Па секаде сме заедно во јавност знаат дека е тејкен, и на иг има само најблиски не прифаќа или заследува други не се замарам за тоа дали некоја мислела дали е тејекн...
Не сите сакаат да споделуваат слики од врската на интернет. Лично една од тие сум јас. Имам 3г врска и не ставам ништо на социјални мрежи за тоа, некогаш само некое стори од нас двајца ама и тоа ретко. Посебна причина нема, освен што засега имам така одлучено, не знам искрено, понатака можда ќе споделувам повеќе ама ете сега засега некако така сакам, да си биде поприватно меѓу нас. И он не споделува многу иако повеќе од мене има споделено, мерак му било. Сепак за мои социјални мрежи од старт му кажав и одлучив за тоа. Нема на кого што да докажувам колку сме среќни и заљубени и љубопитни стринки, тетки, луѓе да ми водат евиденција колку долго време сме заедно, кај сме биле ова она итн. Не е ич важно што ќе споделиш на социјални мрежи, важно е вас да ви е убаво, најмал проблем е ова.
Нема врска, не мислат сите дека на социјални мрежи треба да споделуваат приватност. Никогаш со дечко не сум ставила слика. А само еднаш се имам означено со кој бев во врска. Еве и сега, на социјална мрежа ни трага нема од врскава па никому ништо.
Јас никогаш не сум објавила слика со моите дечковци, ниту па моите бивши сакале да објавуваат. Не дека не се скликавме, си чувавме на телефон. Не ја чувствував потребата да докажувам на некојси дека сум во врска. Почудно ми беше кога еден ми рече дека неговата бивша го притискала да објавува слики од неа. Како и да е, ако ви годи постирајте, ако не тогаш да сте живи и здрави.
Девојки еве ме мене повторно. Доколку се сеќавате за проблемот шо напишав пред месец и нешо дека на дечко ми му го земав тел у кола али отиде по цигари и немав доволно време да проверам се. Успеав да видам дека пишува со 4-5 девојки. Им ставал реакции , со една и подолг разговор имаше. Не му кажав нишо за тел туку дека од мое маало познаници ми кажале и му ги набројав сите. Рече дека немал нишо , онака им пишувал од разонода на пријателска база. Бевме раскинати 2-3 дена али се смиривме. Само шо се вратив од кафе со другарка на негов другар и негова познаничка. Ми кажа дека фрлил у вода 3 долги врски , дека премногу бил навлечен на пиење уште од млади години , доста пушел (трава) па некад и на бело бил. Девојката ми даде совет како на сестра да бидам опрезна и да внимавам зашо многу бил очиклен. Вака со мене е ок , некад знае да се испонаша и да ме извади од такт али нешо ми има сомнително у врска со нас. Пред една две недели ми се јави да ме слушне и после тоа 2 часа го немаше наводно заспал у 19 часот… хмм. А не кажа ни дека го фаќа дремка ни нишо такво. Ќе ми каже дека работи не може да пишуба али го гледам дека е активен на фб. И постојано имам еден месец некое гадно чувство у душава, сонувам дека ме вара имам кошмари. Дали дека ја изгубив довербата или нешо има. Некад многу се трудам да му верувам али ипак нешо у мене ми збори дека не е човек за доверба дека може се да очекувам. Инаку 3 месеци сме у врска. А гледам дека бројот на пријатели му се зголемува, и на инста исто. Напомена: за еден месец полни 28 години, ако е од значење ова.
Прво чепање на нечиј телфон ... опсесивно ми е . Јас мојот телфон на никого не би го дала и после 5 години врска освен јас ако не сакам да покажам нешто. Дали е пријателски враќањето или повеќе од тоа неможеме да знаеме додека нема посилен доказ. Инаку муабетот на познајничката земи го како знак очите да ти бидат 4 отворени пред да се затрескаш во него и да го видиш во сите светла. Па времето ќе покаже дали со добра намера е кажано тоа или не. Се гледа човекото каков е уште првите месеци само некогаш бираме да не видиме некои работи. Дај му време на времто ...
Јас сега ти давам совет како на сестра: Батали го и спаси се од него. Уште тогаш требаше да расчистиш. И годините не значат ништо и не се мерило за зрелоста на личноста.
Штом пишувал со други девојки, без тебе да ти каже, а кога си прашала вели пријателски пишувал, малку сомнително е. Зашто да крие ако се само пријателки? Дечково воопшто не е сериозен според ова што го кажуваш.
Така треба, ама на секакви ќе наидеш во животот. Индивидуално е. Зрелоста повеќе доаѓа од искуството во животот, ситуаците со кои се соочил, карактерот, начинот на размислување, воспитувањето, па и од самото општество.
Па незнам зашо на пријателки би ставал wow реакции и она човече со срциња на очи . А и негираше првично дури искочи од play он беше прав.
Зашо сум невидена будала и баш ради тоа секад сум заебаната страна… сакам пак да успеам детално да му го земам тел и да го плукнам и крај да ставам. И се у фаца да му плеснам.
Те памтам од минатиот пат. Зошто воопшто му се смири? Знаеше дека пишува со други женски наоколу и свесно му се смири. Три месеци не се ништо и фактот дека ќе прави 28г исто. Годините не се мерило за зрелост. Ако сакаш да си скратиш нерви и време знаеш и сама шо треба да направиш.
Премногу црвени знаменца за да останеш во врска. Кај шо има чад има и огин. Не си ја троши младоста на вакви ликови, едноставно постојат луѓе кои и под разно не би се смениле. Сигурно и пуши и пие во твое присуство ако е вистина тоа што ти го збореле. Според мене и 3 месеци се многу за да ги пројдеш со ваков тип.
Трава никад нема пушено пред мене, ни па нешо многу да пие кога е со мене. Ама кога ќе искочи со другари се опива често ептен многу, дур мене ми е срам за него. И ми има кажано дека пред 2-3 години имал пробано бело али само 2-3 пати нишо фазла.