Мислам дека нема што да се мислиш, разочараноста ќе ти помине за бргу, остави го и искрши нозе бегајки од него. Па уште и будала те прави. Си слушнала веќе од девојката што требало да слушнеш, од него не слушај веќе оправдувања, залудни се. Зарем се уште ќе му ги слушаш извинувањата. Ова ме наврати на мојот бивши пред многу години. Седиме сами и му стигнува порака. Јас :кој ти пиша, тој почна да се плетка, колега од работа а скоро два часот полноќ. Викам ок дај да видам пораката, тој на тоа не може, што ќе читаш за работа, глупости. Ок велам, ниту се противев, ниту кавги вртев, смирено си тргнав дома и толку беше, му кажав дека е крај. После бришење не сакав оправдувања, ниту ме занимаа. А кај тебе веќе одговорот си го добила од девојката. Мавни се од него и уживај во животот со посебна личност, не како овој. Со среќа!
Зоштоо само мене ова ми се случува зоштоо?? Со кој и да влезам во врска сите ме изневеруваат секогаш само јас повредена. Сега помислив конечно најдов некој "салам" почна постојано да ме прашува дали сакам тој да се "олади" од мене, а мене ништо не ми беше јасно. Денес ми вели сакам пауза многу ме напнуваш со што го напнав му кажував само дека ми пречи да мава лајкови, заследувања и сл. Ниту го изневерив и мислев дека се е во ред од каде и зошто пауза не можам да разберам... А последниве 2 недели не се видовме а и не сакаше да му велам за да се видиме уште повеќе сум го напнувала. Мноогу сум повредена, душата ме боли, не знам веќе што да правам изгубив секаква надеж. Не знам почнав да мислам дека јас не вредам, дека сите се поубави од мене, сите повеќе вредат.. Како ке го издржам и ова немам сила веќе!!
Често налетуваш на такви затоа што премногу такви има. Малку потешко е да најдеш добра личност. Тие само во вистинско време се сретнуваат. А овој не пауза, сега да прави што сака па после пак со тебе, туку остави го нека си го фати патот во еден правец.
А зошто си анонимна? Или си машко кое планира таква дејност на „пријателствување“ со други девојки, а ова ти е само пробен балон за да видиш како би реагирала твојата девојка? А ако си навистина ти тоа, треба да реагираш ладно и да го прашаш дали искрено сак да биде со тебе и дали ова го прави за да ти предизвика љубомора или сл., како и дали сака да се натпреварува таа со тебе? Или можеш беобразно да кажеш... ова ако ти е за вовед во тројка, тоа не е ништо посебно, сум пробала, во комбинација и со маж и со жена...
Да ве информирам, бев поупорна и ги прочитав сите пораки. Вистина е, ме изневерувал. На крај и самиот призна. И готово е. Прекинав. Фала за сите совети.
Очигледно не била толку сериозна врската колку што си мислела. Браво за храброста и упорноста, навреме си ги тргнала розовите очила. Секое лошо за добро е..... сигурно те чека подобра прилика со некој што ќе те почитува повеќе. Среќно
Ovoj e S klasa manipulator i lazgo. Vesela matematika vaka grubo zemeno mislam deka ne ce da e samo ovaa..
Здраво девојки! Сакам да ми кажете само дали имам простор за грижа! Со дечко сме заедно и секаде излегуваме заедно, на кафе во ресторан во бар одиме на викенд на одмор... ама не објавуваме ништо на социјалните мрежи, иако имаме само иг, до сега само 2-3. Но, сепак не се криеме секаде сме заедно и со мене се однесува многу добро. И двајцата имаме помалку од 200 пријатели на социјалните мрежи, па од една страна си викам дали и има потреба од објавување фотографии, иако имаме многу фотографии заедно. Во еден момент помислив дане се крие дека е со мене, но, сепак секаде во јавност сме заедно.. ве молам за кратко мислење, ви благодарам и имајте многу убав ден и месец )
Тој што сака да направи нешто и скрие и со 100 слики на инстаграм би го направил тоа. Живееме во време каде што приватноста е богатство и штом излегувате заедно јас не гледам проблем или па стави слика една и барај да ја сподели ако веќе до толку е верувам нема да му е проблем.
досега има ставено 3 слики со мене на стори, и да ставам ќе ја сподели. Самиот ми кажа дека не се крие но сака приватност дека не мора секој се да знае и дека фотографиите се помили кога си ги имаме за себе а не за другите..
Се е до стилот.. платформите не се показател за каква врска станува збор. Како докази на јавноста... ехх колку познавам со 500 слики заедно среќни на IG а во реалноста се караат се изневеруваат.. Не го базирај животот на што е прикажано на инстаграм .. фарса е голема
Објавувањето на социјалните мрежи не е показател на верност и љубов него една огромна фарса! Уживај во моментите поминати заедно и не се оптеретувај дали споделувате или не. Со сопругот сме толку години заедно па дали 3 заеднички слики имаме, па ете фала богу се сакаме и сме заедно
@_Vallery_ што потајно тоа потрајно ќе ти кажам јас.До негде е добро што не објавувате слики, да не почнат да вадат муабети за некој од вас, од друга страна па и не е, да не мисли некоја дека е слободен.Постирај си еднаш месечно. Мислам јас би постирала некад, сеа неќам цел Инстаграм да ми ја знае приватноста, али така јавно даваш до знаење дека си тејкен
Абе денес и на мочање кога одат, мора да го архивираат на интернет. Од такт ме вадат тие што постираат цели фолдери од некој настан. Двеста слики, која превртена, која замачкана... Стај една слика, две ако толку ти е ќеф и ај со здравје. Цел живот ни е на тапет. И еднаш кога ќе постираш нешто на интеренет, толку е. Засекогаш ќе биди некаде во етерот, во некоја база.