Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Машки
    Во многу европски земји каде што сум бил (Барселона, Прага, Рим, па дури и во Бугарија) луѓето, поготово помладите знаат да си земат coffee to go и да си седнат на најблиската клупа и да си поразговараат. Ова беше вака пред пандемијата, а сега би требало да го прават повеќе, со оглед на тоа дека има голем број невакцинирани граѓани.
    Доколку не е вакциниран, има како и на друг начин да седнеш ,,на кафе", а да не е кафуле. Не знам како е во другите помали градови, но во поголемите има скоро секаде кафе за носење.
    Покултурно изгледа кога машко би ја повикал девојката на кафе на тој начин. А за тој другиот во кола или кај него во стан, се знае што му се намерите.
     
    На Stark, Hoping, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.905
    Допаѓања:
    7.372
    Пол:
    Машки
    Штета што денес голем број на мажи се заљубуваат заради надворешен изглед (атрибути), а не шарм и карактер. Тебе можеби појака особина ти е второто, но кога на другиот спроти тебе не му е тоа на кое паѓа кај жените, џабе е и научник во НАСА да бидеш.
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Дали ви се случило во долга врска да ве фати досада , монотонија.Едноставно повеќе да сакате да го поминувате времето сами, а со партнерот помалку желба.
    Не ми е он досаден, туку само сме дома ретко да излезиме и мене ми здосади тоа.Од серии гледање и тек тук излегување до град друго ништо не правиме.
    Сама сум секој ден , он е на работа.Разбирам дека го мрзи, јас не работам само лежам и нормално ми е досадно.
    Ама, искрено не дека не го сакам или ми здосадил, туку повеќе сакам сама да одмарам да седам , да си имам некаков мир.И воопшто вака сакам да сум сама, не сакам ни да се дружам да излегувам сите ги одбегнувам.Малку забегав од прашањето, ама сакам да кажам дека одбегнувам луѓе, ми сметаат.
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Па ти кажал што сака, немате исти цели и тоа е, чао пријатно.
    Кое преувеличување на толку проста ситуација, господе боже…
     
    На oblace1, Angie1432, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Можеби ти е само период..Сите имаме такви денови кога ти е нешто,а не знаеш што и само ти се молчи во тишина и удобен кревет..Немаш вољја ни желба за ништо..Јасно ми е и мене ми се случува често.Кога не ми се збора ни ми се шета само ми се лежи и тое то..Мир ми треба.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    41.552
    Пол:
    Женски
    Oкеј дечки, помина дејтот, да се пофалам.
    Убаво си поминав, дечково е добар, арно ама има нешто што не ми се допаѓа што е ситница, малку е нападен, а тоа ми пречи.
    Не се покајав што излегов, ваљда ќе има и втор дејт, ама доколку не го промени тоа што го кажав, ништо нема да биде.
    2 часа бевме излезени, ама морам да разговарам со него за тоа.
    Да бидам отворена и искрена наместо да го игнорирам.
    Да му кажам дека не сум уште спремна за врска и да не ме избрзува, уште не сум навикната на него за да избрзуваме, а знам дека ќе биде грешка ако работите не одат полека.
    Кога мислам на нападен тоа е дека сакаше неколку пати да ме бакне а според мене мислам дека е пребрзо посебно затоа што со минатата врска уште ми е пресно.
    Ме очекува долг разговор, ќе гледам да почнам од некаде, за да не се навреди.
     
  7. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Леле знаев дека ќе се деси ова , затоа ти кажав да му напоменеш дека кафево е чисто пријателско.
    Нема везе кажи му само ова што напиша and you shoud be good. :)
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.047
    Допаѓања:
    41.552
    Пол:
    Женски
    Да, му напоменав убаво ама изгледа си тера по свое.
    Ништо, ќе зборувам пак.
    Ако не, ќе го откачам на културен начин.
    Доколку не прифаќа, ќе бидам дрска.
     
    На Lavender4 и arabella_ им се допаѓа ова.
  9. mashko903

    mashko903 Нов член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2021
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    1. Далеку од тоа.
    2. Не верувам дека се сите исти. Али сè налетувам на одреден профил на девојки, што сакам да знам што е тоа кај мене што треба да го сменам.
    3. Хмм , колку што знам не сум таков. Бар кога ќе помислам на грото од моите другари, јас уопште не сум таков.

    И аман бе девојки, се фативте за првата реченица, избегавме надвор од она што сакав да ве прашам. Не ни требаше уопште да ја напишам.
     
  10. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Пиши ми порака, ќе дискутираме без напади. :) Форумов како целина понекогаш не е баш соодветен за совети.
     
    На WildMk, Just.do.it и mashko903 им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    6.930
    Пол:
    Женски
    Не разбирам во што е проблемот? Очигледно со дечкото имате различни желби и тоа е сосема во ред. Баш фино од негова страна што бил искрен и отворено ти кажал дека не е за врска бидејќи има други планови. Не ти одземал непотребно време, баш напротив на прво излегување ти кажал кои се неговите очекувања.
    Од друга страна, ти ја разбирам фрустрацијата но нема зошто да го сметаш излегувањето за грешка и да се разочаруваш. Ќе имаш уште многу прилики за да ја најдеш вистинската личност за тебе.
     
    На oblace1, poppie, Зуси и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на секое споделено мислење..Што сте одвоиле сите вие време за да го прочитате мојот текст и да оставите свое мислење.Ми значи..
     
  13. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Инаку јас сум си таква пречуствителна типичен Рак одма кукам и не убо ми падна ни пиши ни ништо поќе..Очигледно друга цел имал али неуспешно и знај па да и јас нагласив без дасум со некој и да ми значи туку така не си доволувам некои работи.Тоа сега за бакнување неубо се осеќам во душата не па да сме имале секс и вака ко шо исчезна да го немаше.Ќе се скршев скроз....
     
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    6.930
    Пол:
    Женски
    Ама не ни треба да ти пишува повеќе. Тој сака едно, ти друго, се знае дека тука треба да е крајот ако не сакаш ти да бидеш повредена во иднина.
    И не знам зошто упорно нагласуваш како ти не дозволуваш некакви работи, браво за поштеноста, што да ти кажам друго?
    Сами се ставате во позиција да се чувствувате искористено. Кога се бакнуваш со некој или имаш односи, не го правиш тоа само за негово задоволство туку и свое. Во тој случај нема зошто да ти е криво.
     
    На raww, crimson, boo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.775
    Допаѓања:
    13.801
    Пол:
    Женски
    Па фер од него што ти кажал како стојат работите.
    Што се разочаруваш толку многу поради бакнеж на кој си возвратила, никој не си изневерила па да се тревожиш толку многу. Можеби сакаш сериозна врска но ете тој не бил вистинскиот.
    Ако не поминеш преку такви работи никогаш ни нема да знаеш дали е вистински или не. Уживај си во годините и младоста, и не се обвинувај поради бакнеж за кој си мислела дека ќе прерасне во врска.
    Не можеш да очекуваш дека после бакнеж одма ќе следува врска.
    На овој свет колку луѓе, толку карактери. Не си ја мачи душата беспотребно.
    Ќе ја најдеш љубовта без разочарување, ама и не може да очекуваш баш кога ќе сакаш ти.
     
    На oblace1, Зуси, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  16. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    35.774
    Пол:
    Женски
    Машките ќе си останат такви значи и ќе си останат :D
    Одма они да бакнат мислиш готово крај на светот, мора се и сешто да се деси на првиот дејт :D
    Убаво си постапила и јас би така на твое место, допрва треба кафиња и запознавања, па после иде гушки и бакнежи, а тоа ако има разбирање ќе го прифати и нема да се навреди, се надевам дека нема одма да му падне егото зашо си го одбила и ќе се испонавреди :D
    Со среќа девојченце, па пиши како прошло вториот дејт, баш ме заинтересира што ќе каже :f:
     
    На bicycle и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на споделеното мислење..И тоа како ми значи...Мило мие што имам еве некој начин да се искажам бидејќи не кажав на ниту една другарка никому и онака срцето ќе ми пукни..
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јасно мие.Сама згрешив али не сум за провод и са забава,а тоа него му требало очигледно па нека е здрав и жив не ми треба таков...
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.775
    Допаѓања:
    13.801
    Пол:
    Женски
    Ама зошто се толку јадеш, ништо лошо не си направила, се е искуство во животот.
    Мораш малце да се опуштиш, можеби ќе поминеш уште на 10 вакви пред да го најдеш вистинскиот, ако за секој така се притресуваш за еден бакнеж, си правиш преголем стрес.
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hoss Delgado

    Hoss Delgado Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека мислиш само на излегување со повеќе, а не поттикнување на "дешавање" со повеќемина истовремено.