Зашо ми значи и убаво ми е кога сум со него и мислам и го сакам и пробувам да го сменам и направам човек ама узалуд
Никогаш нема да можеш да промениш личност. Личноста ќе се смени, ако само таа сака и одлучи да се промени, не поради другите и поради тоа што ти сакаш.
@Maja015 3 месеци е краток период, ништо не си изгубила од животот и уште кога си ги видела пораките требало да прекинеш. Знам дека сега личи ко секој совет во темава да е прекини, не е за тебе ама овој стварно не е за тебе некако. Вие уште сега имате климава врска без доверба, што би било тек понатака ако уште останете заедно. Не си го троши времето на некој ваков.
Не е убаво така да се чепка по туѓи телефони. Ова што шмрка и се дрогира не е убаво. Плус тоа лаже, може да те вара. Откачи се од него. Не е на арно работава.
Еве ти чист совет, ако сакаше ќе го направеше. Он неќе да се откаже од неговите плејбој активности и тоа е финално. Сега неќам ова да звучи навредливо, ама мислам дека проблемот е до тебе чим неќеш да се откажеш. Најдобро е да се повлечеш и да види што е до тебе па да си најдеш некој што ќе те цени.
На страна проблемов, ама за бело слушам дека кај младите, било ептен раширено како појава. Приказнаи за шмркање по кафичи, во вц-ата во Сити мол... Имате некое инфо околу ова?
Секогаш имало такви луѓе, зависи тоа од човек и со кого си опкружен. Еве лично ние иако сме млади, ниту јас, ниту дм, па и луѓето со кои се дружиме ни пиеме, ни цигари пушиме, не па нешто друго. Се зависи во какво опкружување и друштво си, не се сите исти. Ниту се сите како нас, ниту па цела младина е навлечена по тоа да пробува бело итн.
Знам дека не сите, ама дали имате претстава колку е раширено? Од прилика барем... Загрижена сум. Пошто ако е често, не е прашање 'дали', туку 'кога' ќерка ми ќе дојде во контакт со некој што ќе и' понуди?
Јас не познавам такви искрено. Затоа кажувам зависи во каква средина си и со кого се се дружиш. Мислам дека повеќе е марихуана популарно сега него бело, но како што реков не познавам никој што користи ништо од ова зошто такво ми е опкружувањето лично мене.
Јас секогаш сум се дружела со луѓе пушачи бидејќи во Македонијава наша повеќе има пушачи од не пушачи . Но никогаш не ми паднало на памет да запалам бидејќи ми смета и мразам кога ќе видам некој дотеран стокмен со парфем и миркс на цигари помешано. Тоа е карактер на човек ако сака да пуши, пие, дрогира тоа и ќе го прави без разлика дали дома би го утепале од ќотек или би го избркале сеедно би му било. На мене никогаш ништо не ми било забрането па ете сум си го водела својот пат кон спортот. @Maja015 не постои 2-3 пати да се проба можеби со алкохол да али со дрога не. Ако му е убаво да дува и да е хај цело време прави и други работи. Не си губи време со таков човек освен ако и ти истото не го правиш.
Заљубена си, иако си свесна дека со овој човек нема иднина. Но еден ден ќе ти се отворат очите и ти ќе бидеш таа што ќе го напушти, само се надевам дека нема да е касно. Тоа дека можеш да го промениш само се залажуваш. @WildMk раширено е многу одамна, не од сега. Отиди по кафулиња, дискотеки има што да видиш. Се доживува како да е нешто многу ин, помеѓу младите.
Да убаво кажа не е дали туку кога...Плс направи и муабет да се држи подалеку од тоа, има доста филмови на вакви теми нека види...јас изгубив другарка (не се дружиме веќе) бидејќи се навлече и не можам да ја препознам.
Не знам за такви приказни, сигурно од Албанија ја носат. Освем трава, слушам почесто за екстази, ЛСД, печурки. Не сум во такви кругови.
Нема да дојди во контакт ако не се движи во такви кругови. Ете јас 22 години имам, никој ништо не ми понудил. Уште не сме стигнати до тој степен "на слобода" , фала богу.
Освен тревата, сѐ друго од кокаин до екстази, секакви чуда коштаат и таква навика бара сериозен кеш. Одсекогаш имало точно, но и тие што продаваат не нудат на било кој. Јас секогаш бев опкружена со друштва и деца чии родители им оставаа на располагање многу пари. Мене толку ме тресеа од дома, за секоја ситница ме испитуваа што сакам да ја купам и обавезно да покажам и докажам кога и каде сум го истрошила и тој малку џепарлак кој го добивав. Иако бев сведок и знаев кој што земал, не се ни криеја, никој никогаш не ме понудил ништо. Да побарав, ќе ми кажеа цена за да платам и ќе пробав и јас. Работата беше што ни за проба не можев да си дозволам. Уште тогаш ми беше јасно дека дрогите се луксуз и само за богатите. Така да, @WildMk само очите отворени со какви другарки се дружи и каква им е финансиската состојба на истите. Може да изгледаат најпримерни и највоспитани, а да носат најлонче во вредност од 100 евра со нив наместо кифла за доручек. Секако и контрола на џепарлакот кој го давате е доста важно.