Нема начин да не изгледа како е да со задни намери. Зошто такви боцки на верен човек. Замисли ти да си вереницата и да му пише друга девојка за да испита дали бил среќен. @Candice.Ѕ Ќе помине, дај си време. Од ден на ден ќе се осеќаш подобро.
Знаев дека вака ќе изгледа , не мислам секако да му пишува со задни намери, не мора ни да испитува, но може да е еден потег и единствен кој може да ѝ помогне да ја затвори таа страница од животот. Колку што разбрав немало никогаш романса меѓу нив, туку официјално биле другари, зар ако си верен веќе не смеат и да ти честитаат другарки?
Претпоставувам не си се изразил добро, во спротивно воопшто не се сложувам со твојот совет. Нема што таа да испитува дали и колку е среќен, тој најдобро си знае. Имала многу прилики досега за нешто повеќе со него koи не ги искористила за жал. Сега дефинитивно не е вистинскиот момент за никакво боцкање. Мислам дека си има створено некоја идеална слика за него и е заљубена во истата, во замислата на животот со него, што секако не значи дека навистина би било така. Ако долго време немаат комуникација, можеме слободно да кажеме дека не се ни познаваат. Со тек на време ќе помине
Девојки и момци одговорете ... Зошто момчето кога не ја сака каже нема осеќана и да е готово а таа му вика ако не ме сакаш повеќе блок ме а тој не ја блок а зашто?
Жено, кралице. Колку и да е мрзлива кретенчина маж ти, ти не си ништо поарна од него. Не ти е никакво оправдување тоа што си се омажила на 17. Твоите може згрешиле што ти дозволиле ама никој не ти е крив што 11 години си останала и си родила деца во тој брак. Со твоја вагина и матка управуваш ти. Е сеа на инструкторов си му само booty call и ништо повеќе. Туку, излези си од тој брак и направи си услуга и себе си и на маж ти, да си живееш живот како сакаш и со кого сакаш без никого да правиш будала. Чиста сметка, дуга љубав.
Аку те разбрав Ако не ја блокирал не значи дека ја сака, туку едноставно за него завршила врската на мирен начин и нема потреба од држење лутина и инает спрема другата личност. Ова ако ме сакаш, ако не ме сакаш ми личи како на мали деца.
Зашто ѝ кажал јасно и гласно дека не ја сака и нема чувства за неа и нема потреба да се понаша ко 15 годишен со блокови. Кога некој ви каже дека не ве сака нема што тука да се молите и убедувате. Па ни куче не можете сосила да го натерате да ве сака не па човек. Дај имајте малку достоинство и самопочит.
Здраво, долго време се допишував со еден дечко, се гледавме се ок, на татко ми на работа му се случи нешто од кое што едвај преживеа, да се изразам така, он ме викаше да се гледаме, секако дека само чекав во болница да го спасат и да видиме што ќе биде, ни на крај памет не ми беше дојдено до кафе, пришто добив блок, ниту ме праша како е татко ти, ама ме блокира затоа што не сакав т.е. не дека не сакав да излезам, меѓутоа не бев расположена, а кој нормален би бил?! Му пишав sms, ми врати ''со тебе е губење време, нема што да се гледаме кога наоѓаш изговори за да се видиме на кафе'' ме одблокира од вибер почнавме пак да збориме, па почна да се лути зашто не сум можела камера да уклучам (а секој ден дома ми доаѓаат болничари) убаво му објаснив дека не можам сега, туку покасно, пак добив блок, еве веќе еден ден, јас не сум личност која се жали, само кажав што ми се случи, ми требаше само време , дали јас претерав некаде или, зашто се смени дечково?
Секако дека му кажав, одма му кажав, ама ете можеби добил впечаток за мене дека му се жалам, а немаше врска, доста сум позитивна по природа ама ете животот никогаш не се знае што ни носи.
Nisto pogresno od tvoja strana, razbirlivo so ogled na okolnostite, taka da si imas ciata sovest haha, kje ima i drugi priliki
Не се сменил, ти го покажал вистинското лице. Да му кажиш на човек дека родител ти е во болница, се бори за живот и уште дома идат здраствени работници и тој така се однесува, е се само за тебе заинтересиран вистински не. Секој, ама секој нормален човек би имал разбирање и би ти бил поддршка. Не ти треба таков.
Тој што те сака ќе биде покрај тебе и во добрите, а уште повеќе во лошите моменти. Погоре праша дали ти си претерала, не, не си претерала во ништо, твојата постапка е сосема нормална. Тој е оној што претерал. Не барај грешка кај себе. Ако изгубиш таков бесчувствителен човек, всушност и не е загуба тоа.
Ау. Вакво човече не треба и во поширок круг на познаници да имаш, а не па да се гледаш и да го тинтраш.
Ако сега нема разбирање за тебе во вакви околности, во врска па ич. Размисли, дали вреди за овој и совет да бараш.
Според мене не си постапила лошо , значи ако таткоти е бил во таква состојба многу нормално дека си била загрижена си чекала само добри вести да ти кажат а тој се така однесувал спрема тебе нема потреба да се замараш со него бидејќи сега можеби ти е тешко но за некој период ќе сватиш дека добро си постапила бидејќи сега ако нема почит и разбирање спрема тебе да не збориме за понатаму и за почита спрема твоите блиски
Баш во вакви моменти се гледа правиот карактер на некого. Овој се покажал баш на почеток. Бегај дур те држат нозете и спаси се. Не вреди ни да мислиш ни секунда за понашањето на дечково, катастрофа од човек е, се гледа.