Не сум машко ама сакам да дадам мое мислење во врска со прашањето. Мислам дека не треба да се генерализира, но кога машкото ќе олади мислам дека тоа е знак дека си зел премногу слобода во врска со тебе и мисли дека можи што сака да прави и дека му си сигурна. Проблемот е што кога ќе го помислат тоа мислат дека не треба веќе да се трудат околу тебе и дека се е наредено како што треба.
Од мислењево заклучив дека не треба да им дозволуваме се и се што ќе посакаат да не им исполнуваме и така ќе бидеме поимтересни и повеќе ќе се трудат околу нас? Или немора да значи туку таков идиот се погодил.
Мислам дека ако го најдеш вистинскиот никогаш нема да престани да се труди околу тебе и дека ние жените треба секогаш да сме она што сме без да се преправаме во смисла “сега и јас ќе бидам ладна” или ќе го игнорирам за тој никогаш да не олади према мене. Значи тој што вистински да сака да биди со тебе: -Нема да те зема здраво за готово -Никогаш нема да престани да се труди околу тебе -Едноставно нема да олади…
Ако стварно имате клик и е права љубов нема да треба ни да мозгаш дали нешто ќе го одбие и олади или ќе го привлече. Едноставно ќе си бидеш свој и таа особа ќе те сака баш таква каква што си. И нема да ти создава главоболки и нервози од тип зошто се олади, зошто ме игнорира, зошто не ми враќа, зошто вака, онака... И ќе цени и возвраќа на внимание, љубов, се. А, не да треба да си играте топло-ладно, за да не му здосадело. Кога е се како што треба едноставно се осеќа дека се е океј, дека е сериозна и вистинска љубов и врска т.е "здрава врска".
Затоа што тие не се вљубиле вистински туку ги понела залетеност, симпатиите и привлечноста. Треба да те сака вистински и на почеток да не летате со “те сакам,не можам без тебе бла бла” затоа што љубовта доаѓа отпосле.
Нејасно е дали и живеете заедно или не. Доколку не сакаш ни да живееш заедно со него. подобро да му раскинеш. Зошто доколку го сакаш, ќе имаш преголема желба да живеете заедно. Зборам само за живеење заедно без брак и деца.
Јас мислам дека и од дома му вршат притисок.... во " балканска" смисла, време му е за женење... Ама треба да ја почитува и твојата желба..не значи дека ако во моментов не сакаш и не си спремна, дека нема да сакаш другата година или за 2 години.. Приоритетите се менуваат како зрееме и се надоградуваме
@Lady Maria ќе ти кажам мој личен пример.. Долго бевме заедно, го сакав, стравував од фактот да не го изгубам. Како да објаснам за да го доловам моментот кога почна да зборува за фамилија... Почна да крои планови за нас, без да ме прашува мене, ги вклучи сестра му и зет му во тоа. Почна да зборува за деца пред неговите а јас се ежев од самата помисла. Не дека не сакав фамилија но не бев подготвена. Почна претерано индиректно да притиска, ме тераше да бирам мебел, да зборува со моите, да изберам прстен, па дури и што би правела кога ќе останам бремена. Зет му, постојано не чепкаше, а јас од култура молчев. Еден ден попуштив поради сиот тој притисок, тоа беше една од причините поради која преќинавме. Ниту еднаш не се покајав за одлуката. Знаев дека ако влезев во брак неподготвена само за да биде тој среќен и поради другите, јас немаше да бидам задоволна и среќна. Заминав. Гледав за себе, ми беа битни и моите планови, мојата среќа. Ми беше тешко, не дека не, ама научив многу работи од таа врска. Сега ќе ти кажам и друг пример. Другарка ми, брзаше да се омажи, стравуваше да не остане сама. Целта и беше да формира семејство, и она ко овој твојов, остана бремена а мажот неподготвен, поради бебето ја зеде, а тоа што беше и таа неподготвена не беше важно, битно и успеа. Бракот ниту една година не траеше, сега огорчена е, сите и се виновни, два реда муабет не можеш да сврзиш со неа. Ова го пишав не за да те заплашам, одлуката е твоја, но ти посочив примери што се случува. Секако, секаде е различно. Треба и ти да одлучиш што сакаш, не само другите. Твојата среќа е најбитна, не гледај да им угодиш секогаш на други.
@bicycle и јас сум иста со твојот пример. Раскинав, се посветив на себе како личност и не ми е криво за одлуката, зошто знам дека животот нема да ми биде таков каков што треба со тој човек. Така да, некои работи се подобри да завршат на време, него покасно кога ќе е дупло потешко.
За твојот живот ти одлучуваш како ќе го живееш. И пробај да замислиш како би изгледал за 5, 10, 20 год. Ако гледаш дека нема добра иднина со човекот што си моментално тогаш прекини. Никој нема да ти го врати изгубеното време ама затоа иднината сама ќе си ја изградиш како што сакаш.
Ја ипак мислам дека форсирањето на блиските па и пошироката фамилија игра голема улога. Само на Балканот го има ова. Паметно си постапила.
Осеќам дека нешто ме мачи, се обидувам да го истам од мене, но кога и да почнам од некаде, да прашам нешто, одговорот ми е "цела недела ми беше нервозна, нејќам да се нервирам". Навистина ми тежи на душава, но не знам што е и зошто е. Само ми треба да направам нормален разговор. Кога ќе речам океј, прашува што ми било. Ама нели не треба да го нервирам... Не знам што да направам, само сакам да ме снема. Се осеќам многу осамено. Инаку веќе неколку месеци е врска на далечина (пред тоа 3 години нормално теравме). За една недела ќе се видиме, но не знам ни што осеќам веќе. Ми станува сеедно, ама не сакам да е така. Само плачам, а не знам зошто.
Зошто да сака од сега да живее со него? Премлада е. Не значи дека не го сака ако сега не е подготвена за заеднички живот.
Што би правеле со егоист, човек кој мисли само на себе, човек кој во една прилика ве има искористено и се осеќате гадно? Мене ми изгоре спратот, тој ни едно како си. Јас се грижам за него а тој ни едно добро утро. Дома е лудница а јас не можам да се смирам. Го оставив, ама ме боли. Па мисли и дека не е виновен, а е. Имал кредит, другите му се криви што не го исплатил, има тешка работа, пак други му се виновни. Последниот разговор неговите зборови ме уништија, па веднаш следниот ден се додворува на други девојки. Уште живее во минатото, на 34 години речиси се однесува како дете. Не барав од него ништо, освен внимание, секоја девојка го сака тоа. Не го барам, ко што гледам се друго му е важно.