Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mmilena997

    Mmilena997 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2021
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Ми бара на позајмица и ми ги враќа за некое време, ама самата постапка на барање ми изгледа на просење и мене, во право си. Како му дозволува машкоста, мене тоа ми е на мисла постојано
    Така и планирам. Ќе му дадам рок уште некое време, ако продолжиме вака јас го оставам позади мене, па златен нека е ако сака.
    Го посоветував и ова. Му ја кажував и цела постапка како е за да оди да поразговара со стручно лице ако навистина е во депресија и е разочаран, ама и тоа одбива. А реално тоа не кошта ич, на државно Скопје се наоѓаат добри психолози, мајка ми и дел од моите пријателки одеа редовно и само позитивни искуства имаа.
    Се надева да изучи некоја програма па од тоа да заработи пари од дома, ама тој муабет го прави пола година а нема мрднато од мртва точка. А и тоа не е така плукни залепи, луѓе грдни пари даваат по курсеви.
    Работата за странство не му успеа и делумно заради мене, секако ненамерно, ама разговаравме, му се извинив 1000 пати и тој ми рече као не е толкава причина за да раскиниме, те сакам и ќе продолжиме, и баш заради тоа се осеќам као должна да бидам до него во овие времиња. Ама ми прекипи, сакам и јас нормална врска колку толку, не само финансиските проблеми да ми ги сервира. Отрпнав..
     
    Последна измена: 21 октомври 2021
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.276
    Допаѓања:
    47.085
    Пол:
    Женски
    Навистина не е лесно да се премине преку 3годишна врска, ама штом сама сфаќаш дека пропаѓаш со него, те влечи кон бездна, си го знаеш одговорот..
     
    На Mmilena997 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.816
    Допаѓања:
    97.367
    Пол:
    Женски
    Епа сега ако одбива психолог/психијатар што друго.
    Депресијата не е во твоја контрола, ама одење на психолог или на лекар е, е сега тоа ако го одбива, па што си ти должна да трпиш.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Ете да речеме вака: омажена си за него и имате 1,2,3 деца и поради некоја рандом причина тој останува без работа. Дали мислиш дека е во ред да седиш дома и да чекаш да ти падне од небо или да добиеш лото или ги запрчуваш ракавите и работиш било што за твоето семејство. Да, животот не е фер, не е филм и не е совршен ама тоа е реалноста и неможеш да седнеш во кјош и да чекаш да се сменат работите, ништо нема да се смени ако седиш мирно, мора акција за да има реакција.
     

    Прикачени фајлови:

    На Izaabella, poppie, Mmilena997 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mmilena997

    Mmilena997 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2021
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Истото и јас му го зборувам, баш истото. Ама немал деца, немал обврски шо му тежат и заради тоа не сака да биди приморан да работи било што..Скроз безвеза свесна сум.
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Што му направи на човекот?
    Магија?
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.816
    Допаѓања:
    97.367
    Пол:
    Женски
    Немал обврски да му тежат, а тебе што ти тежи обврската да му даваш пари за ова, за она :worried:
    Проблемот е што за да посакаш да имаш деца со некого треба да се докаже дека е одговорен, а не прво да имам деца после ќе наоѓам работа.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Ццц, тогаш ќе биде прекасно, тогаш мама и тато ќе бидат криви што не направиле поголема куќа, купиле 3 коли и немаат да ве пратат на одмор, а ти ќе кажеш еден збор и ќе си го однесеш за се. Така да само едно ќе ти кажам. Бегај си на време за да не плачеш утре и да го минеш цел живот повуци потегли.
     
    На cresa-jagoda, Mikha4 и poppie им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    @Mmilena997 Имав слична пократка врска. Дечкото беше паметен, воспитан, сталожен, супер функциониравме ама заглавен на факултет, без работа. Се тешев дека ете ќе дипломира кај и да е, па ќе најде работа на струка, ако најде работа уште толку ќе го запостави факултетот. Јас живеев со цимерки, целосно самостојна, тој живееше со неговите, пари од нив. Немаше кола, нема пари за патување, нема пари за вечера, нема за диско. Јас си го сменив животот за да бидеме на исто ниво и да не се осети неубаво заради тоа. Почнав да му зборам да најде работа нешто што не бара психичко трошење за да може во исто време да ги заврши испитите ама на него се му беше испод ниво. Ми се здосади да ти кажам да не одам на одмор, на зимување, да не седнам со него во ресторан, од парковите и кафе за носење. Му предложив да живееме заедно и да си најде работа, па да ги делиме трошоците. На тоа ми кажа Да, ама тогаш ќе треба да најдеме евтин стан, ќе го немам луксузот моментално дома што го имам како не знам колку инчи телевизор, каква гарнитура, каков компјутер итн. Толку навредена се осетив што седнав, му го направив последниот муабет, не видов никаква иницијатива од негова страна и прекинав преку телефон за конечно зашто веќе немав енергија да ја трошам на него.
    Мислев ќе се разделиме мирно зашто очигледно не си одговараме и зашто го знаев како културен дечко, а на крај добив такво вреѓање како курва, спонзоруша, да не знаев кај се наоѓам. Среќа не потрошив повеќе време на него.
    И за да биде иронијата поголема откако раскинавме ослабе, се набилда во теретана, запиша курс, се вработи, положи за кола и не искача од кафичи. И ај сега најди нзс.

    Јас би ти рекла ако не гледаш некоја промена кај него и ако не те прави среќна, не губи време. Ќе си најдеш среќата како мене :)
     
    На Veta, cresa-jagoda, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    8.933
    Пол:
    Женски
    Тоа е типично мушко его. Си го инспирирала да се смени, од инает. Среќа си го баталила, инаку цел живот на магарешки инает ќе ти пројде. Напорно и стресно.
     
    На Cherry333 и Jana06 им се допаѓа ова.
  11. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Љубовта на страна, дечко ти е човек од типот не работам и не се мачам не некое лошо работно место за 15000. Ако сакал ќе најдел некоја работа барем привремена се додека не најди нешто што би му одговарало. Ако не работи на 23 години што ќе прави? До кога ќе биди бадијалжија што живее на грбот на родителите?
    Не ме сфаќај погрешно но размисли каква иднина би имала со таков човек, реално секој би сакал да работи во администрација и да зема повисока плата ама знајме кај живееме.
    Се што ти кажува му е изговор искрено ама тоа е менталитетот наш.
    Од работа нема срамота :)
     
  12. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Јас стојам зад ставот дека добра и здрава врска не може да заврши. Кога двајца имаат проблеми и не оди тоа е тоа и нема враќање назад. Двајцата си губите време, не може да биде исто бидејќи со причина сте раскинале.
    Мој совет е да не правиш ништо што сметаш дека не заслужуваш односно што не ги исполнува твоите стандарди, што и да направиш тој нема да се смени. Ти посакувам се најдобро :D
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    И јас сум во некоја слична ситуација, само кај мене не е тоа единствениот проблем. Никогаш не ми биле битни парите, од 18 год сама заработувам, но како што поминува времето се повеќе ми пречи. Не е дека не работи воопшто, работи на проекти, но нема стални примања. Годините веќе не ни дозволуваат да "ловиме риби", разговараме веќе и за станбено прашање, но баш поради тоа и не можеме да си дозволиме да заглавиме со некој кредит. Негова беше идејата да идеме некаде под кирија, додуша првично викаше да иде он сам, затоа што така ќе можел да работи онлајн без да му пречат неговите, а јас да идам како и досега, ама да сме делеле трошоци и да не им ја кажувам ситуацијата на моите. Му викам ја да седам дома и да плаќаме пола пола нема шанси. Секако дека не сум без осет и ќе купам за јадење кога ќе дојдам, ќе зготвам нема никаков проблем, ни кај него не сум идела со празни раце, ама мн несигурно ми делува со муабетиве. После го смени муабетот, ајде правиме чекор, ке живееме заедно, ќе делиме се... Ајде викам ок, ма да мојот став е да аплицираме за станбен кредит и парите место на кирија да ги даваме за нешто наше, ајде викам ќе попуштам да видиме како би функционирале. Идеме гледаме неколку станови, и последниот ептен ни се допадна. Со луѓето се договараме, он кажа ќе оставел капар за 6 месеца, ја жива пресреќна. Требаше да идеме накај мене и викам ајде ќе земеме пиво, ќе им соопштиме на моите, бидејќи за неколку дена ќе се селиме, он вика ај ќе ги изненадиме, кога ќе се преселиме, ги земаме со кола, ги носиме во станот да ги изненадиме. Не можев да издржам да не споделам ама викам ајде ок, не им кажуваме вечерва. Во меѓувреме збориме и за неговите и вика моите нема мн да се изненадат. Договорот беше да не кажуваме на никој дур не биде готова работата, затоа што во моментов станот го средуваат и возејќи се во кола, господинот пишува со брат му и му кажува ЗЕМАВ СТАН под кирија ќе идам. Немав намера да му читам муабети ама пошто почна да губи контрола и да шета по ленти, морав да видам што е толку итно. Мн се нанервирав во моментот, ако се договараме не кажуваме на никој почитувај го тоа. И гледам брат му му пишува скап бил станот ова она... Не сакав да се расправам вечерта, ама сабајлево некако сам си ја наметна темата како ја сум требало повеќе да го слушам, ако веќе почнуваме да живееме заедно и мене капак ми беше тоа. Почна да пререкува како он ќе идел да живее на др крај ради мојата работа, како он ќе ја дал неговата заштеда на кирија и сл. Се испокаравме, значи штом он плаќа за кирија за 6 мес однапред и ги дава сите пари, а во меѓувреме нема стабилна работа, јас секако ќе плаќам сметки, храна и сите трошоци во меѓувреме, од др страна за локацијата, он го најде станот и ја сум таа што има стална работа и ни одговара да заштедиме на гориво. Ми ја уништи цела среќа и веќе не ни знам дали вреди да направиме таков чекор. Кажувајте совети, ако им кажам на моите знам дека нема да го гледаат со исти очи. Искрено не ми влева никаква сигурност.
     
  14. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Ако за твоите е најдобриот на свет, а за тебе не е, дали би ја гледала нивната среќа или твојата? Ти си таа што ќе делиш леб, кревет и кров со него, не тие. Бдв каков е тој живот ако имате мои и твои пари? Тој што заработува помалку е помалку вреден или? |(
     
    На poppie, deskarada и ladydy13 им се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Секогаш се препорачува она прво живеење заедно за да се пробате, па после официјално да се става потпис. Но дечко ти уште пред вселување си го покажал карактерот. Дали одсекогаш бил таков тип на човек што не прави и не е спремен за компромиси или се работи за домашно воспитување каде жената треба да биде послушна, ова ми боде очи ама многу и е големо црвено знаме, тоа ти најверојатно подобро го знаеш.

    Сигурно си изнервирана сега, но зошто да не им кажеш на твоите? Гледам тој инсистира и за станот да не кажувате, некако како да има задни намери или се сомнева дека твоите би те предомислиле, што ми кажува дека твоите и не го сакаат, а очигледно и со причина.

    Јас би те советувала да си дадеш време, одвоено од него затоа што многу влијае на твоите одлуки и желби и не го ни почитува твоето мислење и тоа што ти го сакаш. да размислиш убаво, посебно за да извагаш некои работи дали вреди воопшто и да се вселиш со него. Можно е да си била ептен заљубена па да не приметиш некои работи, но со вакво однесување изгледа си имаш работа со многу себичен човек.
     
    На Zumbula, MeowMeow и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  16. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Во ниеден момент не реков дека е помалку вреден, штом сум со него не ми пречи тоа воопшто. Ме изиритира фактот како он нагласува како ќе ја дал неговата заштеда за 6 мес однапред кирија, ама не е свесен дека и јас ќе имам придонес, во иднина и цела моја плата ќе ја давам за нас затоа што он нема работа, а ја дава целата негова заштеда. Јас се нафаќам и на тоа, на него не му се работи "било каква работа", сака газда да биде. Јас буквално се борев со моите за нашата врска, и очекувам барем да дојде кај мене да им соопштиме дека планираме да живееме заедно. Не разбирам зашто не сака да им кажеме, а на брат му одма му пиша, и тоа ЗЕМАВ СТАН, па ваљда го зимаме заедно.
     
  17. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Баш затоа, јас давам се, ти не даваш ништо. Твојот придонес се множи со 0. Кај вас има јас и ти, нема ние, самата гледаш дека збори во еднина. Како што пишав погоре на претходната членка, ти си таа што ќе живееш со него, старите велат: очи гледале, очи плакале.
     
  18. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    139
    Моите беа против нашата врска, не го ни познаваа тогаш, причината беше различна вера. Во однос на доминација, имам приметено, он е секогаш во право според него, и јас сум таа што треба да "слушам". Му кажав јасно и гласно моите никогаш не ми наметнале став, сите мои ставови во врска со битни животни прашања ги знаеш, картите се на маса, така да штом си со мене веројатно си ги прифатил. Ми делува дека не е сигурен, и ме нервира зашто да не кажеме на моите, а на брат му одма му пиша. Па и јас имам сестра со која сакам да споделам, но кога се договараме меѓусебно дур не ја биде работава не кажуваме на никој, очекувам да си стои на договорот. Јас бев таа што вртев тел и ги договорив луѓето, а он е тој што сега пререкува како ќе ја дал заштедата, и ќе идел на др крај ради мојата работа. Не го принудив јас да се договори со луѓето и да ветува како ќе плати за 6 мед однапред, а сега како да му е криво.
     
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    А зошто да плаќаш ти сметки ако не живееш во тој стан?
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Стара школа. Домачица да будеш. Ако го дозволиш тоа, ќе си ја удараш главата од ѕид порано или подоцна.

    И последниот денар да го даде за тебе или ти за него треба да ти е мило, а не да ти става на нос. Колку луѓе би си ја дале душата за саканиот/ата ама поради некоја х причина неможат.
     
    На poppie, deskarada и Mikha4 им се допаѓа ова.