Многу е распространето, навистина. Јас тинејџерските години си ги поминав низ такви друштва каде што травата беше најзатапена ама налетав на голем број кои користеа кокаин и екстазија, а една конкретна личност разви шизофренија од тешки дроги, после неколку години користење. Пазете си ги децата, не многу опсесивно секако, туку најбезбедно е да се знае со кој се дружат. И да, баш од дечко или девојка има голем ризик да те наведат на нешто, од таквите фаќај магла. Мислам, денеска каде и да се свртиш (особено во средно) ќе налеташ на дрога, а што е најзачудувачко е тоа што цело време наоѓаат нови начини за да ја конзумираат...
Буквално од јутра до сутра. За 1001 тема од проблеми, смеење, секс, до планови, проблеми, решенија. оф топик: Буквално цело Скопје шмрка - Дали кокаин, дали амфос, сите прават. И сите знаат кои се најголемите дилери и со мал прст не мрдаат. Патетична држава..
Како си олку наивна само не знам… Девојката била од лоша полоша ама дечко ти-безгрешникот си се дружи со неа. Уствари не, се дружи со тебе, таа му е веројатно девојка, ебачица, секс-партнерка, како и да сака да ја нарече. Таа пие и се дрогира, тој можда облекува калуѓерска мантија и се труди да ја врати на правиот пат. Број си ти месечнини и недели колку сте “заедно”, тој нека си тера ќејфот додека те убедува колку другарката не чини. Ами ако не чини шо бара со неа?
Ај па и ти што бара, да става мантија ја чади со кандилце и ја води по прав пат цела една година, ама другава му е девојка во месеци, недели и денови не ни пиша колку И пишав јас по последната реченица се е јасно или е премногу наивна или па таа точно знае што ја мачи да губи време со ова
Не е во прашање само довербата, се работи за почит овде. Нормално ќе се најдиш во ситуација да заследиш некој или некоја незнам пример колега од факултет од работа и слично ама коа е потребата буквално намерно да најдуваш да си ги заследуваш да им лајкуваш поише слики наеднаш и слично- девојката шо е лајкувана у овој момент кажува на другарките и и се смеат сите заедно на женскати ради тоа.
Постојано си пишуваме. За се и свашта, буквално и најглупи теми, нешто шо ми се десило у момент или ми текнало нешто одма му пишувам, исто и он.
Девојки, ме интересира вашето размислување во врска со ова. Не се сеќавам да сум налетала на ваква дискусија. Дали им кажувате на партнерите доколку почувствувате дека некој X познаник/пријател е заинтересиран за вас, или ви се додворува (додека од ваша страна постои само пријателство)? Или пак тоа го „решавате“ самите и сметате дека нема потреба да се сподели со партнерот?
Му кажувам се. Не е некој што се лути и не е љубоморен, а сакам да не кријам ништо, па нема никаков проблем што сум му кажала за вакви ситуации. Плус со него се консултирам од машка страна дали точно сум протолкувала дека некој се пушта стварно и дали дошло време да се оддалечам од особата ако преминал другарска граница. Освен што ми е дечко, и најдобар пријател ми е и сакам за се да споделиме и дискутираме, па дури и за вакви ситуации.
Да му кажувам, дури и се шалиме обостарно за тоа и на сметка на таквиот ''пријател''. Имаше еден прашуваше дали тој знае и што мисли и му реков еве сега ќе ти одговори, некако го снема по тоа
Јас обично не споделувам такви работи зошто сметам дека нема потреба, ако е некој познаник тогаш да кажувам. Ако сака он мене да ме направи љубоморна за тоа колку му се пуштаат, тогаш му кажувам за сите што ми се пуштале за да му возвратам.
Здраво, луѓе помагајте и давајте совет! Дали некој се нашол во слична ситуација како мојава? Дечко ми е можно да заврши во затвор на неколку години, при тоа не знам што ќе се случи со нашата врска... (најверојатно 3 години или 5?) Не знам како да постапам и што да правам. Многу сум вознемирена и депресивна скоро цела недела. НО, НЕ Е 100% СИГУРНО ДАЛИ ЌЕ ЗАВРШИ ТАМУ, за неколку дена ќе има судење и ќе се знае како ќе се одвива целата ситуација!! Неколку месеци сме заедно и многу сме поврзани. Од проблемите што му се случуваат не можеме ни да се видиме и да направиме муабет во 4 очи што се вика. Не можам без него, многу го сакам. Не сакам да ме остави ако влезе таму. Сакам да бидам со него во тешките моменти, но не знам како би се одвивала нашата врска ако дојде до тоа да заврши внатре? Што да правам помагајте!?!?!?!?! Ако случајно влезе, дали да раскинам и продолжам со животот понатака? Сепак не се малце 3 години или 5.. Во план имам да останам во контакт со негов другар и другарка за да знам како е тој, ако целата ситуација испадне дека тој ќе влезе затвор! Другар мој вика нема да влезе не паничи, не знам дали ова го кажа за да ме теши или... ЗНАЧИ ЦЕЛАТА СИТУАЦИЈА Е 50 - 50, НЕ Е 100% СИГУРНО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ, НО АКО ДОЈДЕ ДО ТАКВА СИТУАЦИЈА, ШТО ДА ПРАВАМ ПОНАТАКА?
Колку години имате ако не е тајна? Искрено, не вреди ради тие неколку месеци што сте биле заедно у оган да фрлиш 3-5 години од животот. Башка одење во затвор не е за добра работа, сметам дека не вреди да трошиш време за него, нека се секираат по дома неговите.
Јас 23, тој 30. Целата ситуација е многу лоша Тој упорно ми кажува дека ќе влезе и е 100% сигурен во тоа, (но се уште не се знае каква ќе биде пресудата). Никој не може со сигурност да каже што ќе се случи, можеме меѓу себе да се убедуваме и да се тешиме само, друго ништо не може да се направи моментално...