Не се зближувај со никого толку брзо, прво убаво запознај го, дај си време да ја запознаеш и до тогаш гледајте се поретко, многу ќе бидеш разочаран ако после искочи дека не е таква каква што си ја запознал од сам старт.. Дури и да не се гледате толку често, да се гледате еднаш неделно после месец два ќе видиш според однесувањето некој каков е, мој совет ти е ова, гледајте се поретко, и не се зближувај со неа додека не ја запознаеш убаво.
Истото мислење го имам, сепак треба првин убаво да се запознаеме. Затоа и имам чувство дека нешто не е во ред..
Па според мене во право си.. од сите врски што сум ги имала, тие кои најбрзо се створиле испаднале најлоши, а врската во која поминаа месеци од запознавање до дејтинг била најдобра.
Во некои врски така се случува, не мислам дека е нешто за што треба да се грижиш. Девојчето се заљубило и нормално е да сака внимание и повеќе време да посветите еден на друг.
Здраво драги феминки, имам љубовен проблем и сакам да слушнам ваше мислење и совети, без судење. Имам долгогодишна врска (8 ипол години). Во текот на нашата врска, имам опростено неверство. Некое време бевме разделени бидејќи тој замина во странство. Секојдневно се случуваат работи кои јас не можам да ги разберам (на пр. скржавост, преголема поврзаност со мајка му, лесно потпаѓање под сечие влијание итн). Инаку е добар и секогаш ок на однесување со мене. Во периодот кога бевме разделени сосема случајно се случи да се видам неколку пати со друго дете, но ништо сериозно. Иако со детево сме другари од многу одамна и се почитуваме бескрајно многу. Тој секогаш бил сон за мене, дечко каков сакам. После тоа долго време не се видовме, само другарски во друштво. Помина долго време и пред година ипол ние се видовме повторно и оттогаш па навака немаме прекинато со гледање. На почетокот беше многу поретко, но потоа се поинтензивно. Јас се осеќам лошо вака. Со другаров не сме зборувале никогаш за да бидеме заедно и сл. Тој знае дека имам дечко и не сака да влијае на тоа, иако во последно време постојано ме прашува дали знам што сакам, да си дадам време да осознаам и да постапам така. Од друга страна збори дека тој не е спремен за врска и сл, но збориме генерално. Дечко ми воопшто не примеќа шо се случува и дека ни е многу променет односот и говори за брак и сл. Мене тоа ме правеше пресреќна пред две години, но веќе не се осеќам така. Не знам ни што сакам, ни како да постапам за да не повредам некого, а и себе. Ви благодарам на разбирањето и советите!
Живптот е еден, биди со тој што ти сакаш да си, НЕ ПРАВИ КОМПРОМИСИ. Неверствата, и твоето и неговото, се показател дека врската не е како што треба и не гледам зошто да се впушташ во брак. Јас би раскинала и би си дала шанса да доживеам нешто вистинско.
Прво одлучи се со кој сакаш да бидеш па потоа мисли што ќе биде понатаму. Си простила неверство, а сега и ти правиш неверство што продолжуваш и со двајцата да се гледаш.
@Peanut Butter , @Reina.Gitana Се плашам бидејќи секогаш се ставам во втор план да не направам грешка за која ќе се каам подоцна. Дечко ми е прекрасен, но за некоја друга. Јас сакам да сум со другарот. Но тој не ми дава никаква сигурност, ниту пак ми има кажано дека сака да сме заедно. Но откога сум со него, мене само тој ме интересира. Исто така се плашам да не сум во заблуда, но не знам како можам да го знам тоа... Од дечко ми веќе имам многу притисок за да живееме заедно.
90% другаров ќе испари кога ќе раскинеш со дечко ти. Сериозен човек кој би сакал врска не би прифатил да биде третиот во нечија врска. Имаше пред некое време друга членка со иста мака можеш да пребараш да видиш ако те интересира. Раскини со дечко ти пошо не ти е убаво и не се пронаоѓаш со него ама од другар ти не очекувај ништо.
Девојче, вашата врска е нефункционална. Нема да се решат проблемите ако не разговарате ти и дечко ти. Мислам дека тебе ти е страв да бидеш сама, сингл, па затоа велиш дека другиот не ти дава сигурност. Тој искрено ти кажал дека не е подготвен за врска, па најдобро е да не очекуваш врска со него. За дечко ти, мислам дека немаш веќе чувства, туку е навика.
Епа сама си кажа, не сакаш да си со дечкото, остави го. Што ти е страв да не згрешиш, да не останеш сама ли? Не е во ред да си со некого само затоа што не сакаш да си сама и "ти пружа сигурност" за разлика од другарот. И изневерувањето не е воопшто во ред без разлика дали претходно си му простила или не. Па и велиш долго време трае, а од друга страна дечково си планира брак. Мое мислење е дека тебе ти здосадила врската и сакаш нешто ново. После 8 ипол години врска не може сега да ги приметуваш скржавоста и другите негови негативни страни, сигурно постоеле од претходно. Остави го дечкото, ниту тој да се осеќа лошо, ниту ти, па после одлучувај што сакаш, а не да го чуваш дечкото за резерва во случај другарот да не сака да е со тебе.
СуперДевојка ти даде најдобар и најдиректен совет. Другарот не би прифатил да е со тебе ако сакал нешто сериозно. Никое машко нема да прифати девојка со која планира на долги стази да ја дели со некој друг. Да сакал, уште од старт ќе ти рекол да раскинеш, па потоа да сте заедно. Дечко ти од друга страна не го сакаш, а и тој е прашање колку те сака, повеќе чувствувам дека има некој притисок, дали од домашните, од околина или од било кого за да започне заеднички живот по секоја цена. Пушти го нека си ја бара среќата на друго место. А, ти, ете пробај со другарот ако сака озбилно, ако не, среди си ги мислите сама и продолжи и ти да си ја бараш среќата на друго место. Не верувам дека не го знаеш ова до сега, знаеш што треба да направиш, но, како да се чувствуваш дека ќе останеш сама, т.е. со ниту еден од двајцата. Не се плаши од тоа.
Како да се контролира анксиозноста во врската? Значи станува збор за мене. Не знам како да го наречам чувството (страв, вознемиреност, параноја дури?) Не се работи за љубомора или за страв од изневерување. Ќе дадам пример: Ако не ми се јавува на телефон или ако не ми врати на пораката неколку часа, јас се вознемирувам и мислам дека се случило нешто лошо... Секакви мисли и филмови ми поминуваат низ глава, до тој степен што се препотувам и не можам да функционирам додека не ми се јави. Имаше случај неодамна кога не спиев цела ноќ затоа што мислев дека нешто се случило, за утрото да излезе сосема банална ситуација (празна батерија). Возразни личности сме со свои животи и обврски, тоа го знам многу добро. Но тешко ми е затоа што мислите ме измачуваат. Некако ми доаѓа да сум премногу заштитнички насторена и претпазлива, затоа што многу ми значи оваа врска и не можам да дозволам нешто да тргне лошо. Знам колку глупаво и неразумно звучи, но не знам како да си помогнам.
Да не имаш повеќе слободно време? Најди си обврски некои, некоја занимација било што за да не бидеш технички опседната со тоа дали ќе ти пише или ќе ти се јави и слично.
Периодов баш и немам многу слободно време, но овие мисли ме спречуваат и да се концентрирам на работата како што треба.
Ма види, сигурно има обврски штом го нема да се јави. Зависи и каква му е работата. Можеби е уморен. Немој одма црни мисли да ти се вртат во глава. Да не сака да биде со тебе, сигурно нема ни да ти кажува каде е. Опушти се, мисли позитивно, па со тек на време ќе увидиш дека непотребно се грижиш само и си ствараш стресови.
Кога ќе го вклучам гласот на разумот, знам дека е така. Не се плашам дека не сака да е со мене, работата е што секогаш ми се вртат некои црни мисли во глава дека се случило нешто. Не знам зошто, едноставно ме измачуваат такви мисли без причина. Веројатно е некој потсвесен страв од загуба. Така непотребно се измачувам, наместо да уживам во врската. Ќе се обидам да се опуштам и да ги применам твоите совети. Фала ти
Ако сте на почеток на врскава ,тотално те разбирам, зошто и јас бев како тебе таква... онака без причина ти се јаде душата а свесна си дека е банално тоа. Ако ти е утеха, јас после години во врска се чувствувам сигурна во себе на тоа поле...ти треба само време и се ќе биде во ред