Здраво, вејќе подолго време ме мачи еден проблем. Во врска сум скоро 3 месеци, но во последно време не ни оди најсјајно. Уште на почетокот имаше некои чудни испади од негова страна во смисла, следеше бивша од стар профил и самиот ми го покажа тоа со не знам каква цел што ме збуни и изреагирав и работата било дека не го гледал он на таков начин тоа што ја спомнал и ми ја покажал, била завршена приказна и воопшто не била битна ја блокна и добро океј. После некое време пак дојде на ред друга бивша, што само ја знаев од вака зборување од негова страна (дека лошо завршило итн.) и дека му имаше пишано за пак да ги поправеле односите но он и рекол дека не сака и дека со има друга во својот живот. И покрај ова ја гледав како и става лајк на секоја нова слика а пред мене ја правеше небитна и дека е завршена приказна. Ајде и за ова имавме муабет отпосле бидејќи стварно не ми беше сеедно, едно збори друго прави, и ја тргна и неа за да докаже дека не е така и дека е завршена приказна. Ова се се случи во првиот месец, некој ќе рече биле ред флегс и лоши знаци но ајде си реков со тек на време ќе стане поозбилна врската и се ќе си дојде со ред. После некое време се беше супер, се додека не почна да ме мачи тоа што има најдобра другарка и во ред не би забранувала дружење и се тоа во одредени граници, но не ми се допаѓа тоа што девојчево во средно школо било затрескано премногу во него, а сега се само толку добри пријатели. Он немал никогаш за неа чувства, бар така вели, но не ми дава мир фактот што она имала чувства, било да е и во средно школо, некогаш постоеле и секогаш ќе ти остане работата во мисли. Со друга колешка што исто се добри пријатели , дознав дека исто нешто имало меѓу нив (за еднаш било) и сеа се уште во контакт, секојдневно. Не ми е сеедно, колку и да делува озбилен јас до сега не сум имала вакви работи во врска, можеби и си имам други очекувања. Во моментов сме скарани, бидејќи последем пат кога се видовме прочитав порака кај него на телефон од другарката, што не ми гласеше соодветно за да ја пише на другар, и не изреагирав со време туку отпосле прашав. Ми прати скрин шот и се и испадна дека пораката не е така како што јас прочитав, и сега сум збунета или толку ми е замаен мозокот со таа ситуација што сум прочитала сама нешто такво а вистински било пишано сосем друго, не знам. И сега е лут дека јас не му верувам и не правиме муабет више 2 дена, но не знам што да правам во врска со целава работа, па затоа би побарала совет тука.
Двајцата треба да направите чекори. Ти да не бидеш љубоморна на сите жени што можат да го свиѓаат, тој да не реди лајкови на бивши.
Луѓе, да си прашам нешто. Неодамна прекинав токсична врска, љубоморен беше, а и си имаше некои проблеми за кои не ми дозволуваше да му помогнам. Е, излегов повредена поради некои негови муабети со мене и скроз ми падна самодоверба. Неколку месеци подоцна запознав еден дечко кој упорно ме молеше да излеземе. Некако прифатив, па ќе излеземе. Не знам дали избрзав со одлуката. Дечково е океј, се супер, ама проблемот е во мене. Не сум таква да скокам од врска во врска, може ќе бидне нешто а може и не, ама не знам како да се однесувам повеќе за да не згрешам. Со него имаме многу теми за муабет, ама не знам, што ако излезам пак повредена? Претходните врски ми ствараа само анксиозност па се уште размислувам дали постапив добро. Дури размислував да откажам у последен момент, ама не сум таква, ќе отидам на кафе па што биде биде. Ама двоумењето...
Не знам... сегашната најблиската пријателка што била лудо заљубена некогаш според мене не е било која жена, затоа и ме мачи.
Штом се двоумиш не си спремна за нова врска. Може ти е убаво со него, ама најверојатно не е тоа, тоа.
Може не ти е страв од врска туку од повторување на цикуслот од минатата врска. А и ако не отидеш на кафе не значи дека мора да бидете во врска. Можеш да видиш дали ти се допаѓа па потоа да одлучиш Инаку, не е глупаво да откажеш.
Јас би рекла да излезеш. Животот врви, немој да се затвараш дома ради едно неубаво искуство, поготово на овие години. Без притисок, ако има хемија има, ако не, пресечи и тоа е.
И јас мислам да одиш чисто на пријателско кафе . Напомени му дека е пријателско , да не му текне да се прави наудрен Избери некој кафич кај што седиш стално , нешто опуштено , нема ни да приметиш дали е дејт.
Дечково е супер, и брат ми го познава, кога го прашав за него немаше лош збор. Ќе отидам на кафе, само другарски, ете, ама ќе шетаме низ парк, не сакам гужви. Па ќе ве известам.
Стравот е од тоа дека си била повредена претходно и сега да не бидеш пак. И можеби не си спремна уште ама со тоа си правиш лошо на самата себе. Дај си шанса на себе да бидеш среќна и на некој друг кои сите претходни ќе ги направи небитни. И нема ништо глупаво ти си одговорна за твоето добро и не си должна никому ништо. Биди си ти на прво место и со среќа.
Не очекувај многу, за да не се разочараш многу. Замисли на тоа како да запознаваш другар. Ако бидне супер, ако не пак супер. Прошируваш познанства, нема ништо лошо во тоа, на крај па може и нешто убаво да испадне.
Напротив, јас сум за да прима лекарства. И да иде на психотерапија... сум ја давал наполно подршката за тоа. Проблемот беше тоа што немаше желба да работи на себе за подобрување на нештата, за кои најреално кажувам не беа по моја вина. Мислам дека ги мешате работите и напаѓате непотребно. Не реков дека депресивните се емоционално нестабилни, само мене ми се погодиле и едното и другото. А тоа за високо образован и добра заработка го наведов од аспект дека вие женските колку и да не сакате да признаете, сакате вашиот партнер да има нешто од овие карактеристики. Не знам, да знаев немаше тука да пишувам. Може ако ме упознаеш ќе ми кажеш, За волја на вистината и не ни очекував да ми кажете, само сакав да знам дали некоја имала некое такво искуство, евентуално да даде некаков совет за да формирам слика каде да се поправам за во наредна врска за која што целам да биде колку што може стабилна и хармонична.
За почеток не мора да се фалиш дека си високо образован и дека заработуваш. Непотреба информација, боде во очи(барем мене), не сакам луѓе што се перчат со образованието и заработката, автоматски тоа одма ми кажува за каква личност станува збор.
Во моето друштво имав пар во кој женската со години се бореше со депресија ,анксиозност,панични напади....постојано беше под терапија. Отстрана гледано,ми делуваше како нејзиниот партнер лавовски да се бори за да опстане врската...постојано таа варираше со расположението,еден момент беше супер весела, а веќе наредниот се караше со него. Можеби тоа е и до карактерот, не би знаела да кажам, до сега фала богу сум немала проблем од таков аспект. Само знам дека тој многу вложува во тоа да останат заедно, многу работи премолчува, и еве сеуште се заедно веќе 10 години, и покрај сите подеми и падови... Мислам дека секој не би можел..... За последното незнам што да те советувам....излегувај повеќе, шири познатства....
Девојките биле емоционално нестабилни? Жените поминуваат низ месечен циклус на промени на хормони, ПМС и останати работи што за вас мажите е научна фантастика. Друго викаш дека биле на антидепресиви. Никој не сака да пие лекови ако не мора. Ако ти си имал некоја болест и треба да пиеш лекови девојката да те остави за тоа? Ако треба со некој да бидеш заедно и депресија и полоши работи ќе поминете и надминете ако не ќе си се разделите и крај. Ама да се фалиш себе а другите дека не биле добри малку ми е нарцисоидно. И што ако следната што ќе ја запознаеш ептен се заљубиш е на антидепресиви?
Ај озбилно сега не претерувајте, во други теми сите се изнаснија од љубов само не се живее. Така да и тоа како влијае, не е пресудно, но сепак не дека воопшто не е значајно. @mashko903 биди свој, вложувај во врската, биди поддршка на партнерката, давај внимание но имајте време и за индивидуално да созревате и напредувате, зрело однесување и зрело решавање проблеми, спремност за компромис. Биди својата најдобра верзија, ќе дојде и таква со која ќе кликнете и еднакво ќе вложувате.