава одвреме навреме кога ќе ми текне.
    Еднаш се случи ова за лажење за одмор инаку ме моли цело време да се видиме. Добро ај настрана тоа, да речеме наоѓа изговори за да не се види со мене ама зошто ми пишува дека добил снаа и тоа слават сега а на фб означен со колегите негде на забава/прослава. Зошто? Која е потребата од тоа. Мене тоа ми е премногу језиво и ненормално.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    И да е само за секс, многу е глупо да се расправаш со некој недоветен.
    Ќе ти го 'паѓа' и и сексот ќе ти се одмили.
     
    На raww, AAKG, Гладиоли и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Му се игра па најде со тебе да се заебава и не знае поинаку да те лаже ,мисли глупава си ама не си.
    Мислам дека очекуваш друго од него но сепак додека тој така се понаша батали го. Јас тоа би го направила
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Е баш така се осеќам како што пиша, баш да ти се одмили.
    Ти му велиш мене не ме интересира што правиш тој ти вели не сме во врска за да ти се објаснувам.
    Инаку не се гледаме веќе, тоа е премногу за мене. Мислев има шанси нешто да се смени ама не.
     
    На buba4e89, Гладиоли, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Стварно не очекувам ништо повеќе од тоа затоа што ниту ми се допаѓа за врска ниту пак е тип со кој би можела нешто озбилно да градам. Очекував само нормален однос помеѓу две возрасни особи.
    Прашав во темава бидејќи не можев ни да замислам ваков однос од некого.
     
    На Annora и WildMk им се допаѓа ова.