Ќе ти биде жал ако се земете и дете родиш и после неколку години се присетуваш со тага и нервоза на искуства што требало да ти се едни од најубавите спомени во животот, а ни едното ни другото нема да можеш да го повториш.
Јас само ќе ти кажам од искуство да не правиш компромиси кои ќе ти го сменат животниот тек за никого и со никого! Да си се слушаш самата себе, да си одиш чекор по чекор како што си планирала досега. Тој може чекал да дипломираш ама ти не си должна сега да компензираш за тоа и да се мажиш само затоа што 'така требало' и 'редно било'. Човечките желби немаат крај, сега притисок за мажачка и дете, утре притисок да се вика Трајче по дедото, па ајде второ дете за да не биде првото само... Крај нема.
@Lady Maria тој од тебе бара да му бидиш домаќинка. Да има кој кафе да му сфати, да има некој дома, да има кој да зготви, да зачисти. Нема кој, па ај ќе се женам. Партнери разговараат. Ако погледите се толку различни, макар имало љубов, за да не се повредат - си фаќаат башка пат. Партнери не си вршат притисок да биди на нивно. Ти не си должна да бидиш нечија домаќинка. Ти не си должна да бидиш со некој кој ти врши притисок за голема одлука. Ти не си должна да бидиш заменска мајка на возрасен маж. И кој и да ти кажи поинаку, и дека „џабе“ ти се 4 години и дека нема да најдиш некој друг - протектираат свои лични грешки и/ли несигурности во животот. Оти ништо од то не е вистина. Ако 4 години било убо и 5 година не е убо - то се потенцијални години и години кај шо не е убо. И пресекваш. Само зошто некогаш било убо, не значи дека сега мора да трпиш неубото или дека си „должна“ да го трпиш неубото. И не е точно дека нема да најдиш некој друг и дека запознавање нови луѓе е тешко. Не е. Навистина. И подобро да почекаш за да најдиш со некој со кој ќе ти е пријатно и нема да осеќаш притисок, наспроти да бидиш со некој со сила само за да не испадни дека 4 години ти биле за џабе. Ти вредиш. И не дозволвај некој да ти кажи поинаку. п.с. и да немаш оправдување оти неќиш да се мажиш - легитимно е.
Секогаш клавај се прва, види тебе што ти одговара, дали ти тоа го сакаш, дали сега можиш да бидиш во брак, дали сега сакаш да имаш такви обврски? Ако не сакаш ќе си кажиш отворено, немој да дозволиш некој да ти врши притисок, или да исполнуваш нечија желба само затоа што ти е жал. Размисли тебе како ти е, како е твојата желба и стој си цврсто зад тоа, немој да попушташ само заради некој. Без разлика колку време сте во врска 4,5...10 години не е важно, важно е да се има комуникација и секој партнер да знае што сака другиот, што му пречи. Реално 24 години имаш, тие се години да шеташ, да се дружиш... не е секој спремен за брак на тие години. Некој на 20 сака брак некој на 32, и не е важно колку време сте заедно поважно е отворено да си кажите кој што мисли и заедно да најдите разумно решение. А ако не можите така се знае што следува
Јас те разбирам и тебе во потполност, ама го разбирам и дечкото. За почеток ако го сакаш и ти значи прво предложи му да не стапувате одма во брак, туку некој период оди кај него и почнете заеднички живот. Кога ќе живеете заедно тогаш најдобро ќе знаеш дали сакаш да го поминеш животот со него или не, бидејќи заедничкото живеење и официјално стапување во брак е исто. А ако чекаш да дојде вистинско време и да си вистински спремна за брак, такво време не постои. Тоа е само желба на двајца што се сакаат и сакаат да го поминат животот заедно, а ти очигледно немаш таква желба за со дечково, затоа што не го сметаш за вистинскиот за тебе, не е до времето и спремноста, туку до желбата.
Разговарај за последен пат. Кажи му дека не си спремна сега за брак, да почека уште 2-3г. Во брак се влегува тогаш кога двајцата се спремни а не околината околу нив. Ама биди озбилна.
Кога те читам вака, како јас пред неколку години, само што дечко ми сега сопруг не ме напнуваше. Тој порано беше спремен од мене за брак ама не и јас, постар е од мене 6 години и нормално дека ќе биде. Кога ми спомнуваше брак јасно му кажував дека не сакам и крај, мене паника ме обземаше тогаш од помислата. Се земавме после 7 години врска. Ти си знаеш како се чувствуваш, ама јас да правам нешто на сила ќе станам депресивна ама тоа сум јас. Разговарај со него со убаво дека не си спремна. Тоа се важни одлуки што не може само едната страна да одлучува кога што. Освен тоа, тој ли ќе рага па да одлучува за деца? Да не се лажеме и бременоста не е секогаш така бајковита и лесна, убава е многу, најубава ама дека е лесна кај секој не е. А да не зборуваме за обврските кои доагаат со деца потоа, доколку човек не се чувствува спремно одма те фркнува глава. Смирено размисли и разговарајте, ако на сила се омажиш после постојано на секоја кавга ќе му префрлаш. Твоја си е одлуката.
50:50 сум не сакам брак ама и не сакам да го изгубам. Ама изгледа ќе треба да се стави крај. Ме иритира темата БРАК!!! Не сакам и не сакам па макар и цел живот да останам сама....
Си размислила ли од каде доаѓа таа твоја одбивност кон бракот, да не си порасната во семејство во кое што партнерите се несреќни, па имаш така зацртано во главата, или имаш пример земено од некој друг дека бракот е нешто што мора да се случи и дека е како да одиш на колење, дека колку повеќе го одлагаш подобро за тебе.. Не знам, само многу си насочена кон тоа дека не сакаш, да не има корени ова негирање потекло од средината во која си порасната. Размисли си, ама сепак јас мислам дека твојот проблем не е бракот, туку фактот дека го одбиваш созревањето и обврските кој доаѓаат со самото созревање.
Ако дојде до суштината на проблемот, и го реши, ќе биде среќна и со овој дечко, а ако не го реши проблемот сега и не расчисти со самата себе, проблемот ќе се провлекува.
Добро, може ќе ѝ требаат неколку години за да си го реши проблемот, зошто дечкото не се стрпи за неа?
Затоа што и он има проблем, и он сака да има семејство, затоа што неговото семејство не е целосно, нешто му недостасува.. Мислам дека погрешно се изразил со тоа дека му треба жена за дома, сакал да каже дека му треба личност која што ќе му биде поддршка, со која ќе ги делат обврските, ќе имаат семејство.. Лесно е да кажеш остави го, или продолжи со него, ама животот не е само црно и бело, понекогаш треба малку да се размисли и од двете страни, девојката има одбивност кон брак, можеби пораснала со мајка и татко кој не се сакале, дечкото немал мајка, немал комплетно семејство како неа, па затоа сака сега да има, чувствува дека му е време.. А и девојката завршила факултет, има работа, колку што разбрав од напишаното, нека се верат, нека живеат некој период заедно па после ќе видат дали им оди или не.. Лесно е да се каже остави го, тука се години во прашање, многу време, многу споделени убави и неубави моменти заедно, најлесно е од зад тастатура да се пише остави го.. Си стојам на напишаното погоре дека треба да размисли и да дојде до знаење од каде води потекло таа нејзина одбивност кон брак.
А ти па една анализа што и направи, нејзините не се сакале, лош брак имале, сето тоа само зошто не сакала да се омажи и да раѓа на 24 чиниш презакасната. Не е одбивање да созрееш ако сакаш после факултет да се посветиш на кариера и на себе си малце. Од кога сме 6 годишни сме нашколо, конечно завршуваш со формално образование, време е за себе си, да си најдеш убава работа ко што сакаш, да испробуваш работи, да шеткаш со првите пари што ги заработуваш, не да думкаш деца. Мислам ако сакаш, супер. Ама девојката не сака и крај на муабет. Баш е зрела што на 24 знае точно што сака. Мене најмн ме иритира што по луѓе кажувал ќе се женел. Демек суптилен притисок.
Па што ако? Треба девојкава да се мажи насила само за тој да не трпи прашања од роднини? Тоа е зрела причина за брак?