Девојки да напоменам дека еднаш ми има кажано пред долги години дека пробал само 2-3 пати( кокаин) .А и ова за пафкањево не знам колку е вистина. Ипак меѓу нас има многу побитни проблеми кои шо мора да ги решам или да прекинам. Фала ви на сите на советите. Само не знам зашо цели 6 месеци напињаше да сме заедно а сегс вака прави , јас ли така му дозволив или нешо друго е у прашање . Се ми е измешано нишо не знам шо да мислам..
Сега во поново време слушам како родители им оставаат на децата џепарлак од 3000 денари месечно на картица за да не ги потрошат веднаш и да ги контролираат каде ги трошат. За да не ги трошеле за пиење и цигари овака било побезбедно за родителите.
Паметно, за пиење и цигари не можат да ги контролираат вака, на извештаите ја пишува продавницата само, не и што се купило, ама барем дрога нема да купат.
Здраво женски. Имам еден проблем кој шо долго време ме каса внатрешно. Со дечко ми сме у врска веќе 5 месеци и 2 недели. Меѓутоа тој има другарка не дека стварно се блиски туку испаѓаат заедно многу често и насамо они двајца и пијат до 2-3часот. Е сега на почетокот ми сметаше таа но не до оваа мера од кога разбрав и тој ми кажа дека девојката е растурена, тежок алкохоличар , конзумирала и кокаин. Дечко ми има 27 години а таа 25 години и живеат 1 година и нешо. Кога сме заедно се најлошо ми кажува за неа , сега малце се дистанцираа или јас така знам , али он упорно контактира со неа иако знае дека ми смета. Поради некои икс фактори мислам и дека е можно да имале нешо познавајки го и него и нејзе а на моменти помислувам дека и сега кога се заедно имаат нешо. Му става таа срциња на фб, му коментира на слики , на вечери испаѓаа заедно до пред неколку месеци а сега веќе не. А девојчето со секој има односи и не бира , барем според неговиот опис за нејзе. Од толку шо ме каса душата постојано сонувам дека се у врска , дека ја побарал за жена , дека ме изварал со нејзе. И кога и да испадне немам спокој мислејки да не е со неа, ноќна мора ми е таа. Да е стабилна девојка , не толку би ми пречело. Али кога веќе знам која е и што е нерви изгубив. И повторно не дека многу често дружи со неа али 3-4 пати месечно се гледа. Anyone? И се слушаат , кога е со нејзе мене ме одбегнува не ми враќа одма.
Абе таа може и со сите мажи на планетава да има секс, ама тоа не прави разлика. Прашањето е дали дечко ти знае да каже: 'Не. Имам девојка'
Тоа што ти сметаш дека таа не е стабилна, не е важно. Важно е каков е твојот дечко, дали е стабилен или не. Тука две работи не се како што треба 1. Знае дека ти смета што контактира со неа, зашто не се потруди да разговара со тебе и да се обиди да го реши проблемот? 2. Кога е со нејзе, тебе те одбегнува и не ти враќа веднаш? Што поточно мислиш? Не ти враќа веднаш или целосно те игнорира? Ако е искочен, многу нормално дека нема да може да врати на порака веднаш. Зашто кога сте заедно кажува се најлошо за неа? Ако му е пријателка, не разбирам зошто збори лоши работи за неа и повторно искача со неа. Малку нејасен е.
Дрвојката ја нарече нестабилна, растурена, тежок алкохоличар, а дечко ти за ништо не е крив, мајко мила, гледаш ли во што е проблемот?
Ако таа е нестабилна и на дечко ти му смета тоа, он нема да се дружи со неа и нема да имаат никаква врска.. Ама очигледно тоа дека е нестабилна, дека оди со секого се приказни кои он ти ги продава на тебе, за ти да мислиш дека никогаш не може да има нешто меѓу нив.. Јас би се запрашала дали би имала нешто со човек кој зборува така за друга жена пред тебе, а со неа се дружи и она го смета за пријател, т.е и прави лице.. Не викам дека има нешто со неа, туку дека е голем лицемер.
Понекогаш сите сами си правите. При толку црвени знамиња,толку совети вие и понатаму седите на исто место. Веројатно додека сами не се освестите. Секогаш штом сте решиле да барате совет знајте дека рационално и објективно ќе добиете совети,не тапшање по рамо. “Ама јас да додадам тој вака,тој така…” што очекувате да слушнете. Тоа е нормално не,не е. “Ама тој има другарка, да беше стабилна не би ми сметала”,”така вели тој”…А што мисли тој за неа? Red flags. Не се прави пријатели ако ја нарекува растурена. На што личи тоа се шири муабет за девојка која му е другарка. “Го фатив дечко ми како ме вара,што да правам” е што ќе правиш? Што мислиш да правиш? Не дозволувајте до степен да сте заслепени и заљубени така сте повеќе манипулативни за мажите. Ценете се себе си,слушајте ги советите и на крајот секој си го наоѓа капачето што му одговара.
Jas sakam ednas vo zivotov da zapoznaam normalna licnost sto stvsrno e po moi zamisli, a ne jas sekogas da se prisposobuvsm ili lecham nekoja. Ednass vo zivotov.
Не да е раширено, мајко мила. Од тоа што го знам, никој нема да дојде да ти понуди (мислам на дилер). Но, како што ти кажаа мора да пазиш на друштвото, мислам дека ова е број еден. За жал,' опкружена' сум со луѓе кои шмркаат за добро утро почнувајќи од роднини до колешки од работа. На работа човек еј, во вц на даската од вц шолја. Одвратно. Само држи близина со неа, отворен муабет, филмови, документарци, да добие на некој начин страв од дрогата. Имам 30год и мојата генерација зимаше таблети за грин бич фестивал во Охрид, па беа 'наркоманите', ова сега е страшно.
@Maja015 зашто не му раскинеш? Гледам дека си свесна дека дечкото не е како што треба. Да не ти се заканува нешто па ти е страв да му раскинеш? Да ти е убаво со него нема толку да се сомневаш туку ќе уживаш во врската. И едно нешто сфатете. Со наркомани, пијаници и коцкари нема иднина.
Чекај сега со неа си живее 1 година, а со тебе е 5 месеци и 2 недели, па сега да не му е таа девојка, а ти нешто друго? По се ова што ми опиша така ми делува, ама по последнава реченица уште повеќе си мислам дека е така. Тргај се со време и така тој не ми личи дека е со тебе во врска, секоа добро ти посакувам.
Ист третман имавме дома со брат ми, иначе првата доза е бесплатна, не прашувај од кај знам Тактики и техники има за да те навлечат, другарка ми ја навлекоа, јас последна дознав, зошто она постојано плачеше, се беше депресивна зошто девојка и и расинала па ај јас теши ја. Барем да ми кажеше колку време и енергија вложував во неа, се потресував, ме носеше до кај девојките она ќе им плаче пред врата, јас ја чекам да ја однесам до дома. После дознав идела доза да и дадат, ги запознав несакајќи сите дилачи во наше маало, сега дел од нив се во безбедносните служби има и по некое директорче @WildMk очи широко отворени само