Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Па ти свесно си влегла во оваа врска. Тој бил таков и пред да започне со тебе.
    Е сега, ти си се согласила на тоа, така да, или ќе го игнорираш цело тоа, или ќе се тргнеш од него.
    Разговарај со дечко ти, види како е работата, дали можеш да му веруваш.... и сама ќе знаеш што понатаму.
    Ако не ти дава ТОЈ повод да бидеш љубоморна, немој да бидеш... така само ќе си ја уништиш врската.
    А тие работи пак ќе ги има, ако е дечко ти популарен како што кажуваш ти. :)
     
  2. peperuga91

    peperuga91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Даа..Го сакам премногу а таа љубов не мозам да се пожалам ми е возвратена со истото темпо..Му верувам на секој збор што ќе го слушнам изговорено од негова уста..Тој многупати ми вика не се замарај која што пишува,битно е што сум јас со тебе и дека тебе те сакам и дека се што им враќа под објавите е само на шала и тепање на време?? Врскава ни иде прекрасно и се немаме скарано воопшто за ништо до сега,но ви велам преголемиот број на љубовни објави на фб ме нервираат премногу..ми создаваат немир во душата? Зошто во мене се јавува некој сомнеж кога му верувам премногу и знам дека ништо не прави?? Имам и мала доза на љубомора во мене која ја кријам,и се правам дека ништо не ми смета во врска со различните објави а во мене говори спротивното
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Е па девојко, не е лесна врската со славен, главен и популарен. :D :D
    Помири се, тоа е.
    Ами замисли па Викторче од идол да ти е дечко. :o Мх, мх... не сакам ниту да помислам. :D
     
    На peperuga91 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. peperuga91

    peperuga91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ама кај него не се работи за толку голема доза на популарност,се работи за преголема доза на убавина..фраер е..
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Остави ги тие девојчиња да си се понижуваат изјавувајќи му љубов ако тој не обрнува внимание, кажи му само дека ти смета ако им враќа на нивните изјави.
    И биди горда на популарноста на дечко ти, не е лесно но барем преправај се дека е така, преголема љубомора ќе ти ја уништи врската. Се додека е тој со тебе значи дека те сака, ако не од толку обожавателки баш со тебе ли би бил? м?
    Штом е со тебе верувај му, но и проверувај :!:
     
  6. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    па и нема потреба да врака на љубовните изјави на некои попалени девојки, ако веке е срекно заљубен.Кази му да си го смени статусот, и ако тоа му претставува проблем, ке си размислиш малку подобро колку ти е возвратена љубовта.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Eпа вака. Знам дека пред кратко време барав совет за оној мој боксер :D , ама од него ништо не бидна. Се нема веќе појавено можеби 2 недели на тренинг, а оваа недела пак јас не одам зашто сум болна. Сега други боксери си најдов. Ах, Блу, Блу.. :lol:

    Ама, на темава си дојдов со друга намера. Конечно расчистив со бившиот и некако веднаш дојде да другарките ми местат друг, кој ми го покажа една другарка и мене ми се фати за око. (А го знаев дечкото и од порано, онака од гледање, од мојата населба е..) Единствено, незнам зашто моето внимание се задржа баш на него. Не е убав, можам да кажам и дека е грд, учи во катастрофа школо, сите му се кецови и двојки, цело време бега од часови.. Сега ќе си речете, да, знаеме, he's a badass guy а таквите сите ги сакаме. Но, всушност не е. Покрај сите овие работи, можам да кажам дека дечково е навистина фин и добар, има супер карактер барем од она што до сега го имам забележано. А и моите другарки го знаат и го потврдуваат истото. Е, сега, тој е постар од мене 3 години, значи има 17 години. Ако е до мене, разлика до 3 години толерирам ама сепак, се прашувам да не е маалку голема.. Тој самиот кажал дека му се свиѓам и се тоа, ама кога се запознавме и рекол на другарка ми дека сум била премногу мала, демек можел татко да ми биде. |( Основните три проблеми ми се следниве.. Прво, возраста. Второ, се прашувам дали е добро тоа што рипам веднаш од една врска во друга, без да размислам. Дали треба да си оставам време за да размислам подобро, дали сум подготвена за нешто ново.. И на крајот, некако јас не се чувствувам дека сум за врска. Не дека не сум подготвена туку дека на моменти знам да бидам дувни ветре и не се задржувам предолго на едно момче и затоа не сум за врска, барем не подолга од 2 месеци. :D Понекогаш ме нервира тоа што сум таква, ама што да правам.. Пубертет, хормони.. тоа е. Друго, незнам како да се однесувам кон него, кога се запознавме ми одеше да пропаднам во земја од срам, немам некои си теми на разговор. Проблем ми е излегувањето, ако не преку ден, најголем проблем ми е за вечер. А баш тогаш сите излегуваат..


    Аајде, цел реферат сум напишала за ништо. Ако не ве мрзи да ги читате моиве глупости и ако имате да ми дадете некој совет, повелете. :wasntme:
     
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Па ако немате заеднички теми на разговор тогаш што ке правите додека сте заедно..? Такви ти се годините те еден ти се свиѓа те друг те трет те разбирам дефинитивно. Па мој совет околу дечково е да не брзаш, излези неколку пати со него, види дали можете да функционирате како другари со оглед на разликата во години (што по мене не е многу голема) па ако ти се допаѓа и понатака и убаво ти е со него тогаш бидете заедно.
    Врските на 14-15 години неможат да бидат којзнае колку сериозни и долги (има и исклучоци) а ти си и сама свесна колку можеш да бидеш со некој така да тоа не е проблем бидејки сериозноста ке дојде со тек на време. Не рипај од една во друга врска без претходно да размислиш дали стварно до толку ти се свиѓа некој дечко. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    За блу секогаш има време за совет ;)

    Според ова што го кажуваш може и не си баш подготвена за врска? хмммм мислам дека тоа прашање ти можеш најдобро да си го одговориш...Во врска со темите на разговор, може да е срамежлив дечкото, но тоа не значи дека нема да има теми на разговор...Самите си излегуваат една по една...И третиот проблем во врска со шетањето од дечко на дечко за 2 месеци, тоа е така зашто уште сакаш да уживаш, не сакаш да си врзана за некој конкретно...Па млада си бе, ехееееееее животот е пред тебе а баш сега сакаш да експериментираш....Јас до лани шетав од една на друга, повеќе од месец дена ми здосадуваше :D Така да мислам дека тоа е нормално, нема потреба да се секираш за тоа, зашто кога ќе дојде време за озбилна и среиозна врска, самата ќе знаеш дека си спремна за тоа......Во врска со дечково....Искрено на мене не ми се свиѓа тоа што на школо не е добар...Ама тоа сум јас....Кај мене на пример еден од критериумите е личноста да се грижи за своето образнование, зашто сепак таму е иднината....Ако тоа на тебе не ти смета, тогаш јас би ти рекол запознај го подобро на карактер...Немора веднаш во врска...Еве излези со него, види како ќе оди, мувајте се, НЕМОРА ЕТИКЕТА дека сте во врска...Види како ќе оди па ќе одлучиш според тоа ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Имам нешто да споделам и да ве прашам за мислење. Вака-со дечко ми ни е супер, се слагаме и се тоа, ама последниов период има многу проблеми, во семејството- за кои не би сакала да дискутирам, и во последно време не се гледаме, а и помалку се слушаме. Се каравме заради тоа и јас испаднав лошата зошто не сум го сфаќала и разбирала, ама најискрено се трудам, и вчера помина на кратко се видовме, и после отиде до кај другар му што му помага за време на проблемиве. Еве денеска да видам како е и денеска малку завршил од обврските и ќе одел до кај тој другарот, наводно донеле некои 8 инчни лап-топи па сакал да ги види, во случај да си купи. Муабетот ми е дека некако се осеќам како за него да има време, а за мене не, а знам дека ме сака. Вака кога слушате од страна за муабетов како ви се чини? Ако имате време, баш сакам да го чујам вашето мислење и како вие би постапиле, зошто јас не можам веќе.
     
  11. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Нова сум на форумов.имам 18 години и за неколку дена сум матурантка.Вљубена сум во професор кој има 27 години,многу е згоден.Сите девојки лудуваат по него.Нема девојка сега.Ама не знам како да му пријдам? Се плашам...Ве молам за помош! Благодарам :$
     
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ирена10 јас мислам дека не е ништо страшно. Ти се доверил, ти кажал дека има проблеми, и многу е нормално за некои работи да бара утеха и во другарот. Ако правиш кавги заради другар и ако го доведеш во ситуација да бира губиш само ти.
    Знаеш дека те сака, остави го малку. Битно дај му до знаење дека и ти го сакаш и дека си тука за него ако му требаш.
    Според мене немаш причина за лутење. другарите зафаќаат голем дел во нашиот живот.
    И јас многупати прво трчам кај другарите/другарките па после кај него :lol:
    Тоа е во природата на човекот а дечко ти сигурна сум дека не мисли ништо лошо.
    Олабави се, и ќе помине се. :hug:
     
    На irena-10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    немаш потреба да се закачуваш по професори, не си вљубена в него, така ти се чини, помини си убаво и уживај во неговата убавина, ама не оди подалеку.
     
  14. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за советот.И јас не планирам да одам многу далеку.барем да бидеме пријатели ако не ништо друго.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074

    Да не му пријдеш! Не си играј девојче, не се надевај за џабе, и не дека си вљубена така те удриле хормоните, знаеш професор, забрането ова она... па уште како да му пријдам бе, што мислиш што ќе направи тој? Ќе те викне на кафе, не се занесувај сепак ти е професор, за него си обичен ученик и ништо повеќе, сигурно не би ти обрнал внимание верувај, сигурно нема да сака да се плетка во такви афери со тинејџерки и да си го загрозува пред се работното место... е сеа освен ако не е педофил па да ви пушта водичка на предавања...
    Ова ти е типичен средношколски муабет на напалени тинејџерки, абе не дај боже да има некој помлад професор или асистент, сите се попалуваат... :x
     
  16. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Мене не ми предава.Ама секојдневно го гледам.Јас не мислам да бидам со него во врска онака пријатели.Ако е за тоа јас завршувам повеќе нема да бидам во училиштето,и имам пријатели професори други кои ми предаваат и онака се зафркаваме( и тие се млади сега вработени)...во секој случај ви благодарам.
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ирена мислам дека со причина си загрижена сметам од твоја страна и ти сакаш да му бидеш подршка а он некако ко да те бутка од тебе.. нема оправдување зошто не би сакал да сподели нешто со тебе па вие сте заедно и треба да бидете заедно во добро и зло.. без разлика што има проблеми разговарај со него и кажи му дека ти е потребен зошто вака исто како да го немаш .. секогаш се наоѓа време па на крај краева сите имаме проблеми он мора да разбере дека има девојка и има обврски а ако веќе се понаша незаинтересирано тогаш можеби и не сака да има .. ти посакувам многу среќа
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    За Preety-girl----------
    Ако и тој покажува нешто кон тебе зошто да би биле нешто повеќе од пријатели?
    Не мора да значи ако е професор-дека би сакал само да те искористи.Не се сите исти нели.
    Ти оди во прилог што нема да учиш повеќе во школото-матурантка си ;) за да нема ни тој проблеми.
    Сепак внимателно :!:
    Добра ти е замислата прво да станете пријатели,па да можеш да го видиш каков е ,може има само убавина а памет не :P
    Во моето средно една таква љубов меѓу ученичка и професор заврши со брак :inlove: а сега имаат и детенце.Професорот беше мн фин,предаваше англиски ,имаѓе 34,35 а таа 17 кога се сплеткаа :o но една година држеа демек во тајност,иако сите знаеја.Кога беше матурантка овој ја побара за жена ,и сега си имаат детенце.Значи среќно им заврши приказната :)
     
  19. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам за убавите зборови како и за советот.Се постапно прво пријатели,а после ќе видиме...не се надевам премногу, но сепак вреди да се проба.Во право си не се сите исти.И не мислам дека ќе ме искористи нема да си дозволам во никој случај. :)
     
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Епа девојки ми треба совет. Сигурно ова ке ви звучи безсмислено и како да е напишено од девојче тукушто влезено во тинејџерската доба, ама искрено... Така и се чувтвувам ама не по моја воља. А постара сум а пак се чувствувам како седмооделенка -.-
    Епа вака... Има едно типче. Секаде има зарем не?! :D И ми се допаѓа дооолго време. Не би рекла дека го сакам зошто всушност и не го познавам како што треба. Така да ваљда ова моево е само платонска љубов. Епа значи ми се допаѓа долго време, поточно повеќе од една година. Ама јас сум огромна срамежливка и никако нешто да превземам. Добро, во изминативе месеци му се смешкам и тој на мене и си праќаме погледи и сум забележала дека ме набљудува т.е ме мерка. Иии гледа да е што поблиску до мене. Едно време се распрашуваше за мене кај другарки и после ми пиша на ФБ а јас паметната лупнав толку многу глупости што се усрамив и му реков сега морам да одам и се исклучив не чекајки повратен одговор. Аплауз за мене. Веќе никогаш повторно не ми пиша. Е да, малите деца повеќе им оди на полето љубов отколку на мене. Буквално и двајцата се однесуваме како деца.
    Епа сега проблемот е дека тој е четврта година а јас трета. И што значи дека тој оваа година bye bye, ке си отиде. А јас ке се утепам ако ништо не превземам нешто. Е сега знаете како, се извадија сликите за матура и сите земаа од тие што четврта година слики со посвета. А сликите официјално почнаа вчера да се делат низ школските ходици :D И сакав да го прашам за слика, ама срам ми е. OMG се чудам на самата себе си, па до толку ли не ме бива? И не знам дали да го прашам за слика на ФБ или во живо. Излегуваме навечер во исти места па би можела да му побарам. Но што ако се збунам и заборавам што сакам да кажам па да излезам дупло поголем идиот?! Или ако ми рече дека неможе да ми даде? :o
    Епа женски тоа е тоа. Ве молам за совет. Како да постапам за ова со сликата?! Или предлагате некој друг начин да му се приближам? ВЕ МОЛАМ за совет. Не ми преостанува многу време. Благодарам одднапред и се надевам дека не ве замарам :inlove: