Не можеби, туку сигурно треба да му кажеш на дечко ти дека не сакаш да ти сврши во уста. Ако те сака ќе те разбере и нема што да инсистира повеќе ниту па да те убедува на таа тема. Ако продолжи речи му важи, нека ти сврши, па после тоа префрли му се во неговата уста да голтне, па нека види како е, дали ќе му биде сеедно. Не се прави се само да им се удоволи на спротивниот пол
Здраво дечки. Сакам да ве прашам за ваш совет и ваше мислење во врска со една ситуација. Се запознав со едно момче кое има исто години колку и јас и се гледавме еднаш неделно на работилници. Минатава недела исто бевме и цело време разговаравме и се дужевме и веднаш следниот ден јас му пишав, но само за да го прашам за работилницата што треба да се прави. До тогаш воопшто не го гледав како нешто повеќе од пријател, но откако ми одговори на моето прашање ми пиша како сум. Нормално јас му одговорив и почнавме да се допишуваме. Следниот ден тој ми пиша добро утро и малце бев зачудена бидејќи сепак не сме толку многу блиски. Цел ден пишувавме и во доцните часови тој ми пиша. Водевме разговори поврзани со секојдневниот живот, па почнавме да си праќаме и слики од тоа што правиме секојдневно. Се е супер и забавно, но како тој да наоѓа изговори и различни причини за да продолжи да си пишуваме и да комуницираме. Како што кажав до пред ова да се случи јас не чувствував ништо кон него, но сега малку сум збунета и не знам како да се однесувам со него кога ќе се видиме. Ве молам дајте ми ваше мислење дали од негова страна има нешто повеќе освен пријателство или јас самата си преовиличувам...Би ви била благодарна доколку ми одговорите.
Времето ќе ти покаже. Прави си муабет и ќе видиш како ќе се одвиваат нештата. Вака не може да знаеме што намери има и што мисли тој.
Па, да, има интерес да те запознае. Е сега, што ќе донесе таа фаза на запознавање никој не може да знае. Ако и ти имаш интерес и желба, продолжете така, ако гледаш дека ти не сакаш ништо повеќе, а тој да, време е да се оддалечиш.
Вака ми звучи дека е заинтересиран за тебе, или у најмала рака убаво се чувствува коа комуницирате. Опушти се и биди природна за да си течат работите нормално.
А што ако враќа подоцна на пораките? И јас некогаш така му враќам за да не биде веднаш па да си помисли дека го чекам и сл... Сепак да не сфаќам само јас погрешно
Нема везе Секако не може цело време некој да е на телефон нели... Сепак си враќате редовно, ја одржувате комуникацијата Очигледно ви иде муабетот штом го продолжувате
Не си преовеличуваш зошто се труди дечкото и тоа е очигледно дека сака нешто. Понашај се исто како и до сега, види првин тој како ќе се понаша во живо.