И колку е тоа уште?? Додека и се нахрани егото дека доволно се замарал типот па после да излезе на пијачка? Што ако после првиот состанок престане да пишува бидејќи не му се допаднала во живо?
Од кај да знам, индивидуално е. Тргнувам од себеси, ако се допишувам со некој и ми се допадне, не чекам долго за прва средба, оти знам дека виртуелно може да продава прикаски, во реалноста баш и не успева тоа. Секогаш средбите да се на места со многу луѓе, насамо не. Ако "кликнеме" на прва средба, ок, ако не, да сме здрави и живи, има и други риби во морето. Ова важи за мене, не можам да генерализирам. Јас вака би правела да бев сингл во оваа ера на социјални мрежи.
Штом се запознале на социјални мрежи, значи и двајцата се свесни како изгледа другиот. И штом почнале да си се пишуваат, таа фаза е завршена, симпатии има. Втората фаза е осознавање на личноста, трпеливоста, заедничките точки, интереси и светоглед. За тоа не мора некој физички да ми се допадне. Ако од старт не ми ги почитува границите и напиња да сме се виделе после само ЧЕТИРИ дена, јасно е дека пишува со уште којзнае колку жени. Такви очајници има со лопата да ги ринеш. Најпаметно е да го игнорира и здраво.
Ако е константно допишување, после една недела. Па да брзо е, али што ќе очекуваш да зборите на првиот дејт? Можно е да немате теми за зборење ако продолжите само онлајн. Ако ти е страв да не ти направи нешто, затоа се излегува на јавни места, пример во некој ептен познат кафич. На крај процениси, ако не ти прај ќејф, блокни го.
Со дечкото бевме раскинати 2 месеци но се смиривме. На почетокот не беше се нормално, сепак поминавме низ лош период ама јас во главно сум иста како порано. Тој пак ми делува скроз сменет. Не ги прави тие некои мали гестови со кои порано ми покажуваше љубов, го нема тој поглед, нема комплименти, како да нема веќе љубов а ме убедува дека ме сака. Дали можеби уште му трае тој лош период и се навикнува повторно на нас, да му дадам време или да не се мачиме?
Ти најдобро си знаеш што чуствуваш за него и дали би сакала да му дадеш шанса. Ако тебе ти е мачење како што викаш,раскини.
Јас го сакам него, само не знам до кога треба да го чекам да се врати по старо. И дали некад ќе се врати..
Што беше причината за раскинувањето? Можеби сеуште те сака, само му треба време да премине преку се...
Проблемот беше недоволна комуникација. Од ситница направивме хаос, јас ја прекинав врската бидејќи неговите постапки не ми беа во ред. Сватив дека за глупост не вреди засекогаш да прекине убава врска и стапив во контакт повторно.
Значи ти беше таа што го направи првиот потег за смирување... Можеби нешто се случило во меѓувреме што ти не знаеш, можеби има некој проблем што не е спремен да го сподели....сепак прво пробај извлечи нешто од него,можеби ќе се опушти и ќе каже... Вистина не вредело да се прекине убава врска, ама сега како што кажуваш нема ништо останато од таа убава врска...не е убаво и да се измачуваш...
Здраво девојки, ви имам пишувано тука повеќе пати бидејќи искрено немам со кого да поразговарам. Ситуацијата скоро па ескалира, немам нерви повеќе а и желба за се изгубив, констатно осеќам некој бес во мене и гнев, едвај го потиснувам. Пишував и порано, со дечко ми сме заедно скоро 3години, а тој веќе нешто повеќе од година дена е невработен, има 23години.На почеток тоа не се чусвтвуваше толку многу бидејќи имаше нешто настрана тргнато од тоа што работеше скоро 2години на едно работно место, ама сега е веќе скроз пропаднат. Имаше еден неуспешен обид за да работи странство летово кај негова роднина од кој се разочара премногу, исто така во фирма за која многу се надеваше дека ќе го примат не успеа и некако скроз му падна филмот. Одбива секакво работно место бидејќи од една страна смета дека тоа не е работа за него, а од друга психички бил истрошен и немал волја за ништо. Ама нема пари воопшто, значи воопшто. Гледа активно спорт и чат пат уплатува ливчиња, се надева дека ќе добие.Од пари има нешто шо му даваат неговите, ама реално не му се доволни тие пари и често ми бара на заем. Толку ми е понижувачки дечко ми да ми бара пари за секојдневни потреби, ама пошо имам, попуштам и му давам. Последно му дадов пари за факсот и плус нешто за да поминел викендот, кога го слушнав ова скроз во земја потонав, јас се срамев за него. Јас би му дала да знам дека работи, заработува али заради некој ненадеен трошок не му достигнуваат пари па му треба, али за вака не. Кога и да му го спомнам ова се лигави како секој е до тебе кога е се океј, а никој да ти поддаде рака кога си на дното. На сето ова му велам дека е здрав прав и дека треба да почни да работи, не му фали ништо буквално за јас да почнам да го жалам, не е болен скрајада било. Ама јас сум секад крива, јас сум таа шо е против него и шо не го разбира, штом се почне оваа тема стандард ме напаѓа мене. Некогаш дури и ми се обраќа со зборовите: ајде не брблај за ова напорна си, на што му враќам можеш да бараш од мене пари а кога се отвора оваа тема очекуваш да не брблам.. А ме сака, многу ме сака. Не е до пари или до било што, едноставно ме сака. Се гледа и по поглед и по постапки и по се', јас му сум буквално за се' и издувен вентил и рамо за плачење. Ама мене ми здосади, осеќам дека ме повлекува надолу со него, тонам психички заради него. Си велам постојано зарем до толку сум безвредна за да го трошам времето со него,некогаш го гледам како најголем лузер иако не велам ништо нели, не сум толку бесчувствителна. Ама не сака да работи, не сака и не сака. Нонстоп нешто не му е погодено. И заради тоа не е за жалење. Па јас да немам 100 денари во џеб, а сум возрасна и во години кога сакам да прошетам и дотерам, плус тоа долга врска, ако треба и тоалети ќе чистам, само да имам нешто заштеда настрана. Не му ја разбирам ич машкоска во ситуацијата, и тоа ми оди на нерви, на моменти го мразам. Шо би направиле во мојата ситуација? На врвот сум да му раскинам иако не сакам, ама губам и надеж и љубов и страст полека..
Ако проблемот првиот пат бил лоша комуникација, сега не забележуваш дека се повторува? Разговарајте. Ако не сакате, не можете да комуницирате, тогаш нема поента.
Машка спонзоруша. Мене искрено би ми било срам вака да барам пари како да просам, ама некои луѓе се оперирани од срам. Убаво те манипулира со лигавање и демек те сака, а ти ако работиш за него да го финансираш продолжи со него.
Прво, браво за тебе, затоа што се гледа дека искрено го сакаш и не ти е битно тоа што нема пари. Второ, 80% ако не и 90% од нас луѓето во мкд работиме работи каде што не ги сакаме и мислиме дека не се за нас, еве јас сум ти пример, работното место ич не си го сакам, ама за пусти пари и кога нема каде да се работи, веќе 4 ипол години сум таму, а сакам друга работа, очајно. АМА тоа не значи дека ако веќе не ме примат на некое место и да паднам у депресија, без пари сега ни во вц не ти дават да одиш, не па за друго. Искрено јас незнам тој како не се засрами како прво, и со него генерациски сме тука некаде, па уште на 23 години да бара од неговите и од тебе за ливчиња, срамота. Вака без работа и пари уште многу нема да можи да тера, оти без тоа не се живее, освен веќе ако не биде мамин син цел живот де. Се гледа дека го сакаш да, сега сте во врска, во брак што ќе прајте вака? Нема да работи он, само ти? Размисли убаво, јас не би со ваков, АКО не го промени ова.
Проблем стварно. И јас исто ќе се осеќав ко тебе. Човек ако е депресивен безразлика на пол може ептен тешко да се снаоѓа за работа. Не знам дали е мрза или се мачи со депресија. Ама во секој случај, повеќе пари би му давала за на психијатар/психолог да оди, да реши ако има некаков проблем, одколку пари за спортска да уплаќа. И да има депресија и заради тоа да му е тешко, пак негово е да оди и да побара помош. Ако упорно не сака да го решава проблемов, не би те обвинувала ако раскинеш, и јас би размислувала за тоа.
Ако не му се работи сега, кога ќе му се работи на 50г? Луѓето не се менуваат, дури и да изгледа дека се смениле порано или подоцна ќе си го покажат вистинското лице. На тебе е да си одлучиш дали сакаш да му бидеш мама или ќе си најдеш некој на кој ќе му бидеш жена.
Можеби навистина бил депресивен и му треба помош, ама кога увидел дека ти си му ветар во грб и го поддржуваш со тоа што го финансираш , се опуштил и сега си спие на тоа уво..... Се додека има кој да го финансира нема да најде работа што му прилега