Доколку не ги почитува твоите желби и избори сега, па дури и нема разбирање за тебе, замисли како ќе ти биде цел живот за секоја ситница кога ќе прави тој како сака. Искрено не го разбирам притисокот, посебно па и на тие години, но на крај на денот иако не сакаш да го изгубиш, изборот ќе ти биде дали ќе го сакаш него или ќе се сакаш и почитуваш сама себе.
Значи разбирање од негова страна, нула. Мене повеќе би ми сметал овај однос и би размислила дали вреди да му кажам Да и после тие 2-3 години пошо сака или по негово или да не го барам. Ок, нема да го барам. Свако својим путем…
Кога го прашав зошто сакаш да се жениш... Мене во куќава ми треба жена... Се почувствував како од корист да сум...
Ми е грев... Мајка нема сам е останат сестра му си замина ск да седи со дечко е... Ми е грев вели ако ме остајш нема со никоја да бидам
Него му треба мајка, сестра, домаќинка, готвачка, перачка итн Не му треба жена како партнер Не се мужи бе ако не си спремна, кој го ебе, па шо си ти, шелтер? Потпомагај му нешо ако заглави ама ако не си спремна за брак немој.Не е тоа пљукни залепи.Баш е поферски ако му каеш, него на сила работата па после не дај Боже кавги и разводи
Во врска со него си уште зш ти е грев или го сакаш и сакаш да бидеш со него? По ова малку што напиша не ми изгледа дека си во врска со љубов и разбирање и почит. Прво расчисти дали тоа што го имаш поред тебе е вистинскиот избор или само навика, сожалување...итд. Во однос на брак и деца не дека некогаш ќе си спремна но кога си со вистинскиот нема погрешно време, не се битни финансии ни свадба него едноставно сакаш да си со некого и животот да го поминеш со таа личност. Јас мислам прво овие работи да си ги расчистиш па потоа да размислуваш што понатаму. Секое добро
Па јас мислам дека повеќе е проблемот во тоа дали сакаш да живееш со него или не (освен делот со децата). Бракот е само парче хартија што не треба да ти менува ништо. Еве кога финансиите не би ти биле проблем би сакала со него да живееш или не? Тоа е битно прашање за кое треба да размислиш ...
Не му е на секого приоритет да се мажи, да има деца и да биде домаќинка. Во ред е да смета дека сеуште и е рано ако не се чувствува спремна за таков чекор. Пред брак се мисли, а не откако ќе се случи.
Не си спремна и готово. Нема што понатаму или ќе те разбере или ќе ви се раскрстат патиштата. Тој може да почека уште некоја година за брак, чекал досега, па нека чека уште малку. Ај сеа ти мажи се, ради на него шо му се женело. Ма важи, обавезно. Бракот е договор меѓу двајцата, а не е еднострана желба.
Според ова јас мислам дека ти со него си сеуште поради тоа што ти е жал, а не од љубов. Мислам немој да ме сфатиш погрешно, ти може имаш чувства за него, ама повеќе сожалување. Бидејќи бракот не е ништо друго освен еден обичен потпис, ама ти очигледно не си спремна да живееш со него, размисли си убаво пред да направиш чекор што сакаш.
Класично балканче , бифшиот ги имаше истите расмислувања. Верувај би те сменил за 2 дена, сака жена не те сака тебе. Не може да си го уништиш животот ради сожалување.
Секако Само со вистинската личност ќе има љубов и разбирање и заеднички цели, договор итд. А не како типов уцени и присила. Затоа велам да размисли дали е со видтинската личност. А бракот не значи по дифолт одма деца и домаќинлук. Ете кај мене на пример не значеше. Бркавме заедно кариера, искачања и се што прават млади луѓе. Како што кажав со вистинската личност нема погрешно време за било што. А членката секако дека не треба да прифати брак ако не е спремна(ова спремна безвезе звучи според мене), пре би рекла не е сигурна за личноста поред нејзе него за бракот како брак.
У Ж А С! Ти пишале членките скоро сѐ што мислам само уште од мене ќе речам и за тебе и за сите во твоја ситуација: зошто бе седите со некој кој не ве почитува? Тој не те гледа ко партнер туку ко предмет кој му треба за по дома. Па непочитување и вреѓање не е само глупа си, курва си итн. Ова е поголема навреда. Му требало жена на господинот е рамно на “ми треба телевизор”. И одиш и купуваш телевизор. На телевизорот никој не го прашува дали сака да е таму, едноставно го купуваат и служи таму. Ете вака те третира дечко ти. Пак нека ти е грев.
А дали е исто која девојка ја сака за жена? Нималку не е едноставен избор за да викаме дека е само потреба од жена дома.... он можеби сака баш она да му го вари првото кафе и никоја друга, и немал мајка нормално е да бара мајка во својата жена тие треба да се држат еден за друг тој веке иде накај 30 години сигурно не му е до журки и кафичи А за девојката, само да си се праша дали е тоа тој со кој би сакала да го помине животот ПО СЕКОЈА ЦЕНА, бракот бара трпение и жртвување а не само не те почитува и зошто го сожалуваш.....
Сега му текна дека му треба жена,а до сега што му беше??? 4 години не се малку. Јас да ти кажам немој да правиш нешто на сила за кое покасно ќе се каеш. Слушај си го срцето.
Не е нормално да бара мајка во својата жена исто ко шо не е нормално да ја гледа мајката ко жена во сексуална смисла на пример, мајка е мајка, сопруга е сопруга. Пошо со еднава меѓу другото и спиеш, со другава не, така?!
Не, не е нормално мајка ти да ја бараш у женска ти.Ко ја сеа тато да го барам у идниот дечко/маж.Прво тато е тато, тато е незаменлив и нема пендрак на светов шо ќе го замени. Не е здраво да бараш мајка у жена.Шо сме им ние на нив?Ај и цицка да им даеме за да заспијат. Тоа пошо многу си ги разгалувате мушките дечиња ко мали, затоа после у жените бараат мајки и домаќинки и се дешава шо се дешава. Да ги остаите сами да се учат на сѐ од перење пеглање готвење итн светот ќе е поубаво место за живеење Срамота е жена вака да мисли, бар по мене