Пробувам да те разберам ама не ми успева некако. Според твојава логика, што ако пример гледа девојка во живо нели во реалноста пред тебе и таа е убава и згодна ти мислиш тука е се завршено тој оди дома ја наоѓа на инстаграм и ги гледа нејзините слики? Понатаму знаеш што се случува да не допишувам. Порано кога гледав порно не ги гледав актерите туку сцените (мислам тоа и повеќето го прават) и апсолутно ниту едно лице на маж не се сеќавам. За да е така како што велиш ти да ми се искриви цела перцепција треба да гледам секој ден по два часа најмалку претпоставувам.
Вака со дечко ми сме заедно година и нешто, и вчера баш ми призна нешто што го мачело подолго време и за кое не знаел дали е нормално или нешто не било океј со него. Го почна муабетот со тоа дека бил сигурен дека ме сака, дека нема да сака некоја друга како мене и дека бил убеден дека врската што јас и он ја имаме немало да ја најде на друго место. Проблемот е што он кога ќе видел некоја атрактивна девојка на улица чувствувал инстинкти ајде да се изразам во буквална смисла на зборот сакал да ја е*е и ништо повеќе, не дека таа му се свиѓа и мисли на нејзе и ме би ме варал него само дека му се случувало тоа доста често. Пробувам да се фокусирам моментално на факс ама после ова на ништо друго не можам, па би сакала да слушнам мислење од некој што можеби има слично искуство како моето.
Вака.Значи он не свршува на порно глумицата него на самиот чин.Сигурно нема да сврши ако ја гледа сликата а не мастурбира.Значи он свршува зошто мастурбира,а верувам дека би свршил и без да гледа слика
Очекувам да има такви мисли маж ми, па дури и да не ми кажи(а ми кажал), затоа што и јас ги имам понекогаш.
Чудни ми се двата израза во една иста реченица, дека те сака а воедно сакал да е*е друга а тебе не сака да те вара. Не можам да ги склопам некако работите. Според мене најдобро е да си дадете простор/пауза да види до каде е со мислите и што сака од животов. Паузата е нешто најлошо што некој можел да го измисли особено во долга врска ама во овој случај ми изгледа неопходна зашто подобро сега да сфати тоа што не му е јасно неголи по неколку години.
Моментално ми е претешко, решив да пресечам и човекот што секогаш збори дека никогаш не би заплакал за нешто почна да плаче кога му кажав да прекинеме и не можев. Се прашувам дали сутуацијава би можела на некој начин воопшто да се поправи ...
Може единствено да го смениш размислувањето дека тоа што и други девојки му се сексуално привлечни не значи дека не те сака, ниту дека ќе направи нешто со нив. Исто како што и ти наоѓаш атрактивност кај други машки и ти се привлечни, па не значи дека не го сакаш него и сакаш да си со нив.
Јас сум убедена дека он ме сака, го има докажано тоа на многу различни начини него проблемот е тоа што он мисло дека не е океј нешто со него, се прашува зашто кога ме сака толку многу сака да има секс со рандом девојки што ќе ги види...
И јас да видам згоден дечко и ако е ептен мој тип и ми падни во очи, инстант добивам некои мрсни мисли. Хормоните ми проработуваат турбо. Ама тоа се само мисли. Гарантирам дека да имам шанса да направам нешто со него, не би мрднала со малото прсте пошто сум во врска и го сакам дечко ми. Така да, според мене најдобро е да не му придаваш значење на неговите зборови. И тој па нема два грама памет, не се споделуваат вакви глупости со партнерот.Сите понекогаш фантазираме за други луѓе, не е грев тоа.
Грдо е ова да го знаеш и не знам зошто го споделил со тебе. Освен ако е со некоја задна намера па да му е чиста совеста, ако ова има некоја смисла. Чудно сепак, се надевам не е така, само ти се отворил како се чувствува. Ама штом смета е проблем значи не му се случува баш ретко.
Здраво, профилов го направив исклучиво да го споделам мојот проблем. Ми треба ваше мислење, совет било што. Непријатно ми е да споделам вакво нешто со мои поблиски.. Ете се чувствувам некако глупо и разочарано. Во сериозна врска сум веќе скоро пола година. До сега се беше како што треба. Пред некој ден, додека седевме заедно и гледавме нешто на неговиот телефон, порака на whatsapp му стигна (и тоа гласовна!) од некоја девојка (име X). Ја тргна нотификацијата и продолжи да гледа на телефонот. Го стопирав одма, и директно прашав која е X. Рече пријателка. Се побунив малце во смисол "ало чекај зашто до сега не ја познавам?" Па као божем идел со неа на качување (indoor climbing) и дека немал прилика да ме запознае. Го прашав дали имал нешто со неа, и ми одговори дека пред мене имале нешто ама као несериозно било. Одкако ме запознал и рекол дека не сака повеќе ништо со неа и дека можат да се дружат само како пријатели. Реков отвори ја гласовната порака пред мене. Ја отвори и девојката цели 3 минути збори како на крстопат била, сакала да знае дали ќе биде нешто повеќе, била многу среќна со него и слични работи. Збеснав. Барав одговори зашто ми нема кажано со кого се среќава. Неговиот изговор беше као сакал да стекне (женсо) пријателство и да ме запознае со нејзе наскоро како негова пријателка. Се извини и кажа дека не требало да крие, дека ништо немало меѓу нив додека сме биле заедно и дека се чувствува глупаво што не ми кажал порано. Искрено да ви кажам, се чувствувам многу разочарано. Не знам што понатаму, довербата ми е срушена.
Сакал да стекне женско пријателство?! Очигледно е дека се гледал со неа, а сега кога веќе ти знаеш збори нелогични работи. Прво, женско пријателство, а девојчето збори дека била среќна со него? Значи не е само пријателство. Друго, зашто криел ако била само пријателка? Не сакам да погодувам што е, ама мислам очигледно е дека он се гледа и искача со неа, додека вие сте во врска.
Колку незрел тип. Таа му кажува колку била среќна со него, сакала да знае дали ќе има нешто повеќе меѓу нив, тој сакал да те запознава со нејзе ко пријателка.
Очаен обид да се извади од ситуацијата. Јас со ваков лажго не би продолжила врска, цел живот ќе те копка и довербата е срушена, плус јасно е дека не му е пријателка. Која би му праќала гласовни пораки дека сака да знае на што се? Другарка сигурно не. Кој другар не крие вака и на кој другар му праќаме гласовни пораки за тоа дека не знаеме на што сме? Све е јасно...
Ова веќе доволно кажува. Нема расчистено со неа, ако навистина се гледал со неа пред да почне со тебе. А има можност да почнал пред скоро со неа па не бил сигурен која да откачи од вас две и со двете терал.
типов ме потсети на мој бивши, од авион се гледа дека не те сака и дека те изневерува со неа. црвени знаменца милион, таков лажго не ти треба, нема никогаш да се поправи, а ти ако си со него вака ќе ти праве секогаш. run . за твое добро ти кажувам, како ќе ме сфатиш - тоа е твое.
@Tamarkaa Нормално е некој друг освен партнерот да ни биде привлечен, па и да си замислиме нешто повеќе со таа личност. Али ова што ти го признал дечко ти некако не ми е нормално, не знам со кој памет се довел во таква ситуација да ти збори како имал нагон да ебе други убави девојки. Океј е, се подразбира дека скоро на секого му се случува тоа, ама сега да седнам на мојот партнер што го сакам во фаца да му кажам "слушај те сакам, ама коа ќе видам убав лик, замислувам како имаме секс" ми е надвор од сите граници на нормала. Освен ако не сакал да понуди отворена врска, па со муабетов да го почне тој разговор. @hellogirl Очигледно е ситуацијава, поготово како што викаш дека до сега сите пријателки му ги знаеш а баш оваа не. Од познаничка, до пријателка до не знам си што а оваа му кажува како среќна била со него. Една од вас е "втората". Слави го денот кога си ја видела поракава и спаси си време, енергија и нерви од ваков преварант.
Не мислам дека само му тежело па кажал, ми изгледа како да има нешто плус за кое не кажува. Не преминувај така лесно, можеби и воопшто не треба да преминеш низ ова. Мувата на капата ситуација. Се надевам грешам ама ептен чудно, навистина.