За убиство на човек се лежи 2-3 години кај нас, а он ако лежи 5 години значи нешто полошо направил, најверојатно искубал некоја пратеничка во собрание за коса, или пак на протест гаѓал со јајца..
Сакам да слушнам повеќе мислења дали правилно размислувам. Вака со дечко ми бевме подолго време заедно и сега скоро раскинавме т.е тој ми раскина со причина дека не си одговараме, имаме различни цели во животот, но според муабетот сфатив дека тој подолго време го мислел тоа, а јас буквално немав појма. Секојдневно повици, пишување, гледање кога можеме бидејќи имавме врска на далечина. Значи немаше никаква промена во неговото однесување. Сега собрал храброст да ми каже, но јас на ова гледам како предавство, изневера, значи тој бил со мене, а постепено се спремал за раскинување без воопшто да поразговараме за проблемот и сега кога бил спремен да го продолжи животот без мене, океј ќе ти кажам, а за мене гром од ведро небо.
И мене истото ми се деси. Ти предлагам да престанеш да размислуваш за него, такви машки кои не знаат што сакаат немат вредност во моите очи.
Колкумина сме биле во ваква ситуација, мене не ми е ни вредно да се прашувам од кога го мислел тоа. И јас сум сакала да раскинам ама сум одолговлекувала заради Х причини. Можеби размислувал дали е добра и вистинска одлука, да биде сигурен пред да каже.
Сум бил во ваква ситуација и ништо неможеш да направиш. Не те сака, никогаш не те ни сакал и со сила убавина не бидува. И мораш да се помириш и да научиш да живееш со тоа, животот не чека. Бдв ти направил услуга, подобро сега отколку да се омажиш и да имате дете и да те изневери. Можеби несакаш да го слушнеш ова ама тоа различно размислување мириса на друга девојка.
^ Да не ме сфатите погрешно ама зошто толку осудување кога некој ве остава. Ретко кој не бил оставен, ама зарем сакате некој да биде со вас од сожалување? Што фајде и да не ве изневери, да биде со вас а да не ве сака. Во случајот ете на девојката и раскинал и што е важно колку долго е размислувал? Едноставно не ја сака. На почетокот е тешко, ама секој си наоѓа сродна душа кога тогаш. Нема што да се лутам на некој ако нема чувства кон мене. Срцето не е предмет па каде решиме да го оставаме. Така е со чувствата, едноставно некогаш избледуваат, некогаш ги нема и тоа е тоа. Јас и на маж ми му имам кажано ако некогаш престане да ме сака не сакам да се измачува со мене, нека ми каже, тоа е трошење време и за него а и за мене. На почеток ќе ми биде тешко ама не значи па и дека цел живот сама ќе останам. Љубов секогаш има дали порано или подоцна.
Оставањето како чин не е проблем ако не бидува и ако врската ве измачува, ама проблем е кога некој те чува на страна за да си ги исполнува физичките и психичките потреби и штом најде замена како не е до тебе до мене е #булшит
А кај пишува дека нашол замена? Може едноставно сака да раскине. Вака испаѓа дека не смее никој никогаш со никого да раскине.
Секако дека и јас не би сакала да бидам во врска со некој што повеќе нема чувства за мене, едноставно се чувствувам изневерено на некој начин, бидејќи подолго време мислел дека не си одговараме, но дури сега собрал храброст да ми каже. Али океј се се преболува.
Нормално е да се осеќаш така, чувствувај се така како што ти доаѓа и ќе ти помине чувството за некое време, сега си емоционална затоа ти изгледа како предавство. Ама сите пред да раскинат се мислат еден период, се премислуваат. А можеби и не си "го фатила" како се осеќа целосно пошто врската ви е на далечина. Ќе биде подобро, ќе си најдеш друг.
Да бе да. Кој пак вели си најдов друг/а? М? Јас не познавам, вие ако знаете секоја им чест на искреноста. За пример еден дечко идеа долго време со едно девојче и решил да раскине другарот и вели: Не е до тебе до мене е, некој ѓавол има влезено во мене. После 1-2 недели ете ти го со ѓаволот подрака се водат.
На еден шо се глеав му кажував од шо не знаев шо да праам а и неќев да кријам.Не знаев како да постапам Али тоа после ми се одби од глава пошо искочи посесивец и мислеше дека секој другар мој сака нешто со мене @Tih-ana као што кажа @buba4e89 психопатски е Немој да си му пратила
Зошто да речат си најдов друг/а ако нема друг/а, тоа ми е прашањето. Нема поента да кажуваш случај од другарка, од другар што им се десило на некои трети луѓе што немаат врска со приказнава. Ако сакаш да си додаваш разно разни сценарија за да се осеќаш 10 пати полошо , можеш да си додаваш до бескрај. Ама која е поентата на тоа. Уствари може да е нешто едноставно човекот да не сака повеќе да сте заедно. Мора секогаш да има нешто драматично? Ако сакаш да го испцуеш, испцуј го, ако ти е полесно. Но вака во обид за "помош" кога додавате детали на приказната, уствари само се одмага. Тоа што и раскинал и е тешко, ама ќе и помине. Да ја изневери ќе и 10 пати потешко. Зошто да и ставаш такви работи во главата кога може да немаат допирна точка со реалноста?
Па најверојатно додека е личноста со нас не сака. На секој може да му се случи да сретне личност додека е во врска и да се вљуби во друга особа. Дури и да сретне некој додека е со мене и се вљуби во друга личност јас и тогаш не можам да го обвинам. Ќе ми биде тешко на почеток ама што кога не ме сака, чувствата се зафркната работа.. Од кај да знам еве и маж ми постојано е во движење и во контакт и со жени, ниту му вршам контрола, ниту се измачувам. Може ете ќе се вљуби во некоја, очите не можам да му извадам, едноставно престанал да ме сака како сопруга, не е вљубен во мене..