пополека мирни секое машко буквално гледа порничи буквално секое и на братми во компјутерот му најдов порничи што ги има симнувано верувајтеме дека воопшто не се изненадив мислам дека со гледање на порно сакаат повеќе да си ја зацврстат самодовербата во однос на сексот инаку пред извесно време најдов и во на дечкоми компјутерот страници со порничи што ги има отварано неможам да речам дека ми беше сеедно ама не пак за тоа направив некоја кавга а непријатно во моментот е да е сега сите ние реагираме различно му го шлепнав на дечкоми ми вели неееееееееееееееее не јас брачетми беше тука тој ако има отварано немој ти се молам подобро да признаеше но ете МАЖИ
Епа рипнав, не да ја нападнам туку за да и кажам дека не е до недостаток од љубов. Со тоа самата се повредува мислејќи го.
Ќе ве замолам, ако не сте во состојба да се воздржите од навредување и коментари од типот: Мала си, што сакаш, вака онака... не го читајте постов, прескокнете го... Лесно се заљубувам. Кога ќе засакам некого премногу сакам и не можам да го "отсакам". Сакам едно дете. Учи со мене. Прилично добри другари сме. Го засакав септември-октомври. Се повеќе и повеќе го сакам. Има девојка веќе некое време. Од ден на ден се повеќе го сакам. Најголем проблем ми е тоа што учи со мене и секој ден го гледам. Сакам да не го сакам, но не можам. Неколку пати пробав да му сум лута, да не му зборувам, но не успеав. После 2-3 дена пак продолжив да зборувам со него. Некој совет како да го отсакам? Проблем ми е, бидејќи уште една година ќе учиме заедно, а не можам вака, премногу го сакам. А уште поголем проблем, мислам дека засакувам уште едно дете што учи со мене.
Најлесен начин да отсакаш некого е да си подалеку од него и да се фокусираш на други работи, за жал во твојов случај сте постојано заедно и во контакт. Јас би ти препорачала да се оттргнеш малце од него, да бидеш на дистанца, само едно здраво и толку, и ако те праша нешо да му одговориш само, ете што почнува да ти се засвиѓува друго типче од класот фокусирај се на него, стани поблиска со него, така постепено ќе почнеш да го забораваш, но мора самата да се убедуваш во тоа, дека не го сакаш више итн... се е до психата
девојки подолго време сакав да го поставам ова прашање што се случува со вас како се поставувате кога ќе дојде во ситуација да се разочарате од партнерот? кога не очекувате во одредена ситуација така да постапи јас лично вчера мн.се разочарав од дечкоми видов дека е повеќе од што треба материјалист и видов дека никогаш не би можела да се потпрам на него душата ме болеше цел ден размислувам досега со ниеден дечко не се пошуствував вака секогаш него го ставав на 1 место и да имам вџеб една 500ка да ми остани одма ќе купам нешто за него едноставно таква сум ако имам јас сакам и тој со мене да има но после вчерашниот ден увидов дека грешам и никогаш повеќе нема тоа да го правам секогаш јас на птво место не заслужва а и да би ми притребале пари со 50денари да останам вџеб никогаш не би побарала од него едноставно после вчера се скрши нешто во мене од неговото понашање...за жал ме разочара многу
Уф миме, тешко е кога ќе се разочараш од ваква личност, особено затоа што имаш вложувано и нормално имаш одредени очекувања за возврат. Сосем друга е ситуацијата кога ќе се случи вакво нешто со партнер или со најдобра другарка, иако и двете личности се многу блиски. Сепак имаш одредена претстава каков е партнерот и кога нема да ги исполни овие очекувања, е тогаш незнаеш дали да викаш по него и да се дереш, или да се лутиш на самата себе што си била на еден начин слепа. Искрено зависи од тебе колку можеш да прогледаш низ прсти. Секој е различен карактер и секој го гледа ова на различен начин. Нормално зависи и од тоа дали можеш да се сносиш со ова...Исто така тука игра улога колку долга е била врската...Незнам дали би било добро да седнеш и да разговараш со него, зашто може ептен да се навреди...Моментално довербата и сликата за дечко ти, ти е срушена, сфаќам, но не брзај во заклучоци и реакции, зашто сега си понесена со чувства и можеш бааги да зафркнеш. Јас би ти препорачал, седи сега малце, смири топка и види како ќе се однесуваат работите. Стабилизирај се, остај да помине недела дена и ќе видиш како ќе течат настаните. Ако и тогаш неможеш да се помириш со ситуацијата, разговарај со него...
ви благодарам што ми посветивте внимание но ова чуство може само тој да го смени сепак со тоа понашање слабо ако продолжи така беше заминат на пат јас овде 500работи му завршив буквално секретарка за без пари не рече земи од мене стависи 100денари кредит во телефонот што ми заврши толку работи се осеќав буквално навердено иако не ми е дојдено до тие пари зборот ќе му вредеше не јас згрешив што го ставав на прво место секогаш одсега ја менувам политиката гледам дека не вредело воопшто мене ќе ми се ценка за пари а трошиме нормално како и секој млад пар кафе ова она ништо повеќе само што тој мора денот да оди на кафе мора во колата 24часа да има нафта а кога ќе дојде со мене се ценка немам зборови да опишам колку сум навредена и нека ми извини премолчив многу работи нема и ова на некој начин ќе му го речам едно е јасно јас нема да рачунам на него за ништо ама истото ќе важи и кај него со мене тоа ќе го забележи по моето понашање па денес воопшто не ми беше мило ни да кренам слушалка да го слушам мислев дека многу сме поблиски ама се излажав инаку се работи за врска скоро една година...
никогаш неможи да ме натера да размислувам како него затоа што еве јас се изјаснав каква сум неговиот став и понашање не е во ред т.е.мене ми смета сум имала многу материјално и тоа не ми ја донесе среќата мразам луѓе материјалисти све што е убаво меѓу нас можи да го струши со тоа а не е ни самиот свесен но менувам политика нека осети на негова кожа
^Истото го направив и јас, кога се разочарав во него... му вршев милион работи, чекав по 2 саати редици во банки пошти, и еднаш кога се брзав за ПАК на него да му завршам работа да ме превезе (5мин. работа не беше повеќе) јас онака од околу, абе затворен е сообраќајот, нема автобус, за пешки ми е подалеку... не се ни понуди да ми рече ај ќе те префрлам... пак ќе речам за негова работа а за сите останати изиграваше таксист. Му кажав да не очекува ништо повеќе од мене да му ги вршам работите, се оддалечив од него, неможев ни да го гледам веќе, среќа тогаш и раскинавме па се оладија работите малку. Сега гледам дека е сменет, пак му вршам некоја ситна работа само кога ми е уз пат... но однесувањето му е многу сменето, сега се грижи за мене и моите потреби повеќе. Само строго Миме, нареден пат кога ќе побара од тебе нешто речи му дека неможеш, ако те праша зошто, кажи затоа што ни ти неможеш да се потпреш на него и дека неможеш да очекуваш нисто од него што и он од тебе... не сте урамнотежени на тоа поле, треба и двајцата да имате исти очекувања кои ќе бидат исполнети еден од друг... Ако неможеш преку тоа и ако не го промени односот кон тебе подобро прекини ја врската, затоа што денеска е за ова, утре ќе биде за нешто многу повеќе. И да, научете да не очекувате ништо од луѓето, подобро е така
ви благодарам што ми посветивте внимание но ова чуство може само тој да го смени сепак со тоа понашање слабо ако продолжи така беше заминат на пат јас овде 500работи му завршив буквално секретарка за без пари не рече земи од мене стависи 100денари кредит во телефонот што ми заврши толку работи се осеќав буквално навердено иако не ми е дојдено до тие пари зборот ќе му вредеше не јас згрешив што го ставав на прво место секогаш одсега ја менувам политиката гледам дека не вредело воопшто мене ќе ми се ценка за пари а трошиме нормално како и секој млад пар кафе ова она ништо повеќе само што тој мора денот да оди на кафе мора во колата 24часа да има нафта а кога ќе дојде со мене се ценка немам зборови да опишам колку сум навредена и нека ми извини премолчив многу работи нема и ова на некој начин ќе му го речам едно е јасно јас нема да рачунам на него за ништо ама истото ќе важи и кај него со мене тоа ќе го забележи по моето понашање па денес воопшто не ми беше мило ни да кренам слушалка да го слушам мислев дека многу сме поблиски ама се излажав инаку се работи за врска скоро една година...[/quo еххх да знаеш колку и мене ми е криво што од почеток сум го ставала на прво место, животот ми се вртел околу него... сите ние девојките така правиме на почеток на врските па после кога ќе се освестиме е касно...
Миме, те читам тука, горе-доле твоите постови се поврзани со него само и искрено сум помислила да ти пишам и да ти укажам на тоа...дека ти едноставно не си исполнета со оваа врска и со неговото однесување. Очигледно врската со него ти влијае многу и затоа ми делува дека си нестабилна односно променлива во размислување, ставови и расположение. Де си нервозна пукаш, го тераш во тиит....те де си супер и ти е најважен. Мислам дека ти премногу очекуваш од него, а тоа ти е најголема грешка. Едноставно така и не добиваш ништо, а плус и само ќе се разочаруваш. Тебе врската те измачува. Се е до тебе, не е до него. Очекуваш многу дури премногу од него, а знаеш дека не добиваш толку било да е од однесување, љубов итн. Или ќе си ги намалиш очекувањата и ќе го прифатиш каков што е или пак ќе завршиш со него за да не се измачуваш со најразлични негови реакции или не реакции. Машките Миме не мислат цело време на врската и девојката и на тоа кој како се однесува во неа, кој колку дава или не, кој повеќе пружа внимание итн. Не се фаќаат толку за ситници и не анализираат како нас.Тоа треба да знаеш. Во овој случај крајно е да седнеш и да му кажеш што очекуваш од него и од вашиот однос, каков сакаш да биде со тебе и да ви биде врската и дали имате некаква иднина понатаму...Ама претходно мора и ти самата со себе да разговараш и да донесеш заклучок дали тој и вашиот однос ти се важни или не. Мислам дека ме сфати и дека еднаш цврсто ќе донесеш одлука за тоа дали си спремна и сакаш да си со него или не.
Се сложувам и јас со другите во врска со проблемот на Миме . Лошо е кога на другиот му се наоѓаш за се што треба , а тој ни со прст не би помрднал за тебе. Ако си доволно паметна , нема да потклекнеш и да размислуваш како него . Убаво ти рече Мимс , малку на дистанца стави се , да види дека не може се на готово да добива , на послужавник буквално. Дека мора и самиот да се потруди , а за парите еднаш дадоа таков совет , ќе ти го кажам. Другпат кога ќе искочите , кажи еј ги заборавив парите , или имам само толку и толку .. (ти имај си во себе , ама направи му ја финтава) и види како ќе реагира на ова . Крај краева , не си глупа да не можеш сама да си ги завршуваш работите , не види дека не зависиш од него
јуле77 во право си ги следиш моите постови и за жал така е не очекувам премногу девојки напротив ама ова испаѓа дека некој не го вреднува мојот труд и едвај кажува едно благодарам тоа ме боли но во право сте ако не одиш на строги нема никогаш ни да му текни затоа и јас така се изјаснав моето понашање ќе биде сменато кон него а ако праша зошто тогаш јасно ќе образложам а ако е малку интелегентен ќе му текни благодарам девојки да знаете дека ќе ги послушам вашите совети во право сте
Миме јас сериозно мислам дека треба да размислиш, затоа што ониe работи што почнуваат да ти пречат сега, во инднина ќе ти пречат уште повеќе. Јас исто како тебе на почетокот на мојата врска давав се, се да успееме, се за него. ПОсле сфатив дека тој не е спремен да ги прави истите работи за мене и многу се разочарав. Меѓутоа во ниту еден момент не престанав да ги правам работите што дотогаш ги правев за него. И како што рече Џули, од преголеми очекувања се разочаруваме. Но не е во ред да ги мериме нашите постапки со неговите, на крај краева секој своето си го покажува, секој си сака на различен начин, а некој не ни знае тоа да го искаже. И има личности на кои парите и материјалната сигурност им се навистина важни, но тоа во никој случај не значи дека те сака. Мојот дечко кога не работеше, немаше пари за да доаѓа докај мене (зборам со кола, пошто за автобус не стануваше збор). Јас секогаш наоѓав начин да отидам кај него, ако немав пари идев пешки, ми требаа и два саати, но стигав. На секое јавување му кажувам дека го сакам, тој никогаш досега за овие 4 години ми нема речено дека ме сака. И немора да ми каже, јас го знам тоа. Едноставно начините на размислување не ни се исти. Ако неможеме тоа да го прифатиме, треба да се откажеме, затоа што во иднина само ние ќе страдаме и на нас ќе ни биде потешко. Зошто непотребно да си нанесуваме болка, кога потсвесно сме знаеле како ќе се одвиваат работите?
знам душо и размислувам и зато сакав да споделам овде оти незнам дали да го третирам како голем проблем но факт е дека ме разочара и дека никогаш до сега со ниеден партнер не се имам почуствувано вака што се однесува до материјалната страна не правам споредба но кога нешто ми смета како да се понашам проголтав многу работи за оваа врска ама не сум спремна уште да голтам
Здраво девојки. Скоро секој ден ве читам и решив да се регистрирам зашто сакам да слушнам ваши мислења во врска со мојот проблем ако може така да се нарече. Можеби ке би звучи глупаво зашто поврзано е со фб но морам да го споделам со некој. Значи вака: со дечко ми сме заедно 1 год и пред 1 месец видов како си пиши на фб со една девојка како таа мн му се допаѓа, дека таква женска сака, па ја кани на кафе. Мн се испокаравме и му се налутив но тој вика дека сето тоа било само зезање и дека ако правел нешто што не треба немало да ми го дава пасвордот, дека ме сака мене и дека нема да се повтори. Му реков да ја избриши и го направи тоа и јас некако преминав преку тоа се до вчера кога повторно видов таков разговор со една друга. Значи повторно се испокаравме, му реков дека е готово со нас но тој тоа не сакаше да го прифати и веднаш дојде кај мене да правиме муабет а живееме во различни градови и не сме баш блиску. Тој ми тврди дека само така тепа време кога му е досадно но мене ми е страв да не премини некогаш нешто повеке од разговор и да излези со некоја. Сакам да слушнам ваше мислење како би постапиле. Инаку внимателен е со мене, се слушаме секој ден, се гледаме секој викенд, навечер излегува само со мене, без мене воопшто не излегува, ме има запознаено со неговите и во повеќе ситуации ми има докажано дека ме сака. Но сега се разочарав некако бидејќи не го очекував ова. И денес си ги сменавме пасвордите. Па ве молам за совет како да постапам зашто сега водам инат и не го барам денеска а тој упорно звони. Извинете за долгиов пост и ви благодарам однапред.