За ова верувам сите со различен став ке се на форумов . Мада јас мислам дека нема причина зошто да не одите. Секако само мажот ја носи.. После 3-4 дена ке го земат бебето и ке го носат дома. Од моја близина што се луѓево што знам..дури и не споделувале кога оделе. За да не создадат стрес во фамилијата и исто и девојката што раѓа да е по смирена.
Па претпоставувам сака да е тука ради славењето по породувањето што е нормално па сепак му е брат, а дечко ти ќе стане вујко. Јас лично во ваква ситуација не би отишла сестра ми да чека дете, не дека јас нешто можам да направам во таа ситуација него славењето, мекиците итд не би сакала да ги пропуштам бидејќи еднаш во живот се случуваат. Нова година и Охрид може било кога да се отиде. Тоа е само мое мислење. Но како и да одлучи дечко ти мислам дека немаш основ да му се лутиш, сепак е за убава работа
Огромна радост е за секој на еден таков чин да биде блиску до фамилијата, да ги сподели тие моменти на среќа, радост, да наздрави. Се сеќавам кога јас бев во истата ситуација. Се тресев од радост кога дознав и уште во првиот миг отидовме во болница да го видиме бебето. Еден од најсреќните моменти во животот ми беше тој, како и земањето од болница по неколку дена, држење на бебчето за прв пат во раце. Мене тогаш од среќа рацете ми трепереа и не можев да го држам. Секако и се прославува тие денови со најблиската фамилија и пријателите. Специјален момент е што еднаш се случува во живот и не смееш да му се лутиш што сака да присуствува и да е блиску семејството во такви моменти на радост. И сигурно како чичко има огромна желба да го види бебето. Не му го ускратувај тоа. Ако можете, скратете го одморот и бидете во Охрид 1 или 2 дена. Ако не, ќе имате следна прилика. Не бега градот, таму е уште од антиката.
Нормално е да сака да биди тука бидејќи ќе стани чичко, брат му татко ќе биди. Тоа е голема радост посебно ако е прво дете на брат му.. Нема потреба зошто да се лутиш, Нова Година е и в година и можите друг викенд да појдите пак двајцата, тоа не бега. ЈАс да сум на местото негово, исто не би заминала да треба сестра ми да се породи. Не знам дали имаш внуци од брат/сестра, ама кога би имала би сфатила тогаш.
Ќе ја споделам неговата радост и ќе бидам со него, и нема воопшто да се лутам, сепак сака да биде тука и да ја сподели радоста со семејството, знаеш кога ќе му каже брат му станав татко, и ќе му честита, ќе се изнагушкаат, ќе слават со музика до сабајле, не е тоа тоа отпосле.. Совет од мене: Не се лути, немаш за што, нека си седи дома и нека ја сподели радоста на брат му, оправдано е..
Ич капка разбирање немате,да дојдеш да побараш совет за радост која треба да ја делите заедно дека идењето во Охрид е поважно и од царскиот рез. Оф леле,сами си правите.
Јас во ваква ситуација не би отишол во Охрид да славам ако брат ми се породува. Ама ти си знаеш голема си. Јас така би постапил.
И јас би останала дома. И онака паметот нема да ми биде во славењето Нова Година, постојано ќе мислев на бебето и фамилијата. Не гледам причина за лутење, верувам дека и ти да беше на негово место исто ќе постапеше.
Мислењево очобол, дај бе научете да пишувате реченици и да користите интерпункциски знаци. Инаку целосно го разбирам дечко ти, секако и јас би сакала да сум тука ако треба да добијам внук.Сосема е нормално, не може да му се лутиш.
Јебала вас нова година и колку ја величите. Да беше сестра ти за пороѓај ќе трчаше во Охрид? Себично в крај.
И не само тоа, пишала “не сакам сеа да се породи”. Wtf. Ако тргне да раѓа, нека го искара да си седи во утроба дур не пројде нејзиниот одмор од 5*. Колку акала треба да имаш во глава тоа да го пишеш? #смајлиштосекрсти
Веројатно е некоја тинејџерка и не размислува зрело ама пак од друга страна, ако е зрела за дечко треба да созрее и за овое работи. Наредната година може таа да е за пороѓај за нова година и ќе јаде трици дека деверот заминал да слави нова година со жена му и детето место да слави со братот кој станал татко.
Оваа е таа што кажа дека дечко и не ја зима од работа и дека и смета и детето што го има жената на брат му на дечко ѝ. И сметаше и мајка му. 4 години во врска а да немаш разбирање за вакви работи, го жалам дечко ѝ.
Во текстот има само една точка. И тоа на погрешно место. Алал на тие што прочитаа и коментираа. Ја изгубив воздух, па се откажав.