Девојки бе зошто трпите вакви работи? Зошто може по свет жените да се борат ко лавици, на работа столот ако им е понеквалитетен од тој на мажите, значи сексизам не се трпи во ниту една форма, ние во ова државичево треба невидени глупости на мажите да трпиме, за што, за некоја бајка на среќно си живееле до крајот на животот. Јас со ваков не би размислувала за врска, а не па за стан. Се изнервирав. Немојте само со она Ама ме сака, тој што те сака нема да те понижува, ни суптилно ни експлицитно. Паметна си, млада си, работоспособна, пази со каков ќе одлучиш да споделиш живот.
За тебе важат правилата, за него не. Тој се чувствува слободен да прави што сака, додека очекува од тебе спротивното. Ако сега прави вака, можеш да замислиш каков ќе ти биде животот со него, за ништо нема да можеш да се потпреш на него, затоа што може да се предомисли во последен момент. Види како ќе се однесува, ако решиш сепак да пробаш да живееш со него, договори се на пократко време, односно не си прави обврски да си ја даваш платата 6 месеци. Што ако му текне да се одсели на сред месец или има секакви каприци, па ќе се осеќаш должна да плаќаш се и сешто. Пофер е 50-50 поделба за сите трошоци. Едит: не мора да им кажуваш на родителите штом не сакаш, но кажи му него дека си им кажала, па баш види како ќе реагира. Многу ми е сомнително ова. И не знам како мислиш да се одселиш и да им кажеш на родителите: јас веќе не живеам тука без никаква најава. Не е фер, какви и да се.
Цело време ќе му бидиш финансиер а тој нека се жали ова ми е она ми е. Од премногу шо се разгалени зато така прат. Му дават другите и тука се наоѓа лабаво. На тие години да нема свој пари прво е страмота пошто на денешно време секаде можи да се поработи и да се извади некоја пара барем за излегување. Скопје е голем град и работа има секогаш. Ако не е во една фирма сигурно во друга ќе влези ама не му се работи. Кога веќе гледаш дека не се разбира со убаво тогаш кажиму или барај работа или секој по свој пат оти сотебе нема иднина. Немој многу да го жалиш оти ќе дојди денот кога ќе се прајш пишман шо си го жалела. Се има свој граници, иние работиме работа шо ја неќиме ама парите се основа за живеење а некој кој несака да работи кога сите сметки друг му ги плаќа како ќе се снаоѓа кога ќе има деца кога ќе треба да плаќа сам и сметки, гориво, трошоци за кола и слично. Нормално ќе биди во депресија кога седи само во едно место. Кога ќе почни да работи ќе заборави на се, ќе нема време да се издиши. Пули прај опулисиги оти после касно да не биди.
Кога седиш во едно место и си размислуваш се и сешто и самите анксиозни мисли те напаѓаат и со тек на време сакаш неќиш ќе западниш во депресија. Ијас така мислев не е можно ама ете можно е. Ама ко ме кладоја на линија во кромберг се помина.
@Mmilena997 јас мислам дека дечко ти не е во депресија, туку го има фатено некоја мрза и затоа ниедно работно место не му одговара. Плус неговите дома го финансираат, ти му даваш повремено и затоа нема абер да фати некоја работа. Животот е полн со разочарувања и на денешно време и нема многу стабилни работни места. Не е како нашите родители кога биле млади, па работеле по 10, 15, 20 години на едно исто место. Ќе побараш, ќе прашаш, ќе те одбијат и сосема е нормално сето тоа, млад човек не треба да се разочарува. И место да гледа спорт, треба да гледа да си најде некоја работичка. Година и пол да барра и да не најде ама баш ништо, не ми се верува. Ова испаѓа барам работа ама молам бога да не ја најдам. Кога ќе размислам 95 % од младите што ги познавам работат некаде, многу ретко некој да не работи. На колку од нив мисли дека работата им е по ќеф? Ретко кој оди на работа од што сака, сите одиме од што мораме. Не сте вие во брак па заеднички да ја трошите твојата плата. Ти си работиш за себе и јас на твое место би престанала да му давам. Би измислила нешто дека сум ги дала домак, дека ми излегол непредвиден трошок и сл. и би го одбила така неколку пати. Ако и по месец, два, три ситуацијата не се промени јас со таков дечко не би останала.
А што со луѓето кои работат и заболуваат од депресија? Како ќе ги 'објасниш' нив? И дали ти имаше дијагностицирана депресија?
Не знам од каде да почнам за да го доловам моментот, ама ќе се обидам. Вака, океј е да позајмиш пари на партнерот, на секој може да му се случи да остане шворц, ако знаеш дека ќе ти ги врати, што има тука лошо, не гледам. Лошо е доколку прејде во навика да бара постојано на заем за секојдневни потреби а притоа одбива секоја работа и не размислува за излез од ситуацијата. Срам му е да работи она што му се нуди? Како не може одредена работа да е погодена за него? Да не очекува да го стават некаде шеф? Не знам што позиции му се имаат нудено, ама едно знам дека човекот го фатила мрза па бара изговори дека ништо не е за него. Ретко некој од старт да работи она што го сака. Да разберев дека се наоѓа во мал град, и нема големи шанси ајде, некако ќе го сварев тоа, но во Скопје? Мислам, што очекува? @Mmilena997 девојко, не работиш ти за да го издржуваш него, и да му даваш пари за секојдневни потреби, ти немаш потреби? Сите имаме, ама едноставно не е решение нон стоп да бараме од некој на заем доколку во себе немаме во моментот. Ајде, родителите му даваат, ти му даваш, утре ќе бара од друштво, па од роднини. Мора да има до знаење дека не може така вечно да тера на туѓ грб. Или разговарај со него и среди го проблемот, или секој по свој пат. Не си му ти спонзор да му даваш и за факс и за што ти знам таму. Велиш дека те сака, ама понекогаш љубовта не е доволна. Кај му даваш пари, кај му зборуваш за негово добро, па и кажува дека си била напорна. Убаво е кажано, ако сакаш да видеш нечиј памет, позајми му пари. За натака ти си знаеш, јас реално не би останала во врска во која се чувствувам вака.
Не мора да значи. Ако е вистинска депресија во прашање, работата ќе му помогне да стане функционален депресивец, нема да ја "заборави" и само удолу ќе се тркала дур не се скрши на парам-парчиња. Ако е анксиозен, напнат, нервозен и под стрес и притисок ПОРАДИ тоа што нема работа, тогаш кога ќе ја најде ќе му биде подобро. Не знам дали некогаш воопшто имал работна обврска, ако немал, значи дека идеализира како е да си врботен и не е подготвен за реалноста. Било како било, не е добро ниту едно сценарио.
Или нека почни да работи или прекини со него. Типичен паразит, верувај потешко ќе тибиди во животот, секогаш ќе има нешто за да изиграва жртва и да ти бара пари.
А која е причината, он што вика(освен што те напаѓа тебе), зошто не сака да бара работа?И плус велиш студира, така како да разбрав?
Што им е на денешниве мажи не знам.. Па и уште да делите трошоци и доколку заедно не живеете, како не му е срам? И штом почнува уште сега мое, твое, јас поради тебе ова, она да ти префрла, замисли во брак каков ќе биде. Добро е барем уште сега што си покажува лицето, а ти отвори си убаво очите а богами и трезвено размислувај затоа што еден ден може многу да заглавиш со него. Вие не сте во брак ама штом одите кон чекор заедно да живеете, нема што да ти префрла поради твојата работа дека таму земал стан. Мене маж ми, тогашен дечко тоа скоро пред 15 години, дојде во мојот град и седеше под кирија само да бидеме блиску и заедно и тоа 7 години, никогаш нема да заборавам каква жртва има направено, за некои можеби тоа ништо не е ама за мене значи многу. Да пренасочиш и живот и работа, а богами и пари да трошиш со години, не на брак туку на врска не е едноставно со оглед дека во Македонија живееме. Па никогаш во овие 15 години ми нема префрлено за тоа. Ама и без да каже јас никогаш нема да заборавам. Не ме сфакај погрешно ама убаво размисли си за иднината со него. Не знам колку има години ама според ова што опиша не верувам дека има 18 години.
Здраво на сите, првин да кажам дека сум машко и се зачленив затоа што барам совет од женска гледна точка. Имено имам 30 години, високо образован, сметам дека добро изгледам и добро заработувам за наш стандард. Проблемот ми е што тешко ми иде создавање на врска која утре ќе ми донесе и нешто повеќе од тоа. Имав само неколку врски претходно, од која последната траеше отприлика повеќе од година ипол. Се прашувам каде грешам, затоа што сите девојки што сум ги имал беа на некој начин емоционално нестабилни. Последните две примаа терапија со антидепресиви. Колку да можеби изгледа себично ова, но ми се врти исто така во глава прашањето. Зошто налетувам на такви особи? По природа се сметам за стабилен човек, кој гледа да има разбирање на работите, колку што е можно да не создава непотребни конфликти и да помогнам таму каде што мора. Дури на последната врска сум гледал максимално да давам подршка на саканата да се бори против тоа зло, да имам максимално разбирање за некои нејзини сфаќања и да ја мотивирам да биде утре подобар човек (секако не да изигравам психијатар), првин за себе, па после за сите но едноставно особата како да немаше желба за такво нешто. Не навлегувам во тоа зошто раскинав со последната, имаше и други проблеми. Не беше директна причина ова, но сепак придонесе да ја направам таа одлука. Свесен сум самиот дека не сум совршена особа ни јас, сум правел и ќе правам грешки, намерни или ненамерни. Имало можеби причини и зошто некоја особа не сакала да биде со мене, кои можеби биле легитимни. Но сепак, доколку некој имал вакво слично искуство како моето, би бил благодарен доколку го сподели. Како да привлечам особи со кои би градел нешто во иднина и со кои би имал добри и лоши моменти, но на крај сето тоа да заврши во некаква хармонија.
Мислам дека не е сигурен и се плаши, дел ради финансиски причини, дел ради нашиот однос. Мн имам жртвувано во врскава, но веќе немам сила. Мн сум бесна уште, очекував како маж да седнеме со моите и да каже вака и вака ние правиме чекор, и не само што не сакаше, ќе сме ги изненаделе, а веќе следниот момент му пишува на брат му и тоа ЗЕМАВ, ЌЕ ИДАМ ПОД Кирија. Мн ме повреди, и место да прифати он уште се брани со напад, јас сум правела фрки пред таков голем чекор. Леле ми се одмили, не сакам веќе ништо. Ама он сам ми прати линк од станот, се јавив јас, го гледавме заедно. Значи ако не е сигурен дека ќе сме ок, па не сака да се бламираме пред моите зашто воопшто бевме?!! Немам веќе памет
Ако пијат антидепресиви не значи дека се емоционално нестабилни. Не знам што подразбираш кога велиш И давам поддршка да се бори со тоа зло - кое зло, антидепресивите? Вака од ова што кажуваш не би знаеле што совет да ти дадеме пошто не кажа скоро ништо за себе. Биди малку самокритичен, што мислиш ти во што е проблемот, дај ни повеќе инфо, вака мене ми е многу општо ова напишаново, што и да кажам ќе згрешам.
Високо образована личност не знае зошто се земаат антидепресиви?? Ако земаш антидепресиви не си емоционално нестабилен, нешто грешно ги имаш сфатено работите, очигледно. Каква врска има тоа што си високо образован и добро заработуваш, со градењето на стабилни емоционални врски?? Можеби ти си емоционално нестабилен, а тоа како ти си се сметаш е друга работа.
Dali vi se slucilo so nekogo da mislite deka tolku ste kompatibilni, hemija nevidena. Se odi vo dobar red. Imate seks za prv pat i sfakjate deka ne ste kompatibilni. Jas impulsivna i nervozna, toj isto. Se slucuva nesto sred odnos, i dvajcata se iznerviravme i si otidovme doma. Preglupo mi e, sram mi e so pisuvam. So posle ova? Si velam da ostanav smirena. Spored nego jas ja napraviv raspravijata, od mravka slon sum napravila. I nemozam da negiram. Malce poveke izbuvnav. Ana toa go napraviv zasto sakav poveke neznost. Posle mu se izviniv ama nejkase da razgovarame. I tolku. Sto sega
Си го добил она што го сака и веќе не си интересна. Се надевам дека грешам, ама натака ме води. Дај му време, види дали ќе те побара, но јас искрено не би продолжила.
Разговарајте. Ако мислиш дека си избувнала премногу, јави му се, кажи му го тоа каде си погрешила, кажи му го тоа што ти засметало и од негова страна. Па дури и да не поминете преку тоа и да не продолжите со ништо понатаму, барем ќе разрешите се.