@franca Не си постапила погрешно, оној кој навистина те сака ќе има разбирање, ќе биде со тебе и кога ти е лошо и кога ти е добро, ќе те почитува и ќе те слуша, нема вака да се однесува. Може и добро е тоа што сега му го виде вистинското лице, навреме ќе завршиш со него и нема да те повреди уште повеќе.
Не се сменил туку таков всушност бил. Барем во такви ситуации треба да се има разбирање. И тоа многу добро покажал каков е. Батали го.
А типот зошто се лути? Наместо да е со тебе и да ти е поддршка тој се однесува незрело. Тргни се, не ти требаат такви себични личности во твојот живот. Не си претерала ти ништо затоа што родителот е пред некое лигле(извини за изразот ама го заслужува). Тој нема почит спрема никого. Поарно порано што си ги покажал рокчињата барем ќе знаеш каков е
@franca жалам за татко ти. Се надевам сега е многу подобро. Кога јас бев во ваква ситуација, мојот бивш, ваков онаков, ама секогаш беше покрај мене. Овој не мириса на човек. Кај тебе нема грешка. Баш си зрела и разумна. Тој е спротивност од тебе. Чуму ти е таков човек? Каква иднина би имала со него? На човек му треба мир во ваков период (бар мене ми требаше). Дечково од ова што читам само дополнителен стрес ќе ти создаде. Пушти го и онака тргнал да си оди. Биди среќна дома сте сите на број. Ништо овој. Пролазник во животот. Ќе дојде некој што ќе остане. Ич да не се секираш.
Се повеќе размислувам дали да продолжам врска со човек неодговорен и негрижлив за себе си. Иде на работа со сила, насабајле едвај станува. Ако не му се јавам не ни иде на работа. Понижување му било да работи за 20 иљади. На лекар несака да иде,а има голем проблем со кичмата со години. Кога ќе кажам се лути, а јас само се грижам. Како да чувам дете, а не да сум во врска. И мрзлив е многу. Се треба да му кажеш, да го насочиш за нешто да направи не му текнува сам да направи. Јас сум сосема друга личност. Работам во 3 смени со години. Станувам рано, се грижам за себе си многу. Навистина се прашувам што понатаму со ваков човек? И во секоја кавга сум јас виновната. Незнам дали проблемот е до мене или што. Често пати го оправдувам со себе дека е машко и дека тие такви е но познавам многу вредни машки кој што се борат со целиот свој здив за подобро утре. Жално...
Ниште не е жално се дури си во врска и во состојба да бираш. Во иднина доколку основаш семејство со ваков тип на човек ќе имаш огромен товар на ‘грб’ кој нема да можеш да го издржиш.
Како почна, со првите зборови што ги пиша прво што си помислив дека е депресивен се до моментот кога кажа дека за 20 илјади не работи. Доколку си во врска е најлесно, можеш да бираш со кого сакаш да го поминеш животот, не дека во брак не можеш, ама некако поголем е стресот и багажот со себе. Ако како карактер не кликнува според тебе, не знам што се мачиш уште. Не знам колку е години ама тешко допрва дека ќе се менува.
А не ти смета тоа што тој очигледно има 0 почит за тебе и целата ситуација со татко ти? Би била со човек што не ти ја почитува фамилијата? Уште прашуваш каде си згрешила и зошто се сменил. Прво треба да почните да се почитувате самите себе си за и другите да ве почитуваат, се кажува тоа што после ваквото однесување од негова страна и што те блокирал, си фатила на друга мрежа да му пишуваш порака. Кај ти е гордоста?
Некогаш и он самиот вели: како да е во депресија. Живеел неколку години во странство и нели нормално правел многу повеќе пари таму. Сака да е пак таму, сака и заедно да идеме но мора да средиме документи за мене. Единствено нешто што седи тука е за мене но секој ден го гледам како се измачува. А и мислејќи на него и грижата кон него јас заборавив на себе но и на моите дома. Сега гледам да го поправам тоа. Гледам да направам баланс. А и незнам зошто се замарам кога мажот треба да е маж, не одгледувам дете. И двајцата имаме по 25 години.
Млади сте. Не знам што документи правите за тебе, ама ако може, зошто да не отиде прв тој во странство? Јас мажена и со дете, па маж ми отиде скоро 10 месеци пред нас , јас не чекав никакви документи, ама околнпстите беа такви. Бар денес комуникација е лесна, па макар на Нов Зеланд бил. А за депресииа се знае. Доктор.
Не знам дали е во ред дс се осеќам “сама” во врската?Колку беше прекрасно на почетокот...Никогаш не дозволуваше да останам лута, се слушавме многу почесто, почесто ми кажуваше рандом дешавки што му се случиле во денот, имаше планови за дејтови и време за мене,а сега се чувствувам како секогаш да сум втора опција и кога ќе му го кажам ова се лути и вика дека не е воопшто така. Исто така кога ќе го прашам уз муабет што се случи со дечкото што го засакав ќе ми каже престани со овие глупости јас сум истиот чувствата ми се исти према тебе и тогаш и сега. Или он си го покажал вистинското лице или тогаш сме иделе 6 месеци а сега година и 6
Машко како машко симнува ѕвезди секој почеток и подоцна се покажува дали навистина те сака или само периодично е со тебе . Според мене во твојата ситуација или веќе ѓи нема истите чуства и не е заинтерсиран за тебе како на почетокот или можеби некоја друга му го мати умот . Пробај да се однесуваш ладно и ти спрема него и ќе видиш ако продолжи со исто однесување раскини му
Ни една врска не е иста како на почеток зошто тогаш е ново, возбудливо, се е непознато, непредвидливо и то носи свои позитивни карактеристики со себе. Така пак не можи да биди, ама не значи дека не можи да биди пак убо, возбудливо, заљубено. Од кога врви тој honeymoon период, важно е каков однос сте изградиле и каков однос продолжвате да градите од после. Наивно е да очекуваш да е ист како тогаш зошто то е фаза. Или пак да остани непроменет. Ништо не е непроменето, само е прашање дали заедно ќе растите или одделно. И ако сакаш заедно да растите ќе зборате шо ви смета, а и шо сакате и очекувате.
Ако може се подетално објасни, ништо не те разбравме што сакаш да кажеш Зошто те остави, колку време ти се пушташе и зошто не го блокира другар ти или другар му од дечко ти, што ти кажуваше дечко ти итн...
Ако не ти верува, поарно сега да те остави, отколку откако ќе му родиш деца. Тие што заминуваат од нашиот живот, оставаат простор за да дојдат подобри од нив.
И јас оставив еден дечко од таа причина.. Едноставно ако изгубил доверба еднаш, тешко дека ќе може да ја изгради пак. И да, подобро што те оставил, инаку ќе се мачевте и двајцата во таа врска. Ќе биде подобро, верувај ми.