А не ве интересира некогаш да се запрашате или да прашате другата личност зошто не ви верува односно немадоверба итн? Еве ако ви значеле нешто, ќе му речиш што е проблемов со (не)довербава?
Недовербата во повеќето случаеви е резултат на тоа што биле изневерени/повредени од претходниот/те партнер/и. Е сега не сакаат да бидат сами и влегуваат во врска, иако не се спремни за истата и стануваат фрик контролори, љубоморни испади, сцени и други ср*ња на секој чекор. Така да луѓе средете си го умот пред да влезете во нова врска и не му го е*ете мозокот на друг кој не е виновен за тоа што ви се имало случено претходно. Изборите се ваши како и ппследиците кои доаѓаат од нив.
Зато шо предходно премногу верувале и одкако биле изверени, довербата се губи и тешко да му веруваш на друга личност колку и да е точен и да нелажи. Такво време дојде, секој мами на свој начин.
Не мислам дека недовербата се темели на тоа што биле изневерувани, мислам дека во прашање е карактерот на личноста има нешто психопатско или не знам како да ги наречам со поблаги зборови. Јас имав дечко кој беше болно љубоморен прво на мојот бивши дечко, се знаеше за него дека си купил мотор, какво кола вози, значи се буквално сите информации ги имаше собрано иако јас со мојот бивши дечко немав воопшто никаков контакт откако се разделивме. Ми звонеше на секој саат, а ако не кренев буквално имав 20 пропуштени повици. Не смееше ниеден колега да ме додаде на фб, ако ме додадеше следеше драма. Додека ми беа предавањата на факултет обавезно на паузата измеѓу предавањата се слушаме, цела пауза ми поминуваше во зборување и кога одев на факултет и кога се враќав, рак на увото арно не добив од мобилниот. Еднаш бевме закарани, видел во парк некој пар како си седат машко и девојче и тоа сред бел ден и му се причинило дека сум јас . Пред мене имал 5 врски, а сите девојчиња со кои бил во врска биле курви, тој така кажуваше, претпоставувам јас сум 6тата .
Odmango napravi ne salam, a se imate nekos zaprasano za svoite postapki ili samo treba slepo da vi se veruva?
Болдод е red flag, а тоа што она е љубоморна не е? Не секогаш треба овде да се дава подршка на женската страна. Ева он ако имаше напишано дека женска му е љуборморна и дека го чека да се врати од испаѓање, итн итн што совет ќе добиеше, дека тоа болдот од негова страна не чини? Значи неговото не ме интересира, и ти нема што да ми кажуваш однесување е резултат од нејзиното однесување.
Леле колку детско мислење ми пиша. Ти нема да ми кажуваш,ти нема ова,она. Бла бла. Тој е мој заклучок, ако не ти се свиѓа моето мислење образложи со убав тон,а не со глупости.
То оти реков да оди на психолог? И јас одам, па не се сметам за 'несалам'. Да си го смениш речникот и да не се плашиш од психички и емотивни проблеми. Сите ги имаме.
Ќе ти одговорам и јас на ова, се имаме запрашано, да. И често недовербата не е поради нас, туку поради негово минато негативно искуство со некоја друга личност пред нас или поради некој негов страв и сомнеж. Јас можам да бидам сосема коректна и да не му давам причини да се сомнева, да љубомори и да има недоверба, а тој сепак да е таков. А имам такво искуство, сум била со таков. Не беше во мене проблемот, во него беше.
не многу себично е ова твоево одма да се прати негде, наместо да се праша, затоа и така се поставив. Јас пример ако некој нешто му смета кај мене или откај знам шо и да е ги прашувам шо ги тера така да прават, што е причиниата и така можеби и полесно ќе го решиме проблемот.
Шо е себично? Ко и за секоја друга мака, си одиш на доктор. Не одат на психолог само луѓе со дијагноза. Кај нас е само срамота... зато сите се самомедицираат со седативи и алкохол
Нема потреба од никакви доктори и лекови за туѓата недоверба кон твоето однесување кога иницијална каписла не се реални околности и ситуации, туку умислени. Доколку недоверба постои тогаш се седнува и се разговара на таа тема. Нас ни требаат часови по елементарна комуникација и активно слушање, а не психолози. Ако нема желба за разговор во врска за да се решат недоразбирањата, особено кога партнерите си патат од вечното "знам, не ми кажуј ти мене" или вечито игнорирање на тригерите, тогаш пат под нозе. Нема коса да ми паѓа ради нечиј емотивен инвалидитет.
Океј е, љубомората до некаде е нормална човечка особина, не мора секоја човечка емоција веднаш да се става под лупа за да се прикаже како нешто што мора да се поправи.Не е нормално да преминува во посесивност и драматизирање за ситници, ама за помали работи попрво ќе зборуваме да видиме која е причината отколку веднаш да го барам проблемот кај другиот.Има многу пати кога тој што е болно љубоморен си има проблем со себе си, да, точно, ама не може да се генерализира за секоја врска.