Затоа што се уште не знае што сака, мислел дека му е океј со тебе, па запознал друга, па после пак се смирил со тебе и измешана му е главата.. Да беше на место на другата девојка, ќе требаше да се грижиш, вака не мора.. Луѓето секогаш како по некое ненапишано правило се враќаат на местата каде што се навикнати, во овој случај, твојот сегашен, бивш, нз како да кажам, не знае на што е, ама голема е веројатноста да си остане со тебе, а другата девојка да му е пролазна.
Можи мисли на Инстаграм оганчиња на стори @zvezdulka и сама знаеш дека не, ама можи не сакаш да си признаеш. Седи типот на два стола. Со која ќе испадне, со таа. Не можи некоја шо му се бендисала одма да исчезни тоа, посебно кога се дружат. Сигурна си дека немало ништо помеѓу нив? Нека не те прави будала.
Ако ништо друго искрен е, испочитувај го и кажи му дека ова не е во ред и не ти одговара, под претпоставка дека не ти одговара, чим овде си пишала и прекини било каква врска со него.
Не дека е некој проблем ама уште ни цели 2 месеци не сме заедно, а мајка му веќе ме вика да одам кај нив да ме запознаела. Во претходната врска многу ни се мешаа родителите дека беа блиски нашите од пред тоа. Затоа сакав сега да не мешам родители во оваа врска, да не се запознаваме толку рано, но не знам да не е срамота ако одбијам? На ручек ме викаат во сабота. А и ако отидам дали да однесам нешто, со празни раце прв пат не се оди некаде? Не знам што би земала, бомбоњера барем? Вака се е во ред, близок е многу со неговите и чисто сакале да се запознаеме. Не знам стварно.
Мене ми е рано ама па и ако ги одбиеш ќе испадне не ги почитуваш. Ако одлучиш да одиш кафе е доволно според мене.
Јас не би одбила, земи некое вино ако пијат. Ама би била многу претпазлива. Инаку да, пребрзо е запознавањево.
Ова ти се вика "да ве сечат на најубавото". Нема поголем убивач на хемијата од фамилијарен притисок според мене. Од една страна ако не се осеќаш убаво, дечкото не треба да те тера да правите работи кои не ги сакаш. Од друга страна ако одиш ќе можеш рано да процениш одредени работи, како колку влијание има тој притисок врз дечкото и општо на вашата врска. Претпоставувам ако еднаш не си трпела мешање, вторпат уште полесно ќе го препознаеш и елиминираш Леле многу ме нервираат вакви форсирања, наместо да уживате на почетокот запознавајќи се,и на најинтересното, ти треба сега на увид да се ставиш.
Според мене не е рано и нема ништо повеќе од ручек и запознавање со родителите. Не мора тоа да значи дека утре ќе се венчате или уште денес ќе почнете да планирате свадба баш затоа што сте се запознале само. Тие сакаат само да те запознаат затоа што како што пиша блиски се го почитуваат синот и сакаат да знаат каква девојка има. Тоа е се. Ако ги одбиеш ќе испадне дека не ги почитуваш. Не мора да биде тоа цел ден запознавање и откривање до најситен детал работи од твојата фамилија и слични глупости. Два саати ручек и кафе и толку. И ти ќе видиш исто какви родители го имаат израснато дечко ти и ќе имаш подобра претстава каков е навистина и како се однесува со нив или со тебе пред нив. За тоа идење со празни раце се согласувам, можеш да купиш нешто благо или вино.
Убаво ти напишаа погоре... подобро да не ги одбиеш, испочитувај ги, однеси бомбоњерче и вино....или уште подобро некое благо што би послужило како десерт после ручекот..... Мислам дека ќе оставиш добар впечаток ако не ја одбиеш поканата.
И мене ми делува рано. Но, кога веќе те поканиле оди на кратко барем, глупо е веќе вака баш си пред свршен чин што се вика, не е ни за да се одбие ситуацијава. Иако и ја сум против упознавање и замешување на фамилиите. Ептен ме нервира тоа у врска особено, ај брак да се планирало и више ептен сериозно станало ама кај млади у врска, фамилии кога се мешаат место да ги остават да си уживаат во врската, па особено вие сега на почеток, лично на нерви ми оди. Во ситуацијава ептен вака да е покана до овој степен би отишла лично јас, колку да испочитувам чим толку сакаат да ја запознаат женската на синот и тоа е тоа.
Секој различно ги перцепира работите. Јас не би искрено. Рано некако би ми било. Ако се разумни луѓе ќе ја ценат одлуката дека сметаш дека е рано за таков чекор.
Прифатив да одам, фала на сите што пишавте совет. И дечко ми некако гледам беше за да прифатам, ми вика секако викенд си слободна ајде дојди што и така ќе си поседиме и ние двајца, ќе се видиме. Не ми се правеше проблем од ништо, ќе поседам кратко да ме запознаат, толку. Ќе земам кафе и бомбоњера, мислам дека е доволно. Па што ќе излезе од работава ќе видиме.