Јас не знам како не ти е криво за петте минути кои ги потроши за да го напишеш мислењево, за мегабајтите интернет кои се потрошија… Зошто воопшто размислуваш за ваков човек? Кое добро ќе го видиш од него?
Секако е толку, ама не ми е сеедно. Имав trust issues, он ми беше другар, воглавно го познавав добро. Па си реков зошто да не пробаме бидејќи почнавме да се привлекуваме. Се се промени откако почнавме да се гледаме. Не беше таков, не знам што се промени.
Ова е доказ дека некогаш пријателите треба да останат таму каде што им е местото: во friend zone.. Јас секогаш болката и повредите сум ги игнорирала..воопшто не сум се навраќала на тоа што ги предизвикало. Знам дека не е баш некој најдобар начин да потиснуваш ама кај мене функционираше. И заборавив многу побрзо него ако верглав во мислите нон стоп..
Се трудам но уште ми е свежо, баш во петок разговаравме, и доста лошо се испонесе. Секако, прекинав. Знам кога е доста, ама криво ми падна. Инаку и како другар имаше испади, имав разбирање, ама не беше ваков. Не сме се карале тогаш, ова е ново. Секогаш сум се дистанцирала на време. Исто и сега...
Мило ми е што си толку свесна и трезвено размислуваш иако си повредена. Повреден човек претежно тешко ги согледува работите. Неговото лошо однесување само ќе ти помогне побрзо да поминеш преку него и да го заборавиш, верувај
QUOTE="bicycle, post: 5915823, member: 135593"] Не беше таков, не знам што се промени.[/QUOTE] Звучи на класичен Hit & Run тип, штета што има уште вакви што шараат и трауматизираат... Па на крај тебе ќе те убедува дека е до тебе е и ти си кривата. И после trust issues епа богами со превртливи луѓе подобро да си пази човек
Досега ок ми иде, иако на момент ќе се сетам на нешто и ќе ми биде тешко. Се трудам. Освен нервози. @Al Heart Епа тоа. Пробав да разговарам, се откажав откако почна да ги мери проблемите и истура нервоза на друг.
@bicycle можеби како другар не си го запознала доволно, не бил искрен, луѓето многу добро знаат како да се "маскираат", ама кога тогаш ќе си го покажат вистинско лице дали по една недела, месец, година. Сега бидејќи си минувала повеќе време со него си го запознала подобро. Добро си постапила, не ти треба таков.
Покажуваш голема зрелост што покрај се си пробала да разговараш со него, комуникација е најважно кога станува станува за врска. Штета што не увидел дека пропушта нешто добро, сите луѓе имаат за простор да се подобрат никој не е роден совршен и секогаш има место за improvement. Ама треба муда да си признаеш и работиш на себе и врската, а очигледно тој немал. Hopefully next guy ќе те цени повеќе и ќе има happy ending
Бирање мебел,клима,плочки... Прашување за секакви одлуки значи мислење. Дружење само со женети и мажени значи одма прашањето кога брак.... И плус денеска разбрав колешката што се менуваме на раб е трудна... Значи јас ќе треба да почекам за да се омажам сепак и тие не очекуваат за двете да одиме на боледување... Му соопштувам дека е бремена дека сега ќе нема да иди се на мене ќе биди... Следува одговор што ми е гајле да не треба за фирмата твоја да не си ги остварам плановите... А моите планови и желби... Се искаравме и сега сум втора смена и ни го гледам ни го барам...
Љубави, терај како ти одговара. Не му се правдај, не му се докажувај. Твој живот твое право, твои одлуки.
@bicycle или не си го познавала доволно добро или тој бил добро маскиран досега. Егоист не станува човек преку ноќ. Не му се замарај ич. @Lady Maria факт е дека човеков е запнат да се жени, а факт е дека ти наоѓаш изговори зашто не сакаш да се омажиш. Реално, тоа шо колешката оди на боловање не е твој проблем туку на газдите. Ти ако се мажиш сега нема да заминиш одма на трудничко, а и да заминиш пак газдата треба да си бара чаре. Ти треба да избереш дали ќе се мажиш сега за него или ќе го оставиш. Јас моето мислење го искажав претходно ама гледам тешко ти е да прекиниш, веројатно ќе подлегниш на притисокот како многу други.
Треба малце повеќе да ја зголемите комуникацијата, ама не на празно само да кажувате туку констуктивно сепак не треба да заборавите не е ти против него туку ти и него за ист тим треба да играте. Нема потреба од игнорирање тоа е детски и не води кон ништо, ако он не сака да играте од ист тим. Епа ете ти одговор како ќе биде во иднина.
Не треба ни да го залажуваш. Ако не планираш во догледна иднина брак па и деца, кажи му директно. Не можеш да го задржиш со тоа што секогаш ќе одолговлекуваш. Сама кажа одамна човекот сака брак, не е фер ни кон тебе ни кон него. Договорете се јасно и концизно. Ако планирате, кога тоа отприлика би било, ако не секој нека одлучи што понатака.
@Lady Maria се согласувам со претходните мислења. Седни и официјално разговарај, дирекно се без да заобиколуваш. Кажи му јас за 1,2,3..5 години дури сакам брак, сакаш да ме чекаш или сакаш да завршиме тука, и толку крај на приказната.
Не оладуваме сите. Има и некои што се трудат секој ден се повеќе и повеќе околу партнерката а не само првите месеци. Не си наишла на вистинскиот.