Не ми е битна воопшто финансиската состојба, сакам да кажам дека има се шо треба да има еден возрасен и паметен човек. Али може поинаку гледаме на работите..
Он кажува и стои на тоа дека ја сум тоа шо го бара девојка на место, културна , паметна со манири. Али него изгледа сака да му шета опашката тоа е факт.
Возраста нема никаква врска, ни пак тоа дека сите околу него биле женети, дека и тој ќе се заозбили. Јас колку шо памтам не сте ни во врска ? Или грешам. Битен е односот шо тој го има спрема тебе. Не гледај шо вели, туку шо прави. Според сето јас мислам дека не смета ништо сериозно тебе. И два месеци се ништо, апсолутно ништо, премалку. Или тргни се дури е рано, или повеќе ќе бидш повредена. Доволно си возрасна, одлучи си сама после сето дали треба да продолжиш со него, или треба многу повеќе да се цениш.
У врска сме. Иде и он кај мене и јас кај него , моето семејство и неговото знае. И кога сме заедно не се дели од мене , супер се понаша , не ме крие или нешо така. Али има биполарни моменти и некад има понашање шо не ми е адеквантно за 27 год. Бевме и на одмор во Охрид со негов другар и девојка му, не е дека нема сериозни намери бар според мене.
Тоа дека семејството негово знае не менува ништо. Одма одење, носење по дома мене ми е најголемо црвено знаме, ама секој како шо мисли. Тоа супер не знам колку е шо си го фатила дека пишува најмалку со неколку девојчиња. Слушна совети тука да се тргниш од него, размисли си како мислиш дека е најдобро така постапи, се надевам нема пак да те читаме во оваа тема
Би одиграла со тоа што ќе се тргнам од него. Не разбирам што е толку претешко да се разбери, а читам мислења долго време го пратам случајов, правилно ти кажуваат. Малце почит кон себе треба.
Кога сето ова за 2 месеци Инаку, дали те запознал со неговите и другари нема ама баш никаква врска со сериозноста. Колку години имаш?
Ако по 2 месеци врска бараш мислење од непознати и цела си во стресови, значи врската не е баш идеална. Некако наивно ми делуваш како за 23, можеби си неискусна со машки , ама имаш ваљда некој другар, збори со него да ти објасни машкиот мозок како работи. Не се сите исти, ама ова не знамиња, јарболи и едра црвени се мавтаат пред очи.
Јас сум помала од нејзе и не повеќе искусна од нејзе ама вакви работи проаѓаат само ако си наивна, не и неискусна....Девојки, дај бе ценете се малку, ај да преминеш преку една, две поситни работи кои можат да се препишат на негативни карактерни црти, ама да го фатиш како после 1-2 месеци врска се допишува со други и се сомневаш дека ќе те истепа ако го конфронтираш е далеку од нешто што се прогледува низ прсти и е предмет на дискусија.Откачувај го и готово, додека не западнеш подлабоко во проблеми и постојано исчекување на што си во врската. @Maja015
Не реков дека се сите ама ако проаѓаш веднаш преку вакви работи или си наивна или " нездраво" се приврзуваш со луѓе па не знаеш до каде е границата на што е океј што не.И плус што имаме розеви наочари на почетокот кога ќе се затрескаме во некого...Што секако не е за осудување ама подобро да се каже подиректно за да се знае за понатаму.
Тоа и е клучниот фактор, не да сум наивна дури изгубена сум од шо сум наивна. Не само со него, со сите. А и он ми има кажано дека сум предобра. Али ќе се сменам.
Прашањето е кога ќе се смениш? Ќе му дадеш уште 5-6 шанси да те доспушти најниско што може или пак ти да го откачиш и да си гледаш други момчиња. Кога ова второто ќе го направиш е тек тогаш може да збориме за промена, дотогаш 5 страници на форумов сметам дека се залудно напишани. Почни да делуваш
Vo vrska ste i on im pishuva na drugi devojchinja?! I ushte poneverojatno: ti ne znaesh dali da prodolzhish ao nego ili ne ?!?! Ova vtorovo ne mozham da go razberam nikako.
Знам која е правилната одлука девојки али ми е малце тешко, го засакав , ми значи... Кога ќе искочиме ќе ви кажам шо биднало. Ви благодарам
Не знам како да почнам, на кратко во долга врска, заедно живееме неколку години и тој и јас си имаме стабилна работа. Проблемот е во тоа што сум премногу љубоморна, сакам да знам се и често знам да направам драма и скандал за разлика од него што не го интересираат вакви работи. Ми смета кога излегува сам, го чекам да се врати за да видам кога ќе дојде и слично.Он е тип што не искажува премногу чувства и многу често како да ми треба потврда или некое внимание дека се уште ме сака. Исто така често знае да каже дека не го интересира моето мислење за одредени работи или која сум јас да му кажувам што и како да прави што ми дава дополнителна причина за моето однесување. Знам дека за одредени проблеми, проблемот е во мене ама не знам од кај да почнам и што да правам. Значи свесна сум дека треба малку да олабавам ама не знам начин.
Ова не е во ред. Но, твојата љубомора најверојатно го довела до состојба ова да го каже. Мене не ми е во ред ваква врска. А ти всушност бараш совет како да олабавиш? Сепак јас би те прашала дали си всушност вистински среќна со него?