Па да, уште е почеток. Уште се многу интензивни чувствата. Се надевам дека и мене времето ќе ми помогне.
Здраво, би сакала да ве прашам за ваше мислење. Што би направиле доколку личноста што ја сакате ве праве среќна, ама се друго во тој град ве праве несреќна... работата, менталитетот, народот... дали би одбрале љубов иако сте несреќна во тој град, а тој не може никако да де пресели, или би размислиле да се преселите во друга држава (имајте предвид дека имате големи шанси за ова).
Сама треба да откриеш што ти е потешко. Можеме да ти кажеме ние како би направиле (или што сме направиле), ама не можеме да ти кажеме тебе ни остани, ни замини. Ти ќе живееш со одлуката, не ние.
Ако си несреќна во тој град, тоа може да ти се одрази утре и на љубовта и да ти предизвика дури и одбивност, можно е да го обвинуваш дека поради него си останала во место каде што си била несреќна, а си имала шанса да отидеш во друга држава. Размисли си најубаво како би ти одговарало, ко што вика Вајлд, ти ќе треба да живееш со одлуката, без разлика што ќе те советуваме ние.
@prominent скроз те разбирам. За жал. Стравот лично не ми е лимитиран само на партнерски врски, туку и на пријателства, роднини, секој за кој се грижам на кратко. Страв дека ако не крени - нешто му се случва лошо и после анкс 300 на сат. Си имал обврска? Пиши пропало, не можиш да се концентрираш на неа. Шо ми помагало, ама не премногу, е листање на можни, чести, секојдневни ситуации кои можи да се. Ако не крева: исклучен звук, состанок, зафатен/а на работа, забораен телефон дома. Комуницирање за ова со партнерот е клучно зошто ако види поќе од 1 пропуштен нема да мисли дека си посесивен, САМО анксиозен. Башка можи да ти дај резервен број од некој шо можи да ти потврди дека е здрав и жив и дека ништо лошо не му се случило. Бившиот ми имаше даено број од брат му да се смирам да се јавам таму ако не ми крева ради икс причини за да ми потврди дека се е океј оти ионака многу време врвеа заедно. Ова го сметам за многу комплицирано ама стварно ми помагаше. По време ако му умреше телефон ми пишеше смс од кај некој да знам да не паничам во случај да го побарам и не добијам. Ама ова не е проблем со партнер или врска. Ова е проблем со анкс и мислам дека и јас и ти го знајме то, се имаме по темите среќавано. Пак ќе речам, за жал. Се надевам малку од малку ќе ти поможи ова. Не е лесно, пак иди до паника ама помалку ( ???? ) паника, ако прај смисла.
Здраво феминки, нова сум и се надевам дека ќе имаме убава дружба. Профилот пред се го направив поради проблемот со кој што не знам како да се справам. Пред неколку месеци стапив во контакт со личност кој ми се допадна повеќе карактерно отколку физички. Физички воопшто не беше по мој вкус но нешто ме привлече кај него. И двајцата излезени од лоши врски пред година време решивме да си дадеме шанса бидејќи премногу се поврзавме уште од стартот. Средбите одеа според планот, разменување нежности, многу комуникација и смеа но сето тоа се промени пред неколку недели. Тој се промени. Не ми пишува повеќе ( во последно време јас сум иницијатор за разговор) и еднаш се решив да го прашам - изговор му беше дека имал проблеми и е зафатен со работа. Некако го сварив ова, му дадов време но забележав дека секогаш е активен по социјални мрежи по работа а не се обидува ниту да ме контактира, по што ми се смачи да го прашувам што се случува. Знам кои му се проблеми, знае и дека може да смета на мене ама јас не можам постојано да бидам иницијатор за разговор. Решив денес да се повлечам, воопшто да не го контактирам некој период, буквално да бидам недостапна за него. Не сакам и не знам дали да разговарам со него бидејќи веќе знам што ќе каже. Не сакам да звучам очајно пред него и гордоста тука воопшто не е во прашање но јас не сум воопшто наметлива личност која моли за внимание. Дечково навистина ми се допаѓа но друг избор и да немам освен да стојам на страна. Дали постапив правилно? Тој е затворена личност но јас немам повеќе нерви да се справувам со неговото однесување и да знам што има во главата.
Здраво Феминки.. Имам проблем кој навистина не знам како да го решам, во недоумица сум. Потребно ми е решение, не морални совети. Во врска сум со човек кој е на раб на егзистенција, а јас не сум. Станува збор за раб на егсзистенција да се остава без скршен денар со недели. Го сакам но почнува тоа многу да ми смета, дури и кирија и трошковите за станот целосно ги покривав јас на неколку месеци. Во исто време има проблеми со депресија и кога размислувам за проблемите ми изгледа он како безнадежен случај..и се чувствувам лошо кога гледам како сите други имаат "нормални" партнери,,, Да беше минливо или решливо немаше да ми биде проблем но он не презема ништо драстично за да си помогне за ситуацијата во коај е, ми вика сега таква е ситуацијата профати ја..а исто така има и огромни долгови.. Има денови кога стварно сакам да му прекинам зашто не гледам перспектива НИКАКВА со него, а има денови и кога уживам во љубовта, тполината, блискоста.. И не знам што да правам.Млада сум, океј изгледам и знам дека можам многу подобро да најдам, но се плашам дека таква конекција и блискост нема да најдам, а за сакање, го сакам.. како човек и сакам да му биде добро, во сито време не сакам да се разделам и знам дека ќе ми биде пре пре тешко зашто го сакам ама и товарот ми е претежок.. Чаре?
Конфузна си оти не знам шо гледаш во него, еве да речеме има нешто позитивно. Извади лист хартија, на едната страна напиши ги негативните страни, а на другата страна позитивните. Измери дали е океј да останиш со него или не.
Па не знам,, самата помисла да го оставам во оваа ситуација ме ужаснува.жал ми е за него. Ама од друга страна сум свесна дека ситуацијата не може којзнае колку да се подобри ..
Многу лоша услуга му правиш што си со него од жал а не од љубов. А со оглед на ситуацијата, искрено и многу нормално е што веќе не чувствуваш љубов према него. Не е фер за него да биде оставен со оглед дека е во депресија, но не е и фер за тебе да се измачуваш во врска за која сметаш дека нема да се смени и нема перспектива.
Дали разговараш со него на оваа тема? Дали има причина што се однесува на тој начин? Сепак е многу безчувствително да оставиш некој да ги сносува сите заеднички трошоци. Разговор може да подобри многу работи. Нема друго чаре.
Немам конкретен совет, само да ти кажам дека не си единствена. 4 години сме во брак и сѐ уште ми идат милион страшни сценарија во глава секогаш кога нема да го добијам на тел после 2-3 повици од моја страна. Не знам како да си помогнам, имам во мене хроничен страв да не му се случи нешто
Oд што го сакам ми е жал за него, не сакам да го повредам зашто е стварно во лоша состојба.. вели ќе ми ги врати парите што ми ги должи кога ќе му биде подобро.. се е во некое идно време кажано. идно недефинирано.. а во меѓувреме јас трошам и трошам пари. Дури и бевме излезени со друштво и он као под дифолт не ни се посегна по ноивчаникот, као се знае дека јас ќе платам.. Кога му спомнав дека гледам како сите други имаат партнери што ги шетаат и носат на вечери, подиве и ми рече ајде одма најди си друг. тоа многу го погоди.
Пишувам на форумов зашто ми е срам реално да се отворам пред другарки зашто знам дека лом ќе ме направат како се ова толерирам.. Од дома одамна ми рекоа дека ме искористува.. мада јас не го мислам тоа сеуште, знам дека ме сака
Некогаш другите околу нас пообјективно расудуваат и ја гледаат нашата ситуација баш поради тоа што не се директно инволвирани и размислуваат со разум а не со чувства. Голема е веројатноста дека дечково те искористува, а те фаќа на сентименталност со депресијата. Вака и ти ќе тонеш заедно со него. Размисли си убаво дали така сакаш да го поминеш животот.
И јас би постапила исто. Не вреди да го молиш за внимание. Можеби сака да игра топло-ладно, ама штом игра такви игрички за мали деца, батали.