Епа ако се договорите да сте заедно продолжете. Ако не можете така оддвоени, одделете се, ние не можеме баш тука да те советуваме, ти сама треба да донесеш одлука дали сакаш таква врска кај што сепак нема да можете да се гледате и комуницирате секој ден. Шо се десило за да оди затвор 5 години?
Не мора да одговориш. Ама размисли. Прво, која е причината зашто он може да иде во затвор? Сигурно направил нешто нелегално. Второ, дали сметаш дека вреди да го чекаш 3 или 5 години, имајќи предвид дека животот иде понатаму. Трето, дали би сакала животот да го поминеш со личност која има проблеми со законот (претпоставувам и проблеми во однесувањето)?
Премногу си млада за да имаш вакви проблеми во животот. Сфаќам и заљубеност и се, ама почни малце реално да гледаш на работите. Ко прво иде у ЗАТВОР а не у друга држава по работа па ајде да си речеш врска на далечина. Плус 3-5 години се многу да ги поминеш во стрес и исчекување. Живеј си живот, искачај, учи, забавувај се.
Што побрзо раскрстиш со ваков подобро за тебе. Неколку месеци не се некој период, како се поврзавте така ќе се одврзате. И да не оди сега во затвор, може ќе оди за наредната глупост што ќе ја направи, затоа треба да го тргнеш од твојот живот што поскоро.
Ни со него ни без него... Ако влезе затвор или 3 години или 5, иначе има две дела не знам какви, не го прашав и тој не ми кажа...
Се уште не сме стигнале до тој муабет за какви дела се работи, го немам прашано, целата ситуација е комплицирана не знам што попрво да направам и како да постапам
За некој што ќе оди во затвор а не знаеш зошто, не вреди ни пола ден да потрошиш од животот на него а камоли 5 години живот. Како што кај нас законите се сра*е и за убиство и силување не е чудно да се добие толку години. Ако толку сте поврзани како што кажуваш ќе знаете се за себе, а ова богами не е ситна работа.
А бе ти си знаеш, ама јас на пример за да ја земам во предвид опцијата некого да го чекам потенцијални 5 години од затвор, прво прашање ќе ми е зошто оди во затвор.
Викаш дека сте многу поврзани, а за ова не знаеш?! Ај шо не ти кажал па и ти не се интересираш за тоа туку како ќе живееш без него?! Извини, ама за 23 години не си мала за вакви работи. Што ако убил некој, ако силувал? 3 до 5 години кај нас даваат за тешки дела.
И се уште се прашуваш дали да го чекаш? Не сум правник, ама сигурно е нешто незаконско, може продавање психоактивни супстанци, или може обид за силување или обид за убиство. Уште сега дистанцирај се од него. Никој не гарантира дека во иднина нема да биде проблематичен.
Ти немаш муабет со него,ниту некоја посебна искреност,нема време да се видите да ти раскаже,ама ти имаш време пет години да чекаш. Ами што правиме ако делото е силување??? Не ти е битно за што ќе лежи? Другар му не знаеше да ти каже?
Никој не рече дека не сме искрени и дека јас немам муабет со него. Јас пак ќе повторам дека целата ситуација е комплицирана и не можеме во еден ден да направиме муабет за целата ситуација комплетно!! Знам дека не се работи за силување или обид за убиство.
Да. Ми се случи случка на работа и веднаш му кажав. После тоа се изврте целиот муабет а мене ми беше важно дека од мене дозна. Споделувајте подобро дур не е касно,луѓето се гадови ќе сторат се за да ви расипат.
Епа девојче ти нас не зезаш.Како може да планираш иднина со некој а да не знаеш што му се случува.Не сфаќам што е комплицирано.Ваљда си дел од неговиот живот знаеш што му се случило.
Тогаш се товари за кражба и тоа тешка. Или можеби го имаат фатено со дрога. Сума сумариум размисли дали вреди,иако тој мислам дека не сака да те обврзува со ништо.
Знае. Неколку месеци се заедно,а се многу поврзани и спремна е да го чека 5 години. Типот не сака да ја врзе на тој начин,затоа и не се виделе долго време. Ама некои ептен се жртвуваат,ги чекаат се измачуваат се за љубов. Има и такви.