Мене вакво однесување ми е језиво. Премногу. Зашто да лаже, да смислува секакви приказни и да се бламира кога имаш докази пред очи дека не е така. Подобро издржи некое време без секс дур си најдеш некој нов отколку да се замараш со ваков лик.
Не се објаснувај. Бившиот ми беше таков. За апсолутно непотребни работи лажеше. Така му работи мозкот. Патолошки лажго.
Очекуваш почит и разбирање од некој кој те гледа како секс дол??? Тропаш на погрешна врата. Во твои раце е дали ќе продолжиш или не.
Абе глупости на квадрат! Демек ако е само за секс, треба да се понашаш ко со стока? Основна човечка учтивост треба да имаш.
Прекинав уште одма кога се случи ова бидејќи немам апсолутно никакви чувства спрема него така да тоа не ми беше тешко. Само сакав да слушнам/прочитам и други мислења зошто искрено првпат се соочив со личност која се однесува вака. Ви благодарам на сите за мислењата и советите.
Е треба, ама ете. Луѓето треба да сфатат дека никој никому не е должен ништо. И кога некој не ве третира како што треба заминете. Не му кажувајте како треба, не молете, не прашувајте зошто, бидејќи тоа нема да смени ништо, а вам ќе ви биде потешко. Доколку ве почитувале немало да ситигне до тој степен. Дали е другарство, пријателство, љубовна или било каква и да е врска, се исто. Посакајте им се најдобро и продужете си понатаму.
Еден малку табу проблем, па сакам да слушнам и машки и женски размислувања. Секое мислење е добредојдено Јас сум би и излегувам и со машки и со девојки, со девојки од скоро време. Се запознавме со една девојка на пијачка излеговме лани во октомври и се беше океј, лапање уште првиот пат на нејзина иницијатива. За кратко време ме откачи после тоа брз некоја си голема причина, демек и било страв да не кажам на некој и прекинавме со комуникација се додека не ми честиташе Нова година. Потоа јас и пишав чат пат ама не ми враќаше многу, во меѓувреме јас излегов со друга, ама не ми беше тоа тоа. Потоа почнав и со друга онака лабаво ама никако не ми излегуваше од мисли и се видовме во март пак. Океј беше, излегувавме насекаде, си пишавме нон стоп до пред една недела. Излеговме пак и јас ја прашав дали излегува со други девојки и таа лабаво...па, да пред еден месец се гледав со една и претоа со една и мене некако глупо ми падна. Обично не сум љубоморен тип на човек, но таа цело време ме убедуваше дека не излегува со други. Секако малце бурно изреагирав, може не требаше ама јбг. Послe тоа се океј, hate sex и отиде за Холандија демек преку некој Еразмус проект и не ми пишуваше со денови и веќе немаме комуникација. Прашањето ми е...дали вреди да се продолжува нешто или не? Дали бев во право што се налутив што излегува со други или не? П.с. Вака и двете сме привлечни девојки, воопшто не се приметува дека сме бисекс, дури оддаваме и стрејт аура (ако ви служи нешто оваа информација)
Не си во право. Тоа шо ти имаш определени чувства за неа не ти дава за право да и одредуваш дали ќе излгегува со некој/а или не, не сте ни во врска. Во меѓувреме и ти излегуваше со други, не зошто би и се налутила и обратно таа да ти се налути за тоа. Разговарај отворено за да избегнеш повторно висење на конец во иднина, можеби таа поразлично гледа на работите. P.S. не сум сигурен дали тролаш(според претходно мислење), ама баш продуктивно го користиш слободното време...
Ама ја откачила нејзе со изговор: Неќам да ме гледаат со жена - за потоа да излегува со жени. Башка, егото и' е млку повредено на @Jane.Birkin
Дечко озбилен си за ова со тролот? Фала ти сепак за конструктивната критика ама не се согласувам со тебе Пред неа сум излегувала, не после неа и сигурно не пред еден месец кога бевме со неа нон стоп заеднп
Не знам што тука има врска дечкото. Имам дечко и Open сме и секако он знае за ова пред да ме нападнете. Сума сумарум, никаде не кажав дека сум љубоморна за спротивниот пол или апла кажано, нек пуши к*рац колико хоче, ама не ја гледам поентата да се гледа со женски и со мене во исто време. Маж и жена не се компатибилни за споредба.
Прашањето ми е...дали вреди да се продолжува нешто или не? Дали бев во право што се налутив што излегува со други или не? П.с. Вака и двете сме привлечни девојки, воопшто не се приметува дека сме бисекс, дури оддаваме и стрејт аура (ако ви служи нешто оваа информација) [/QUOTE] Па вака, на твое место секако би продолжила да се гледам со други, ако ништо барем за его и секс, на тој изглед секако нема да е проблем да најдеш други. Истотака и што си се налутила е нормално значи имаш чувства кон неа. Нека поминемалку време таму она, секако ке одите и ти и она со други, па ке покаже времето дали сте за подолга врска, биди оптимист.
Всушност се. Исто е, не ти е ок да се гледа таа со други, а ок е ти да се гледаш со дечко ти во слободно време. Себично барање од твоја страна.
па нема врска дечкото и дали си опен или не опен, има врска што во таа варијанта не гледам со кое право се лутиш, ако си би исто ти се фаќа машко-женско неможеш да класифицираш со машки нека се гледа со женски не. Зошто ? Може неа повеќе женски ја привлекуваат, може и е тој филмот. Не гледам искрено со кое право се лутиш.
Љубомора е ugly animal . Ако си open, биди open со сите...лажење и муљање не ми се свиѓа ама некогаш е најмало зло за некои луге во замена за километарски објаснувања и контра обвинувања. А ако дошла во НЛ, тука пак ептен има простор за авантури, и никој нема попреку да ја гледа. Сума сумарум: нема што да се продолжи ако не живеете во исто место. Не сфатив дали си само open или polyamory.
Значи имаш дечко и излегуваш со девојки истовремено па и се лутиш за нив, зошто излегувале тие со други. Кога ти го правиш истото, нема што да се лутиш. Клише ама знаеш, што правиме во животот, ни се враќа. Расчисти прво со себе, со твоите контакти со кој на што си, твоево не е табу, како што викаш, туку хаос.