Жалам што си во ваква ситуација, бракот ти е голема грешка уште од старт, а ова што си го изневерила сопругот уште поголема грешка. Веќе поминале толку години од бракот и касно ти е да се каеш, можеш само да се ослободиш од мажот ти со тоа што ќе се разведете, ама пред се мора да имаш работа, и покрив над глава бидејќи децата не може на улица да ги оставиш. Во врска со инструкторот гледам дека премногу си се залетала, што од една страна е нормално затоа што долго време си немала кој да ти посвети внимание, љубов и се останато, ама не се надевај дека ќе прерасне тоа во нешто сериозно затоа што се гледа дека е само авантура и бил со тебе да си го пополни времето. Понатаму мислам да продолжиш сама, да го оставиш сопругот, а со инструкторов да се гледате чисто од забава, затоа што он нема да сака ништо озбилно, а и тебе не ти треба воопшто.
Не дочитувате,а рипате ко прле пред магаре. Еве кој прв пиша колку она имала изнерверувала. Освен тоа таа во старт кажува каков е нејзиниот маж. Јас никаде не напишав колку швалерки имал тој- од кај го извади не знам и не ме интересира,само не го врти муабетот. Исто така не е во ред да се пишува дека варала повеќе пати ако тоа не е наведено.
Таа самата напиша дека излегувале, се гледале повеќе пати а кој колку варал само тие си знаaт. Не е наше да кажеме дали било еднаш или два пати, мое е да кажам дека не е во ред колку пати и да било. Во врска со останатото. Не беше тој дел од постот за тебе наменет него за некој погоре што имаше пишано 'кој знае колку аники нашол тој' (претпоставив дека за мажот беше наменет коментарот не за швалерот)
Му ја оправда љубомората со твоето неверство? Сега има плус причина да не ја пушта да полага за возачка или да оди во теретана нели? За такви љубоморни болесници нема потреба ништо да правиш сам ќе си измислува и ќе наоѓа причина да те малтретира психички и да те ограничува. Бракот ти бил грешка од старт. Тоа што ти си го направила никако не е за оправдување. Расчисти со маж ти а потоа барај си нови авантури. А типов само те лаже, ти симнува ѕвезди, ако се разведеш од маж ти ќе видиш како магично ќе исчезне.
Јас никаде не реков дека љубомората на маж и е здрава работа и дека некојима право неа да ја малтретира психо-физички. Јас само реков дека прво требала да си среди со маж и па после да прави што и да и се прави а не утре децата да ја разберат дека мама мрдала лево-десно и да ги срами и себе и нив и нејзините.
И ја сум против неверство, ама сите и срипавте на женава, од кај знаете мажот шо праи и зашо е недостижен цели 11 години. Сигурно не е толку невин само игрици на компјутер да игра .
Тебе само ти е досадно во бракот и се сплетка со првиот на кој налета и кој ти кажа два збора убави… Инструкторот ќе те откачи штом најде нешто поинтересно, а ако тебе бракот ти е таков хорор разведи се. Без разлика дали имаш швалер или не, разведи се и живеј си свој живот. И децата ќе се посреќни ако растат во мир и хармонија, а во твојов текст тоа го нема.
Доколку имаш услови и средства, дефинитивно сметам дека разводот е најдобра одлука. Очигледно е колку си несреќна и неисполнета во бракот, немаш чувства кон сопругот ниту пак било какво добро мислење за него. Подобро сама, со децата, отколку да се измачуваш во таа заедница. Во врска со другиот, баш ми е жал но е повеќе од очигледно дека нема сериозни намери кон тебе. Се надевам дека грешам, но ми изгледа дека освен што си поминува убаво со тебе, нема никакви планови за понатака, ниту пак делува премногу заинтересирано. Исполнува слободно време и тоа е тоа. Пред да почнеш да го замислуваш како идеален сопруг и "татко" на твоите деца, размисли што точно сакаш. Ако ти е океј повремена дружба, во ред, но ако ти се надеваш на некаква иднина, а тој не, подобро за тебе е да се оддалечиш. Ќе го прескокнам делот каде би зборувала за погрешни одлуки и морални вредности. Ќе ти кажам само да не правиш избор меѓу еден или друг, туку најпрво да раскрстиш со она што те прави несреќна, а тек после тоа да сонуваш за нов живот со нов партнер.
Големи деца имаш, ова што го правиш може многу лошо да се одрази на нивната психа ако дознаат, и на тоа треба да мислиш а не само на сама себе. Си се сплеткала со некој ветер и магла таму затоа што имаш проблеми во бракот, наместо да се соочиш со проблемите и да се разведеш во најлош случај. Жално за децата со ваква лековерна мајка која што на 30+ години (претпоставувам) се лаже со срце и душо и не мисли воопшто на тоа како децата ќе се чувствуваат кога ќе дознаат. Набивањето на рогови на маж ти е друга тема, колку и да не ти оди бракот, грешиш многу со постапките.
@Anka_Lady доби секакви совети тука. Некој вели разведи се, некој вели продолжи си со другиот, некој вели да се вратиш на сопругот...секој според своите ставови и искуства. А реално само ти треба да решиш што понатака. Според напишаното гледам дека имаш разни силни емоции во моментов, од страст и возбуда ама и многу насобрана лутина и желба за одмазда. Сите емоции сега, утре ќе бидат поминати. Некаде напиша дека твоите родители сносат одговорност за одлуката рано да се омажиш. Причината за бракот велиш дека било за да другите не мислат лошо за тебе (?!). Никаде не ја спомнуваш твојата одговорност за започнувањето, продлабочувањето на врската (задничкото живеење) и стапувањето во брак. Ова е одбрамбен механизам и ако не си свесна за тоа, време е да си признаеш пред себе дека не си расчистила со себе за некои работи. Се дистанцираш од одговорност зад тие одлуки, а од кои причини - треба да размислиш. Можеби така си ги претставуваш работите пред себе, а може и не, може така ги пишуваш тука, свесна како ќе им личи на другите. Ама јасно е дека тие битни животни настани едноставно не ти се наметнале, туку самата си донела одлука и самата си решила да направиш или да не направиш нешто. Инаку, промената кај сопругот после твојата промена во однесувањето, значи дека тој е свесен што се случува. Немој да се залажуваш дека неверството може да помине без никој да не ве дознае или без да дознае изневерениот. Обично изневерените знаат уште од почетокот дека другиот прави нешто на страна, макар да е тоа и интуитивно. Обиди се да ги тргнеш настрана емоциите и да размислиш многу убаво што ќе правиш понатака. Мораш сериозно да си размислиш како би изгледала твојата иднина ако се одлучиш за едно, друго, трето. Секоја одлука што ќе ја донесеш, ќе има последици. И за тебе и за твоето семејство. Да размислиш сериозно и за состојбата во која би биле твоите деца, за 1, 5, 10 години од кога си ја донела одлуката. Како би изгледал тогаш твојот живот и односот твој со твоите деца? Измери на кантар дали вредат тие одлуки, што ќе изгубиш а што ќе добиеш ако тргнеш по одреден пат. Нема едно универзално решение што ќе одговара за сите. Познавам луѓе што минале низ ова, се смириле и врската им е уште поцврста од порано (и не било наеднаш, постепено и со труд го постигнаа тоа). А познавам и луѓе што не се смириле после неверство, се развеле и многу им е подобро така. Сите примери што ги спомнувам имаа деца. И сите кога донесуваа одлука размислуваа (и се советуваа со луѓе од доверба и со стручни лица) како да им помогнат на своите деца во таа ситуација. Така да превземаа се што е потребно за да им олеснат на децата во тој период и да им обезбедат средина во која ќе живеат без драма, кавги и сл.
@Anka_Lady очекувано е дека после влегување во брак со личност со која не се гледаш во иднина и не ја сакаш не може да цветаат рози и да тече мед и млеко туку ќе се случува ова што се случува моментално во вашиот брак. Несакајќи да ја расипеш врската во тој момент и да им угодиш на твоите блиски си го уништила твојот живот. Имаш деца и што и да одлучиш тоа ќе влијае на нив. Највеќе ќе трпат они па после вие. Жално е што низ целиот брак сите овие години ни ти ниту он не сте живееле онака како што сакате. Неговата страна од приказнава не ја знам меѓутоа твојата е оваа и ти веднаш си отишла и си побарала внимание кај друг човек. Немој да очекуваш дека тој човек според ова што го кажуваш ќе те прифати и ќе биде со тебе. Моментално му е интересно има афера се случува нешто, но кога ќе треба да се соочи со реалноста во очи не сум баш сигурна дека уште ќе биде до тебе. Размисли добро што ќе правиш и мисли на последиците од ова. Поздрав
Драги девојки, пред некое време ви пишував дека сум во долга врска со дечко ми, но имавме големи несогласувања, плус мајка му е многу доминантна во неговиот живот итн... Од другата страна е дечкото со кој се гледам во последната година и кој е навистина различен тип, постар од мене и многу ме надополнува, но не сака никако да сме во врска. Не е спремен и не сака да влегува во врска итн. Со дечко ми раскинав, не ми беше воопшто лесно, но знаев во секој момент дека тоа го сакам и не се каам за тоа што го направив. Но ете со другиов сме сеуште на тоа што бевме, дружиме многу, излегуваме и се... Синоќа му кажав дека сакам да прекинеме, видов дека не сака, всушност и отворено ми кажа, но ми кажа и дека ќе почитува бидејќи ништо повеќе од ова не сме можеле. Рече дека е само со мене, дека му е преубаво, дека и емотивно многу го дополнувам итн. Знаел и свесен бил дека не е во ред така како што се однесува, но не можел во моментов ништо да направи. Ми рече само дека може да не се гледаме но дека никако не сака да ме изгуби како личност во неговиот живот. И бидејќи зборувавме по тел, се договоривме денес да се видиме и да поразговараме во живо, бидејќи според него не е коректно по тел да прекинеме. Воопшто не сакам да прекинеме, но не можам ни да продолжам вака. Имате ли некој совет за мене?
Jas bi te sovetuvala samo da ne se nafakas na pomalce od toa sto zasluzuvas, dokolku e vistinski (ne mu gi znam pricinite zosto ne e spremen za seriozna vrska) he will come around.
Не можам и не можам да преминам преку вакви зборови! Значи! Постои начин за да се напише нешто, зошто вакви термини? И јас мислам дека ‘теретанецов’ не е сериозен, али што е со изразиве? Друго, искрено ти препорачувам да се разведеш @Anka_Lady И за децата и за тебе и за сите околу тоа ќе биде правилната одлука. Не се труј веќе со негативности, не живеј живот кој ти зависи од други. Нека не ти биде мисија допрва да оправаш женкари, гледај прво опрај се себе и само така ќе бидеш среќна ти, а со тоа и твоите деца. Било шо било, си се омажила на 17? Да си жива и здрава. Гледај годините што претстојат да не повторуваш исти грешки. Ти/Ви посакувам се’ најубаво
Мило ми е што си прекинала токсична врска. Никој не заслужува да живее во кавги и несогласувања. За овој другиот, најбитна е причината поради која не сака да имате нешто повеќе од врска. Може е женет човекот со деца, може па има трауми од претходни врски кои не ги има надминато или може па едноставно не се смета за спремен. Само вие си ги знаете причините и знаете најдобро но сметам дека ако нема некоја поголема причина и доколку моментално не е спремен а сигурна си дека се сакате и дека ти е убаво, можеш да го почекаш да не ги брзаш работите па со тек на време ќе видиш како ќе се одвиваат нештата. На крај краева браковите денес се само формална работа.
Не е женет, нема деца, но вика дека претходните врски не му успевале, има семејни случувања некои и едноставно сега не сакал да влегува во нешто, не бил спремен на тоа. Не знам на што мисли со тоа не е до тебе вака така, ама целосно те разбирам и ако не сакаш да се гледаме... јас не можам да ти најдам ни една маана во нашиот однос, знам дека е до мене се, ама барем не те лажам, од почеток сум искрен и сеуште сум на истиот став. Подобро да се разделиме сега отколку да си направиме полошо и за двајцата... И јас немам избор, иако стварно ми значи и сакам да се обидеме повеќе од ова. Но залудно.
Добро е што си раскинала и си се ослободила од врска во која не си среќна и заљубена, браво и за храброста што конечно си се решила. Е, сега, која е причината зошто не би сакал врска дечково? Ако толку стварно те сака, не се гледа со друга тогаш зошто? Уште тогаш чим одел со тебе додека си во долга врска и не му сметало, мене ми е црвено знаменце, а ова сега... Мислам дека ако сакаш ти посериозно нешто и стабилна врска тогаш треба да ја цениш и искреноста што ти кажал дека не сака врска овој тип и да се оддалечиш. Да се смени нешто не верувам, една година чим не се променило, се гледа дека му се "уарнило" секс без обврски и сака така да си тера, нејќе врска ама да си има нешто на страна секогаш му одговара. Ако ти одговара и тебе така тогаш продолжи, но чим бараш совет не ти одговара... Јас на твое место би расчистила и со овој дечко и скроз би свртела нов лист во животот. Уште тогаш во врска кога се инволвирал друг дечко веќе се се замешало, некако како да нема иднина ова, само стоење во место. Но, сепак на крај од денот ти одлучуваш и ова е само мое мислење.
Можеш истото ова да му го кажеш, исто така се надевам дека веќе е свесен дека и ти нема да трпиш или да го чекаш до недоглед, си знаеш дека заслужуваш да бидеш почитувана, а тоа го докажа веќе со бившиот. Тоа што е емоционално недостапен за жал тука освен да се надеваш дека ќе се смени, друго не можеш. It takes two to tango.
Независно од вториот тип, убаво е што си ја прекинала таа токсична врска. Една од главните причини поради која те поддржувам особено е фактот дека е мамино синче, што го сметам како фактор на незрелост и несериозност. Сега за вториот тип. Сум имала слична ситуација, само што јас бев страната која rejectна. Еве ти мислење од таа гледна точка. Не прекинувај контакт, од повеќе причини. 1. И покрај тоа што не сте во љубовна врска, самото тоа пријателство, кое како што забележав ве исполнува и двајцата, е многу значајно. Вреди да се има личност со која можеш да си поминеш добар дел од денот на прекрасен начин. 2. Секоја љубов се заснова најпрво на пријателство. Не ти гарантирам, но има шанси на крајот на краиштата да бидете заедно, бидејќи чувствата на луѓето се менуваат со текот на времето. Значи фазата пријателство е неизбежна, а за понатаму што треба ќе си дојде. 3. Како што напиша и некој погоре, многу е важна причината зошто не сака врска. Можеби има некаков проблем, страв, последица од претходни врски. Исто така во мојот случај, фактор беше што и покрај толку дружење (отприлика година и пол), јас не се чувствував дека ја познавам доволно добро другата страна, а како човек кој не навлегува брзо во врски, тоа ми е доста значајно. Значи како би те советувала за крај? Гледам дека и двајцата сакате да го продолжите пријателството, затоа продолжете го. (За жал во мојот случај не испадна така дека дечкото кога виде дека нејќам врска ме откачи, а потоа се испостави дека едноставно е лоша личност). Сепак разговарајте убаво за настаните и види уште еднаш дали би сакал да продолжите и покрај се'. Ако продолжите, најдобар совет би било да не го форсираш за врска, туку едноставно да се однесуваш во граници на пријателството, во спротивно можеш само одбивно да делуваш. И како за крај, процени каква личност е. Можеби го прави сето ова за да си го нахрани егото или пак те користи за нешто. Ти можеш најдобро да оцениш дали има такви намери или не. Се надевам ќе имате убав продолжеток.