Ќе му ги удриш клоците и подалеку од него. После се тоа уште се мислиш и уште можел да те истепа и си уште со него ?? Нема шо да му објаснуваш, откачи го, ако не сакаш да имаш поголеми главоболки понатаму или модро око. Како одите со вакви упорно не сфаќам стварно.
Зарем сеуште си со шупелката која не те почитуваше и правеше будала од тебе? Батали го, немаш иднина со него.
Не се среќавај во живо. Пиши му дека му чепкаше во мобилниот и кажи му што најде. После тоа блокирај го секаде и повеќе не контактирај со него воопшто! Тоа би било најдобро. Е сега... за што си ти спремна, е друг муабет.
Демек му прошло време што варал божем 60 години има и е потентен немој те молам сестро не биди наивна смешки е ако е варал он ќе вара и натаму тоа е до карактер, не јади исти го...
Ко деца сите сме гледале да избегнеме ќотек од родител и не ми е јасно зошто возрасен човек би трчал да добие ќотек. (Извини, ама морам): Просто не е природно. Ај те молам биди дете што гледа да не му изгори газот. Ќе биде подобро за тебе. Принципот е ист: бегај, само начинот е поинаков: не му се јавувај, не го барај. Заборави дека постои.
А наместо да се заљубуваш во секој што ќе ти покаже малку внимание да почниш да се сакаш себе си? Не разбирам зошто кога јасно гледате red flags ја фурате приказната до крај. Кога знаеш дека нешто мати и дека зборовите не му се совпаѓаат со делата и прашуваш како да постапиш сеуште продолжуваш со него, па катастрофа... па уште ти било страв да не те истепа. Крени си ги стандардите.
Типот не е бунтовник, туку насилник. Кажи ги работите со право име. Кога и ќотек очекуваш од него, шо мајка бараш со таков човек ?!
Зошто си уште со овој? Што уште треба да направи за да го оставиш? Ако не сакаш да му кажеш дека си му го зела телефонот само кажи му дека не сакаш да си со него веќе од х причина (ќе си кажеш, пр. мислиш дека не сте еден за друг, си почнала да се ладиш). Само знај дека ваков не ти треба и најлоша опција е да останеш со него.
Женски можда сум и грешка може и не би кренал рака на мене, побитно ми беше како да постапам. Дали би простиле вие таква работа дека пишува на други , како би одиграле?
Ако малку се цениш самата себе ќе го оставиш и нема да дозволиш да бидиш втора опција. Ако му простиш тој ќе си продолжи така.
Не. Би постапила така што би му кажала дека сум дознала се и дека не сакам ништо повеќе со него. Се мислам дали и толку објаснување заслужува овој. Толку.
Јас ако сум зрела би седнала на кафе и би разговарала отворено каде води ова,какви му се намерите и дали си пишува со други? Со отворени карти на маса,а не ко деца некои од 15 годинки. Не дека ќе признае дека пишува со други но ете тој секогаш игра резервно. Не ни знам колку време си со него,но знам дека по муабетов не сте многу па од таму произлегува пишувањето. Во однос на тоа бунтовник не значи дека е насилник.
Мене стварно ме чуди 27скоро 28 годишен. Учен човек програмер е. Пола од друштвото веќе и му се женети или имаат долги 5-6 годишни врски. Добро заработува некад знае и многу паметен муабет да направи. Кажуваше дека све тоа му прошло у лудите години било , варања такви ствари. Ама изгледа не се сменил баш истиот останал.
2 месеци бубаче. Па ја не мислам дека од таму произлегува дека сме кратко заедно, баш напротив него доколку му се укаже подобра прилика тој може би ме шутнал. Сигурно не напиња девојки по инста од чиста мира. Нормално дека би се правдал, може и ме вара. Од каде да знам.
Возраста не е мерило за зрелост, сериозност и одговорност. Луѓето се тоа што прават, а не што кажуваат. Постапките ги одликуваат.
Па можеби нема да те изневери ама ќе ти раскине кога ќе го најде тоа што го бара. Штом пишува со други, претпоставувам не планира ништо сериозно со тебе. Не дозволувај да си девојка само за пополнување време.
Годините ама баш ништо не значат. Обична бројка ништо повеќе. Тоа што е учен и што е програмер ама ИЧ не го прави помалце идиот. Познавам мажи со средно кои знаат да сакаат повеќе него 300 учени заедно. Едно е работа и професија друго е социјален и приватен живот. Ако ти е битно тоа што заработува многу и ако ти е некој фактор биди си со него, што да ти кажам? Како да е којзнае колку битно тоа. Не го менува фактот дека не е човек. На толку црвени знаменца и нестабилност не знам кој знак го сакаш уште..
Епа ти така си му се поставила,до одредена слобода. Затоа јас викам многу опуштање,слобода и разоткривање да не се дава на почеток дур не поминат бар 6 месеци. Не го знаеш доволно за да му се препушташ. За жал,сега имаш две опции или да го баталиш или да премолчиш.