Не, воопшто не. Ви пишувам на сите за да не одговарам на секој пост одделно. Тој никогаш нема ми кажано дека ме сака или дека е заљубен во мене и сл. Само дека му е убаво со мене, иако јас го знам тоа бидејќи го чувствувам. За претходната врска ми викаше дека не е тој што треба да ми каже дали да прекинам или не, тоа самата требало да одлучам без разлика не него, туку ради сите случувања со дечкото што ми беше. Јас дефинитивно не сакам да продолжам вака, па колку и да ми е тешко ќе помине. Бидејќи се рабооти за година дена, не за месец два... Фала ви сепак. Уште неколку часа можете да пишувате совети, ако не, јас ќе ви пишам вечер како сум поминала
Мислам дека само му си авантура. И авантурите, пријателствата може да преминат во нешто посериозно .. а може и не. Зависи дали и колку ти се чека и троши време на него. Пиши како си поминала
Хмм, искрено не ми делува така. Да беше толку решителна, немаше да бараш тука совет. Сепак, не избрзувај со одлуката, размисли и процени убаво. А, што е тоа што од ваша страна ве прави толку нестрпливи кога ќе бидете одбиени, па веднаш сакате да прекинете контакт? Знам дека сте повредени на некој начин, ама нормално е да не му се допаѓаш секому. Не знам, кажи нешто од твоја гледна точка, што те мотивира да прекинеш контакт?
Прашај го отворено која е причината што не сака врска, дали му е потребно време, па после тоа ќе одлучиш како понатаму. Во моите претходни врски јас бев таа што не сака врска, мојата причина беше што не сакам да се впуштам така брзо во нешто озбилно, сакам да ја запознаам личноста прво. Па така со бившиот цели 3 ипол години се гледавме без обврска, и на двајцата така ни одговараше, он од почетокот сакаше врска ама после се навикна. Ако ти одговара така можете да се гледате, ама очигледно чим прашуваш за совет не ти одговара ваквиот начин на функционирање, и најдобро да прекинете, не си ги менувај и намалувај критериумите за никој, колку и да ти е убаво со него.
Не сака врска со тебе, затоа што ти додека си била уште во врска со бившиот, си почнала паралелно и со него да се гледаш. Не може да има доверба во тебе, затоа што утре можеш истото и него да му го направиш. Со тебе само сака забава, да си го пополнува слободното време и ништо повеќе.
Луѓеее, кои се овие коментари "виновна си што си прифатила брак, бракот ти е грешка"???! Дали сте вие свесни дека она била буквално ДЕТЕ кога се омажила? Родителите најпримарна функција имаат овде за да ја заштитат во ваков момент, а не да ја исфорсираат во традиционален брак.Ко што читате имала доста притисок од околината, што е некогаш преголем и детерминирачки за некои одлуки, за жал. Не може да ја обвинувате. Дај малку ставете се во кожата на другиот. Нејзините родители, како возрасни личности кои се одговорни за сопственото дете, свесно дозволиле да стапи во брак додека е малолетна. Ако не вришти тоа патријархат не знам шо друго. И плус 11 години трпи психичко насилство од сопругот. Ама вие за неверството се фативте, ко да имало некоја љубов и лојалност во бракот што го опишува. Сега треба да направи одлука добра и здрава за себе и децата единствено, а осудувачките ставови што потекнуваат од истата околина во која таа се омажила не се потребни овде воопшто.
А зошто фино поштено не се разведиш со сопругот и после слободно запознаваш мажи и влегуваш во врски? Велиш ради децата, ама тие децата освен семејство со дисфункционален брак на родителите ќе имаат плус мајка што го изневерува татко им. Ич не е ради децата. Не верувам ни дека е ради финансии оти велиш тој живеел кај тебе уште пред брак. Тој не е посветен сопруг, игра игрици на компјутер, а ти си посветена мајка што ги остави децата со татко им што си игра додека беше цел ден и цела ноќ со швалерот? Извини, не можам да те оправдам, иако мислам дека тука дојде да бидеш оправдана за своите постапки дури и да побараш совет како да го задржиш инструкторот. А тој ако сакаше да биде задржан, немаше да прифати ти да останиш во несреќен брак, туку ќе инсистираше да те извлечи од него и да те направи среќна. Како си нашла совршенство во некој шо не е постојан? Во некој шо лажи дека не е тука, а притоа нема 13 години? Сума сумарум јас мислам да прекиниш врска со инструкторот, да се разведиш од сопругот, да застаниш на нозе и да си дадеш себеси шанса да бидеш со човек што го сакаш и те сака.
Ние грешно ја обвинивме според тебе,а? Шо треба аплауз да и се даде !? И во двата случаја и те како утна. Во младоста шо го влечкаше сегашниот сопруг дома, мислејќи за сериозно на 17г наместо да живее пубертетски живот... и тоа ај ќе речеш млада била на размислила..се деси шо се деси. Сеа на 30г пак се залетува. И сега да не е под притисок од домашните м?
Јас од искуство ти кажувам дека човеков несака и нема намера со тебе сериозно нешто. Така мене ми имаше кажано( не е до тебе,до мене е не сум спремен,ама несакам да те изгубам) човек што сакаше само да ме мува кога бев 19год на времето. Кога му кажав и покажав, дека не сум човек за мување,го снема . Исто и сопругот мој,на две пред мене така им имаше кажано,не бил спремен,не било до нив. А всушност не ги сакаше нив за сериозна врска. Ова не го разбрав од него,па еве филм ми правел,туку кога почнав јас со него да излегувам,последнава се распрашуваше што сум правела со него јас,тој и кажал не бил за сериозно.Па тој ми објасни. Девојче мој совет,не си губи време и емоции.
Точно. "Не сум спремен/спремна за врска", во скоро сите случаи значи "Не сакам врска со тебе". Кога ќе наиде вистинската личност, одеднаш сите стануваме спремни.
Се согласувам дека може да се почувствува. Ама како да бидам сигурна дека интуицијата не ме лаже, без да сум многу директна?
Нема да знаеш ако не пробаш. Јас секогаш одам на дирекност и искреност, секако не премногу нападно но барем ќе знам на што сум.
Не разликуваме Теле невидено сум за оваа работа, она дури на граница да се запраша човек дали навистина сум толку теле или дијагноза некоја е во прашање. За тоа не можам да ти помогнам. Ама заради тоа што многу пати не сум знаела и јас на што сум, си развив механизам каде што си прашувам. Ќе ме убие иначе неизвесност, вака барем сум отворена и директна. Ако сака со тебе нека ти каже, картите отворени на маса. Би сакала и јас да сум од оние луѓе што читаат сигнали и знаат мистериозно да флертуваат, ама тешко Прашај си де, не си ја мачи душичката.
Е да, ама директното прашање си доаѓа со ризик. И колку и да мислиме дека знаеме да толкуваме сигнали, може да се покаже дека сме биле во илузија. А кога ќе се каже нешто... нема веќе враќање.
Зошто ти е да го задржиш? Имаш намера на друг да му ги периш гаќите? Малку ти е еден? Еби го дури ти е ќеф... и не е лошо да се разведиш од маж ти. Кога ќе се дознае ова, кога ќе букне, децата ќе ти настрадаат најмногу... затоа што луѓето се сурови и за се' судат! Искрено, никако И мислам дека, чим до сега не научив, најверојатно нема никогаш