@Jane.Birkin девојката може првпат почнува да оди со девојки па и е интересно да ги менува да доживува нови работи, не и е за озбилно, но сигурно не и е за озбилно кога таа друга особа веќе е во врска. А тоа каква аура оддавате како изгледате, се ми се чини од сите челенови тука тебе ти е табу тема би секс, иако не прифаќаш во мислите, зарем бисекс имаат некаков посебен изглед? може да се познаат? некои фрикови се на изглед? или какви аури оддават? ставови одови? стварно не разбрав, но нема везе ти така си си умислила нема што јас да разбирам.
Не кажав никаде дека го оправдувам моето однесување тогаш, инаку не би прашала за совет тука. Доколку таа би ми кажала уште на почеток дека е за лабаво и да се гледаме со други девојки, не би го трошела времето од 6 месеци само со една, но муабетот беше друг. Како и да е, фала ви на сите за мислењата. Горе-долу исти мислења имате како што очекував, а и го делам вашето мислење до некаде. На темата дека животот ми е хаос, не се согласувам, прилично ми е стабилен и ситуиран Секако млада сум, 22 години и подобро да се проба се отколку подоцна да се каам
Па по дифолт оди, ти си во врска, значи таа не може сериозно да планира со тебе. Ќе се гледа за забава, до кога нејзино е, најверојатно дури најде нешто сериозно. Не можеш да очекуваш сериозност кога не нудиш истото.
Епа ако те излажала тоа е друга работа. Ти најдобро си знаеш каков муабет сте направиле, колку отворен и директен.
Па, тоа е и работата затоа што таа беше љубоморна и не дозволуваше да излегувам со други, освен со нејзе. Контрадикторно е. Амин за сите испуштени прилики и убави девојки последните месеци Идемо јако
Луѓе, брачеда му е лезбејка!!! Значи едноставно ми смета. Ако размислам подлабоко, во каква фамилија би живеела? Децата како ќе растат? Или премногу мислам? Иначе се премногу блиски. Тој ја крие, родителите не знаат дека е. Иначе си е возрасна, има 25,26. Ја крие за се и сешто. Порано идела кај него на спиење, си позајмуваат, пари, коли. Јас едноставно не сум научена така да живеам. Преплашена сум.
Многу страшна работа Тешко на тие деца што ќе имаат роднина лезбејка, па и уште ќе растат во таква фамилија. Замисли пример децата твои да се геј. Што ќе направиш? Ќе ги отепаш или ти ќе се отепаш? Наместо да си среќна што ја прифатил брачедата најнормално и нема затуцан балкански менталитет ти размислуваш како ќе им било на децата - со ваква мајка многу тешко.
Која си ти тебе да ти смета како живее некоја негова роднина што никаква врска нема со тебе, твојот живот и понатаму ваш заеднички живот. Подобро не го мачи човекот, раскини му оти вака тешко и на него.
Од што си преплашена? Што е тоа толку страшно, трагично, потресно. 21 век е брачеди се, блиски се, си се дружат, почитуваат. Што има врска нејзината сексуална ориентација и како тоа тебе би ти влијаело? Ако ти пречи то раскини наместо да драматизираш за ништо. То си е нејзина приватна работа, а тебе ако тоа ти пречи си е твој проблем. Тих како ќе живејш во таква фамилија
Па види вака, ако братучед и' ја прифатил таква каква што е, а тебе ти смета, не се секирај за фамилијата и децата пошо најверојатно и нема да дочекаш живот со таа фамилија .