Епа нека си процени де прво дали ќе прејде преку тоа кривично дело,дали и е прифатливо.Неможе она да планира од сега како ќе се одвиваат работите во наредни три години.Јас незнам што ќе се случи со мојот брак во годините што доаѓаат а не пак она вака.
Нема шанса да не знаеш за што е осуден, но не е ни битно. Не лажеш никого друг, освен себе. Ако сметаш дека вреди да го чекаш, чекај го. Ако не, немој. Кој може да ти каже што да правиш во ситуацијава? А и 3, 5 години не се малку, за 3 дена работи се менуваат.
На 16ти декември 2020 пишала дечко има, на 17ти декември бара совет за некој со кого излегла. На некој му било досадно изгледа.
Ми треба искрен разговор со некого во приватна порака.Немам проблем со дечкото , проблемот е во мене, сакам некој искусен во долги врски да ми пиши да поразговараме.
Не сум сигурна дали ова спаѓа во оваа тема али битно проблем ми е Вака што имам еден комшија мислам тука у маало ми е имаме eye contact и едно здраво онака на поминување али не се знаеме. Дознав кој е и големиот проблем е што нема никакви социјални мрежи а стварно типов од памет не ми излегува Во ситуацијава ептен е незгодно.. у денешно време се иде на фб инста али вака ептен за никаде незнам што да праам хелп Да му отидам јас дојдов да се запознаеме друго решение немам?
Почекај го 5 години, можеби кога ќе излезе ќе ти каже поради што лежел Земи пишувај домашното, не туку тролај по форуми.
Да. Знак за несигурност во себе. Покарактеристично е за тинејџери, ако е возрасен а се замара со ова, не е на арно.
Не би се согласила за несигурноста, еднаш ми прати слика и ми пиша '' еве кажи дека не сум најубав ''
Може така си ја лечи несигурноста. Потврди бара дека е нај. Ама добро, ти го познаваш, знаеш каков е. A ако мисли дека за врска е важно некој да е само убав... Тој си знае, ако бара слика, нека види.