1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Можеме да си претпоставуваме до утре дали тој погрешно се изразил или едноставно дечкото си е таков напорен карактер, разгалено дете што мора да е по негово. Мислам дека тоа @Lady Maria најубаво си го знае.
    И за 4 години и луѓето се менуваат, созреваат во меѓувреме и често е случај да се најдат две особи кои веќе немаат заеднички интереси. Не мора разидувањата во животот толку трагично да се сфаќаат. Ако не се еден за друг, тоа е тоа, не мора трагедии да се прават од раскинување. На новите почетоци баш треба да им се радуваме.
     
    На MarijaMi90, buba4e89 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.792
    Допаѓања:
    13.829
    Пол:
    Женски
    Штом не сакаш да го изгубиш, разговарај со него. По некоја година немој да се каеш, не за брак него за него штом ти значи.
    Ако никогаш не сакаш брак треба и тоа да му кажеш, не е фер и кон него да те чека а ти да си решена дека никогаш не сакаш да се омажиш.
    Смирено разговарајте, без инаетење, ставајте се на кантар и искрено кажете си ги плановите.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.748
    Пол:
    Женски
    Многу е едноставно...ако не си спремна за брак, не влегувај во брак.

    Мене би ми се споиле жиците некој вака да ми каже.

    Прво, не остава место за никаков компромис. Ти не си спремна, тој сака веднаш. Значи или ќе се венчате во блиска иднина или ќе раскинете. Нема средина. Што ме носи до...

    Второ, е многу манипулативен. Кога веќе си се изјаснила дека не сакаш и не си спремна, неговите опции се или да се помири со тоа и да терате додека си спремна или да одлучи да ти раскине ако му е dealbreaker. Манипулативноста е во тоа што те става тебе пред свршен чин и те прави тебе кривецот за евентуално раскинување. А реалноста е дека нема кривец во овој случај. Едноставно сакате иста работа, ама во различно време. Што ве прави некомпатибилни. Ама ако успее да те направи кривецот, ти набива вина и грижа на совест, па така се надева дека сепак ќе те убеди да прифатиш.

    Трето, не те почитува тебе и твоите желби. Мислам нема ни потреба да објанувам повеќе за ова, очигледно е.

    Ќе разговараш смирено, ама одлучно со него. Без колебање. Ќе му повториш пак дека едноставно не си спремна. Ќе предложиш да пробате да најдете компромис некој. Дали ќе е тоа само да се верите, па пак да чекате, дали само да почнете да живеете заедно, не знам. Тоа зависи до вас и како сте спремни. Ако пак се држи до неговото, тогаш тоа е тоа. Или ќе се венчаш или ќе раскинете.

    Си се почувствувала така, затоа што навистина те гледа од корист. Еве запрашај се што ќе му смени дали ќе се венчате сега или за 2-3 години. Значи него му треба жена. Дали ќе си тоа ти или некоја друга му е небитно. Битно му е што веќе вложил време и труд тука, па тешко ќе му е пак да се замара со друга.

    И пак се потврдува каков страшен манипулатор е. Девојче, ти не го оставаш него. Тој ќе те остави тебе. Со тоа што инсистира да се венчате кога знае дека не сакаш, тогаш тој ја бира опцијата на раскинување.
    Неговата желба е валидна, проблемот е што тој те манипулира за да се согласиш.

    Значи не можам веќе. Ќе престанам овде да коментирам, пошто и јас почнав да се нервирам.
     
    На poppie, Feminka22, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.638
    Допаѓања:
    40.142
    Пол:
    Женски
    Фројде јеси ли то ти?
    @Lady Maria Влегување во брак неподготвена ќе си има последици, а да не зборуваме за раѓање деца.
    Ти сама со себе треба да се договориш и да си извагаш што сакаш во животот и во кој правец сакаш да одиш.
    Он штом ти поставил ултиматум или брак или раскинување на некој начин, тоа ти кажува колку те цени.
     
    На buba4e89, bicycle, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    9.352
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се согласувате со мене ама за женско е многу потешко да стапи во брак него за машко. Не во смисла на одлучност, туку во смисла на обврски.
    1.Жената е таа на која ѝ се менува животот за 360 степени.

    2. Жената е таа која го менува своето живеалиште, оди во куќата на мажот. Не е баш лесно цел живот да живееш во една куќа и после наеднаш да се префрлиш во друга, треба време за да се навикнеш на новата средина, а ова знае понекогаш да биде доста тешко, посебно ако се живее во заедница со свекор и свекрва.

    3.Жената е таа која треба да се грижи за куќата, да ја одржува хигиената и ред други работи. Е сега тука секако треба да е вклучен и мажот, пошо обврските околу домаќинството не треба да паднат само на грбот на жената ама за жал ова обично не е секогаш така.

    4.Жената е таа која треба да раѓа, да го износи детето 9 месеци. Ова не е нешто што се прави туку така, треба психички да си спремен и за ова.

    5. Од кога ќе се роди детето, жената т.е. во случајов мајката е таа која е 24/7 со бебето. Затоа што кога се мали, бебињата се зависни од мајката, мора цело време да им е посветена на нив.
    Секако ова се прави со помош и на мажот, и тој има улога во грижата за детето ама факт е дека мајката е клучен фактор барем во првите месеци од раѓањето на детето.

    Сигурна сум дека постојат и многу други вакви слични работи кои за жената се потешки при стапување во брак отколку за мажите. Мене во моментов овие ми текнаа.

    Поентата ми беше, ако некоја не е спремна на сето ова ич нека не стапува во брак. Нема потреба од брзање со стапување во брак, само за да му се удоволи на дечкото.
     
    На sunshinebabe, Juicy, MeowMeow и 19 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.053
    Допаѓања:
    41.578
    Пол:
    Женски
    Зошто го форсирате девојчето упорно да разговара со партнерот кога таа е јасна дека не сака воопшто да смисли брак?
    Еве, и да разговара, ќе се смири тој за некој период и пак одново, ќе притиска.
    И да стапи во брак само за да тој биде среќен, што е со тоа она што го сака?

    Он и дава ултиматум нејзе, или брак или раскинување.
    Воопшто нема да разговарам со него.
    А и зошто би?
    Да манипулира со мене да се чувствувам виновна?
    Да продолжи да ме условува, што?
    За нејзе како партнер не му е гајле.

    Јас реално не би чекала, туку би заминала при првото уценување.
    А на типот безброј пати му е укажано дека таа не сака.

    Јас сум повеќе од сигурна дека тој би ја оставил кога таа ќе му рече не.
    Додека таа се мисли што да прави, тој веќе крои планови што понатака.
     
    На sunshinebabe, MeowMeow, poppie и 9 други им се допаѓа ова.
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Прво да ве погребам вас и после ќе се женам/мажам.
    Одговори вака и уште еднаш никој не те прашува.
    Правете такви животни промени за ќејфпт на други и писле живеете несреќни и исфрустрирани.
    Со 5 кучиња би живеела порадо отколку со човек кој не сакам или не ме почитува. Па уште и дете да родам негово…нема шанси.
     
    На sunshinebabe, Luna91, MeowMeow и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Девојки, јас имав многу добар другар, значи навистина дете на место.
    Тоа другарство пополека премина во врска, и до сега таа ми била најстабилна.
    Во последно почна да ми дава досадни кратки одговори, се гледаме еднаш месечно или на два месеци.
    Јас мислев дека долго ќе трае но очигледно за него било привремениот допамин и убавото чувство на почеток на врската.
    Јас сакам кога вложувам и другата личност да го прави тоа, и едноставно ме навреди тоа што очекуваше да бидам задоволна со малите гестови кои ги спомнав погоре.
    Сега не зборуваме, не сме заедно, но неможам да го прежалам другарството, добра личност е..
    Дали е можно се да се врати како што беше порано (другарски)..? :u:
     
    На Gentle Man му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.995
    Допаѓања:
    81.919
    Пол:
    Женски
    Кога од другарство преминува во љубовна врска, не може да биде веќе исто тоа другарство.
     
    На sunshinebabe, Luna91, Martka и 8 други им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.053
    Допаѓања:
    41.578
    Пол:
    Женски
    Потврдувам.
     
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Nope. Move on.
     
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    6.930
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сакаш да го изгубиш, но во брак не се стапува под притисок. Ако не си спремна, едноставно не си и тоа е тоа. Најмалку почитувам поставување ултиматуми и манипулирање. Ако дечко ти смета дека на таков начин ќе те натера да прифатиш брак, тогаш не треба ни да се бориш за да го задржиш.
    Компромис се прави за многу работи, но не и за ова. Не е ни чудно што те иритира темата кога си под постојан притисок, а моментално не сакаш ни да размислуваш околу тоа.
    Млада си, животот е пред тебе, ако е спремен да те остави од оваа причина, тогаш не те ни заслужува.
     
    На poppie, Annath и Lady Maria им се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    Најбитната работа во врската е пред се љубовта ама и заедничките погледи кон животот се ептен битни. За да основаш семејство со некој не е доволно според мене да го сакаш. Џабе си го сакала ако тој сака да се жени на 18 ти на 30. И во ред е да отстапиш од некои работи зошто љубовта “сака жртвувања“ ама никако по цена да патиш за тоа. Утре ако бидете во брак а ти не си го сакала тоа, може да е уште полошо. Да не зборам за деца. Ни една работа не се прави во животот “од што морам“ особено не брак, деца и семејство. Никако. Според мене немате исти гледишта на работите и утре може и за други работи за ви биде тоа проблем не само за брак.

    И најмногу што ме исфрустрира во постот е коментарот на неговите родители. Уште во врска се мешаат како за нив да станува збор. Имам ете една другарка шо роди од 18 зошто неговите биле стари сакале да видат внуци, да порастат. Девојката кој ја тркала, никој не ја прашува дали сака или не сака. Тоа и е “работа“:x
     
    На Ladyinblackkk, Martka и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    7.502
    Пол:
    Машки
    Ако се врати другарски, мислам дека би се вратило и како врска. Моја претпоставка...
    Пиши му, јави му се, смирете се...штом го сакаш другарски, мсм дека не би ти пречело пак и како дечко.
     
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Можеби не се изјаснив добро, ама воопшто не го сакам како дечко више.
    Ама другар, да, дефинитивно.
     
    На Компир Манџа и Gentle Man им се допаѓа ова.
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    17.885
    Пол:
    Женски
    Доколку едниот бил повреден при раскинување а сигурно бил,не верувам дека веќе би постоело и другарство.
     
    На Martka и Indiegurl им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    20.158
    Пол:
    Женски
    @Indiegurl сакаш да сте повторно пријатели, но онакви какви што сте биле. Може и ќе успеете да го вратите некако другарството, но односот никогаш повеќе нема да биде ист. И најверојатно ќе сфатиш дека тоа ново пријателство не го сакаш. Единствено е можно да сте повторно пријатели ако ептен ви е сеедно на двајцата, ако никој не е ни повреден, ниту заради нешто чувствува фрустрации кон другиот. А толку да си ладен откако ќе се смеша интима, не верувам. Многу убаво те сфаќам дека ти е криво, но што побрзо го сфатиш вашето пријателство како убав спомен и продолжиш понатака, тоа подобро ќе биде за тебе.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    23.681
    Пол:
    Машки


    Ne.
     
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    21.042
    Пол:
    Женски
    Што знам..мислам дека е можно.
    Имам два примера. Едниот дечко го свиѓав и ме одби. Долго време не бевме во контакт па потоа се здруживме и бевме во добри односи 1-2 години. Е ама, потоа почнавме некаква си врска без врска и сега сме тотално странци :D.

    Друг пример, со колега од факс ептен се зближивме и стварно имавме топ другарство, со смеење, заебанции, длабоки муабети. За на крај да ми признае дека се затрескал во мене. Го одбив и не зборевме пола година скоро ама, искрено ми фалеше како другар. Не знам како, почнавме повторно комуникација и еве веќе 2 години сме супер. Не знам дали уште чувствува нешто према мене, не верувам, ама како и да е во никој случак не би било ништо повеќе и мислам дека и на двајцата ни е океј како што е сега.

    Ништо не губиш ако пробаш, барем на чисто ќе си.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.131
    Допаѓања:
    204.600
    Пол:
    Женски
    Поради вакви размислувања многумина се заглавени во несреќни бракови, се женат и мажат со личности кои не им се баш прв избор за брак. Од пустиот страв дека ќе останат сами, дека никој нема да ги земе, и спремни се да преминат преку некои работи само за да задржат некого до себе. А особено ако се влечкале со години, демек да не пропадне вложеното во врската.
    А во една врска, од старт знаеш дали партнерот ти е доживотен избор или не. Никој не може да ме убеди во спротивното.

    Ама кога не се цениш себеси доволно, лесно е да си ги погазиш сопствените желби и барања.
     
    На hermosa, Ani93, Tinaaa и 21 други им се допаѓа ова.