Он си бил таков, ти си го немала убаво запознаено. Ретко кога човек може да се смени, особено карактерно.. Најчесто мислиме дека некој се сменил, ама тој секогаш бил таков а ние не сме го знаеле.
Го менувам моето мислење, т.е предходен совет во однос на оваа ситуација, со овој човек немаш добра иднина ти, мислам дека и знаци на агресија покажува на моменти.. Значи сега вака, ама утре ако не е по негово ќе те истепа може, тргни се од него и спаси се.
Епаа вакаа првин здраво на ситее јас сум нов член овдека, имам еден проблем во врска со љубовта па сакам совет од вас, излегував со едно дете но не одевме во јавност за нас знаеја само блиските луѓе бевме 3 месеци заедно и тој ми раскина, потоа по 5 месеции излеговме на забава со брат му на бившио во друштво бевме, се заљубив во него тој дозна по 1 месец излеговмее со него тој се заљуби во менее се сакаме ми кажува дека ме сакаа дека му одговарам за се амаа несака бидеќи јас бев со брат му, но сеуште сме во контакт и се гледаме скришно, па ако можи совет како да го убедам за да бидиме заедноо. Фала ви однапред
Запрашај се како би ти било ако имаш сестра и сестра ти се омажи со тој што некогаш си го сакала ти, или сеуште тајно го сакаш.
Мислам дека секој во одреден приод од проблеми во сегашноста неможе да обрати вниманиеее на друг. Едноставно се случува. Некогаш едноставно се ти се собира и трае некој период. Тоа донекаде мислам дека за одреден период се премижува. Ама додворувањето на друѓи е големо црвено знаменце. Овде нешто не ми делува океј..
Купи ортома и врзи го во подрум да седи, еднаш на ден јадење ќе му даваш и ќе го убедиш за една недела да биде со тебе, друго чаре нема.. ********************** Ок сега озбилно, не го убедувај, ако не сака не мора да биде со тебе, многу досаѓање и упадливост одбива.. Остави работите да одат по свој тек, ако не сака да биде со тебе, и тоа е океј..
Нему тоа у навика му прејде. Сите да му се виновни, и откако ќе се искараше со сите, дали со другари, дали со родители, дали со мене, ќе се сетеше да разговара и да каже што се случува. Јас бев у проблеми до гуша ама наоѓав време, дур и 5 минути. Како и да е, навреме се тргнав. Фала ви дечки, подобро сум. Речиси и да не мислам толку за него. Малку ми беше мака зошто потрошив време и што паднав на толку добра глума.
Се гледате скришно а не сте заедно? Што сте тогаш? Врскиве во денешно време... ќе се гледате а не знаете на што сте или ништо и не сте. Батали го, не бидува ништо од тоа.
Направи му магија. Ок, сериозно. Нема што да убедуваш некој да е со тебе. Можеш да го прашаш само што би било понатаму. А и сосем го разбирам ако не сака со бившата на брат му, ипак е незгодна ситуација.
Има еден трик ќе ти го кажам ама не го кажувај на никого. Кога ќе се видите ќе му скинеш едно влакно од косата и едно од левата веѓа. Чупни го малку. Ќе одиш во шума и ќе земеш малку земја, мора да биде од шума немој да земеш од бавча не е иста земјата! Во мала тегла од ајвар ќе ставиш малку земја,па влакното од коса па вода, па земја па влакно од веѓа и вода. Пред да го затвориш тегличето ќе ставиш најлон нов купен од продавницата каде купува тој леб. Значи мора баш таа продавница да биде. Па врз најлонот капаче. Кога ќе одиш кај него дома скриј го тегличето некаде да не го види,треба да поминат 5 дена и 5 ноќи, 6 тиот ден ќе те љуби ко збудален, ќе те сака и ќе те претстави во јавност. Среќно!
Дај си време по 3-4 месеци че ти биди ко ништо да не било, само не се навраќај или напиши си на ливче што е лошо а добро, и што не ти се допаѓа кај него и секош ко че те фата кризи читај го!
@bicycle да не му ја мислиш воопшто. Стави си се себе на прво место. Тој не заслужува некој како тебе. Кога јас успеав после вкупно 17 години врска и брак да се освестам и да го пратам кај што му е местото тогаш може секој.
@bicycle не го заслужува твоето време внимание. Се покажал во право светло, во другарство и во љубов не се исти луѓето... Членките веќе ти дале добри совети, се согласувам со нив. Најдобро повеќе и да немаш контакт со него, ниту како пријател, ниту ништо.
Здраво женскии ви пишав и претходно за мислење и сеа сакав пак да ви пишаам вака сеа се догг со дечкоо ми 4год сме заедно за нг да одиме во охрид треба со утре да уплатиме капаар за да ни биде сигурно местото но снаа му е бремена и терминот и е баш за нова година да се породии и сега дечко ми се мислии дали да идмеее за нг во охрид бидејки таа ќе се породила тогаш и се двоумел дали да идеме а и да биде тука незнаам зашто би останал тука кога брат му ќе си е тука маж и и башка таа ќе се породо со царски рез и 5 дена ќе биде во болница незнам нке зашто не би иделе во охрид да славиме и вчера ми го кажа тоа и ја му кажав да си размисли убаво бидејки ако отидеме таму таму ќе бидеме 4дена несакам ако се порпдои баш тогаш а ние да имаме платено за 4дена и да си идеме наредниот ден и тој ми се наљути зашо тоа сум му го кажала да си размисли убаво дали сака да одиме таму или не.е сеа сакам да ве прашам за мислење што би правеле вие и што би му кажале акп сте во ваква ситуација.