Не ми е другар ликот, само така го нареков и го наведов како пример, ако некој се навредил или сум погрешил се извинувам кади бабе. И да немора никој ништо да ти каже не ти е должен ама мислам дека секој ја заслужува вистината безразлика колку и да е болна. Некој криењето на вистината го гледа како заштита, друг како предавтво. И не и ставам никакви работи во главата ниту нејзе ниту на некој друг, ниту пак имам таква намера. Тоа е само моето мислење, некому одговара, некому не, да сме живи и здрави. Инаку на првиот цитат пишав дека со сила не бидува и мора да се научи да живее со тоа сакала или несакала. И секој е слободен да избере што сака, но не е слободен од последиците кои доаѓаат од неговиот избор.
Или уште од почетокот пристапот во врската му бил несериозен, или потоа во текот поради одредени причини почнал да го планира ова, бидејќи не покажува воопшто загриженост и не се труди да ја задржите врската.
@Lady17 Колку е тоа подолго време заедно? Месеци или години? Ако сте оделе со години, тогаш од една страна го сфаќам затоа што сигурно кога сфатил дека губи чувства према тебе, не му било сеедно. И му требало време да размисли дали ја направил правилната постапка. Знам дека боли и е грдо, но исто така знам дека скоро секој од нас вака пристапува при крајот на некоја долга врска. Дали на почетокот беше премногу заљубен и ти посветуваше внимание? Или од секогаш бил ладен и затворен со емоции. По ова можеш да заклучиш каков му бил првичниот пристап према тебе, така да глупо е тука да ти кажеме дека тој од почеток не те сакал и немал никакви намери со тебе. Чим сте иделе подолго, те сакал, на некаков начин. За жал, со тек на време не знаеме до каде ќе не води врската, можам и јас да се колнам и да планирам иднина со некој ама после 2-3 години да се заљубам во друг човек. Мој совет е да не си го преоптеретуваш мозокот и да враќаш филмови од моментот кога сте се запознале, секако ако било се најнормално до моментот кога те оставил. Ако имало доста црвени знаменца, тогаш анализирај од почеток и нека ти бидат памет за следен пат порано да ги препознаваш тие знаци. Дај си време на себе да бидеш и лута и тажна, осети ги сите емоции што ти ги нанесе ова раскинување и после некое време целосно ќе се ослободиш од целата ситуација и најпрво пронајди си ја среќата во самата себе.
Нормално е да си повредена бидејќи си имала различни очекувања ама не мислам дека е предавство.Баш напротив...Чим подолго време не ти кажал мислам пробувал сам себе да си го смени мислењето бидејќи те сакал.На почеток на врска додека се е ново и не се познавате толку е како во бајка.Но како поминува време почнуваш да ги гледаш разликите.Ако си ја засакал личноста тешко е да се помириш со тоа дека не си одговарате и пробуваш да се разубедиш дека може да успее и покрај тоа.Но ако подолго време те мачат тие мисли сфаќаш дека сепак не оди и не може да се игнорираат некои работи.Он може да те сака а да мисли дека не сте за заедно...Да не те сакал и да не си му значела немало подолго време да одолговлекува ако така се осеќал.Уште одма кога приметил дека нешто не му одговара ќе раскинел..Плус и на врска на далечина мислам дека уште полесно би било раскинувањето...
Здраво, повторно јас. Иако немам реален проблем, сакам да слушнам од оние коишто се во среќни, здрави долги врски дали ова според вас е здрава врска. Прво пишав поради тоа што не сака да споделува многу слики од нас, но искрено ги послушав вашите совети дека не е се за социјални мрежи, посебно што е човек што не користи многу и има 200 следбеници, иако до сега има неколку слики ставено на стори. На почетокот со дечко ми пишувавме многу на социјални мрежи иако се гледавме преку еден ден, и почнавме многу да се караме. За да го надминиме овој проблем тој предложи да не пишуваме многу, само основни работи во текот на денот на 3-4 саата, добро утро добра ноќ и толку, за се друго да се слушаме на телефон, ми кажува кога оди некаде и каде оди, си кажуваме како ни поминал денот за работа и се. Гледам дека и двајцата сакаме да успее, затоа се трудиме да не премине во нешто токсично. Би сакала да знам како вие комуницирате во текот на еден ден? Дали допишување на 3-4 саата е нормално во здрава врска? * сакам да напоменам дека имам анксиозност и премногу ги размислувам работите, исто така кога тој е уклучен (што знам дека си гледа видеа на ју тјуб или инстаграм) и не ми пишува или одговара ме фаќа паника, иако човекот ме третира предобро. Сакам совет за да се промена и да успее ова. Имаме 23 год.
Релаксирај се, и сама кажуваш дека те третира предобро. Само психички се уништуваш. Има врски каде постојано се допишуваат, секој ден слики објавуваат заедно, и меѓусебно се изневеруваат. Цени го тоа што го имаш.
Дали на двата ви одговара ова? Тогаш ќе го имаш одговорот. Има парови шо комуницираат постојано. Има парови кои воопшто не пишуваат. Интензивен чет и зборање на почеток е покарактеристично и потипично. Don't overthink it. За некои 3-4 сати е дури пригушливо и многу начесто, за други е дури не доволно, некои сакаат постојан контакт. Зато види дали ви одговара то. Прашај го како него му одговара, види како тебе ти одговара. Ако зборате на телефон, и сте намалиле онлајн комуникација само то е компензација. Значи вие пак комуницирате. Не е важно дали е на инста, преку телефон или си праќате писма преку гулаби. Важно комуницирате на начин шо функционира за вас.
Ние не знам ни дали еден саат дневно се допишуваме. 90% од допишувањето е ко што рече основни работи, добро утро добра ноќ, кога ќе излезиме, кога сме завршиле со обврски и то е то. Подетален разговор оставаме за во живо ко ќе се видиме. Само да напоменам дека од исто место сме и секој ден се гледаме. Да не беше така најверојатно ќе се слушавме по телефон. Веќе 4ипол години сме во врска и нормално е да не е ко на почетокот. Тогаш многу често и долго пишувавме. Дека се каравме, не сме се карале толку да одлучиме помалку да зборуваме. Само времето си го прави своето. Ако двајцата сте океј со то не гледам проблем. Ако не, тогаш барајте компромис.
Нормално е се што вас ви одговара. Нема правила за тоа колку често треба да се слушаш или допишуваш за да имаш здрава врска. Најважно е да можете и двајцата да направите компромис. Има парови кои се допишуваат по цели денови, а има парови кои тоа не го прават воопшто. Се додека вас ви одговара, е океј. Ако сметаш дека 3-4 саати ти се многу, тогаш разговарај со него, но не се оптеретувај и не создавај проблеми онаму каде што ги нема
Де бе остави го човекот да диша аман. Исто и ти. Здивни малку, не може да анализираш се и сешто. Не барај проблеми кај што нема. Опушти се, најди друга занимација додека не сте заедно или не пишувате. За твое добро зборувам. Уживај у тоа што го имаш.
Според мене се што те мачи па дури и да е нешто ситно треба да го споделиш со него.Ако ти е потребно повеќе допишување и слушање кажи му и објасни му зошто.Ако имаш проблем со анксиозност објасни му.Не е токсично да се допишуваш цел ден ако тебе тоа те прави среќна а и него му одговара .Ако он те сака и почитува ќе се потруди да ти пружи онолку внимание колку што е потребно за ти да не се оптеретуваш толку психички.Ако не со допишување со нешто друго ќе ти помогне.Ако тебе ти фали внимание и мислиш дека повеќе треба да се слушате и гледате кажи му.Ако му одговара и ако сака така во ред, ако не ќе пробате да најдете нешто што ви одговара на двајцата.Доколку не се најде решение тогаш тоа е тоа.Ќе најдеш некој што размислува како тебе...Јас лично сакам внимание и не би можела еднаш во денот само да се слушам. Ако на дечко ми му одговара почесто да се слушаме и ги разбере моите причини за тоа во ред.Ако не, ќе барам некој со исти потреби како моите.Сепак треба да се почитува и туѓото време па доколку е на работа или учи нормално е да не се слушате.Ама сепак во твојот случај би ме направило среќна што сака да ми се јави и да ме слушне иако јас лично повеќе сакам допишување.
Лош совет. Имам раскинато заради ѕвонење нонстоп, инсистирање на често допишување и најмногу од се непочитување на мојот приватен простор. Со вакво однесување само покажува дека е личност со ниска самодоверба, или америте што би рекле "high maintenance". Велиш дека треба да ја разбере, иако тој веќе ѝ кажал дека му пречи тоа често допишување. @_Vallery_ подобро и за тебе и за врската да се посветиш малку повеќе на себе си. Покажи му на дечко ти дека и ти си зафатена со други работи, најди си некое хоби или проект и посвети му се. Одвреме навреме не му враќај на пораки веднаш или не му дигај веднаш ако ѕвони.
Ако се гледате секој ден, тогаш доволно е допишување само за основни работи според мене. Што би си кажувале инаку цел ден? Ќе нема муабет и настанува кавга само, ова го зборувам од искуство. Ако не се гледате тогаш треба или допишување или телефон, зависи како ви е поубаво и на двајцата. На почеток сакав многу повеќе комуникација во текот на денот ама сфатив дека воопшто не е продуктивно. Подобро да си завршиш обврски, да си посветиш и време за себе, така ќе има и повеќе што да споделиш. Подобро 1 час муабет, отколку 6 праќање само срциња. А за доверба, и 10 сати можи да пишува со тебе и пак да те излажи, ништо не е гаранција.
Затоа кажав...Ако и него му одговара таков однос тогаш во ред.Ако може да има разбирање за личност што ја сака дека има проблем со самодоверба и слично во ред...Доколку не и она не е должна да се привикнува на неговиот начин на комуникација.Односно,бидејќи него му смета честа комуникација не значи дека она треба да се навикне на тоа и да потиснува емоции.Сигурно има некој што ќе сака и почесто да ја слуша и се.А дечко и ако успее да и помогне да качи самодоверба и да се избори со анксиозност верувам дека нема да им е вечен проблем ова и дека она би успеала да научи да верува и да не сомнева.Доколку тој ја сака и има трпение...И пак ќе кажам ако него му е токсично тоа а нејзе и треба повеќе внимание, не е проблемот до нејзе,едноставно не се еден за друг...
Пробај најди си свое хоби.. 24/7 со дечко од гледање до социјални медиуми е и те како е токсично. Плус ако стадаш од анексиозност и ако раскинете некогаш.. што правиш потоа.. Вака ем по муабет ке имате им ти ке се изградиш самата себе си
Здраво. Нова сум овде. Сакав да прашам нешто и мислам дека овде треба. Со дечкото идевме 4 години се разделивме 1 месец и повторно се смиривме. Додека тој сеуште е во контакт со личноста што му се засвиѓала во тој 1 месец. Прашањето ми е дали е правилно сеуште да се дружи кога веќе еднаш имал чуства кон нејзе? Вели дека веќе ги нема но, секојдневно си прават "оганчиња".
А ти што бараш пак со него ако веќе има чувства кон друга? Не си стварај јадови на душа. Остави го и сврти нова страница. Па нека си прави и огномети со таа личност после ако сака.