10 години не ти сметаше, сега ти засмета? Не знам како очекувате возрасен човек да се смени?! Волкот влакното го менува, табиетот не. Као сега ние тука ќе ти дадеме совет и тој, 30 и кусур годишен маж ќе рече еепа ај пошо на фемина ти кажаа, ај ќе одиме, купи карти. Шо совет очекуваш стварно не знам. Како да го зашеташ или…?
Знаеш човек за 10 години низ што се поминува низ живот? Болести, студирање, невработеност, недоволно финансии... Како сега што сме самостојни да правиме нешто кога и да ни се посака, никогаш не сме биле. Порано почесто одевме некаде на викенд во Македонија, село не остана каде не сме биле. Излегувавме во дискотеки, заглавувавме до 7 сабајле, се опивавме. Едноставно, човек не може да биде 20 години цел живот. Ако се водам по твоето, треба да го терам сега да не работиме, да зимаме пари од дома и да излегуваме во дискотеки до 5 сабајле секој ден. И да не размислуваме за брак дека нели возрасен човек не се менува... Не можам да ве сфатам некои стварно, извини така
И мене некогаш ми се одмара дома и да хибернирам хаха. Ама сепак мислам дека некој баланс треба да се има. Не викам да сме акнати цело време да шетаме, ама еднаш-два пати во година може да се посети друга земја некоја. Има многу убавини низ светов, и барем дел сакам да видам. Дома се едно па исто е.
Имам одено и сама, и со друштво, дури и со вујко ми Ама бар еднаш и со него... Нема ни ветувањево да го исполни, осеќам јас
Еднаш викаш ниту еднаш немате отидено негде, сега викаш село не ви останало непрошетано. Ај договори се прво дали дечко ти е шетач или домашар после барај совет. Пошо ти бараш совет и се претпоставува дека ќе се водиш по него. Иначе главење по дискотеки до 7 сабајле не е шетање ама ок. Секој со критериумот.
Луѓе ова не е никаков љубовен проблем ама не знам кај да пишам преместете го мислењево. Порачував од една продавница два пати и два пати ми ја носеше пратката еден ист доставувач. И гледам синоќа ме аднал на фб. Многу непрофесионално и плус знае кај живеам страв ми е. Што да праам? Ќе го блокнам.
Јави се во каргото ако ти донеле од карго, а ако е каргото на продавницата, кажи ја ситуацијата во продавница, оди таму и речи сакам да разговарам со некој надлежен, ќе го санкционираат сигурно, никоја фирма не би дозволила такво нешто, тоа може многу лошо да се одрази на нивниот углед како фирма, ако се дознае..
Мене баш ми се има случено еден доставувач два пати да ми дојде ама беше многу фин и љубезен, да ме додадеше ќе го прифатев. Во ваков случај не мислам баш дека е непрофесионално, ако не сакаш не го прифаќај а мислам и нема потреба за страв, јас барем не би се замарала ако ете ми знае веќе адреса. Не си ставај такви мисли во глава. За пријавување нема потреба, само те додал, ништо не ти направил.
Поубаво нешто од природа, прошетки, шетање нема. Тоа е еден вид релаксирачка терапија. Пушташ мозок на пасење, шеташ, не се замараш со глупости, вампири, демони. Не знам како не ви е досадно само дома да седите. Јас па цело време шетам некаде. Поготово од пролет до есен, дома не се прибирам. Еднаш дома моите ме бараа со полиција, мислеа исчезнат дека сум. А јас некаде на планина се шетав, немав мрежа.
Дечко може бара, ама тоа не значи дека некој треба да ги користи нејзините податоци кој ги дала за достава за да ја манјачи, тоа е крајно непрофесионално, а и тоа дека може да се случи љубов од вакви работи е само на филм.. Во реалноста ова се знаци дека некој има проблеми, манјак. Asaply имаат многу млади доставувачи, повеќето се убави и фини, а и на нарачката пишува кој ти ја доставил, што ќе биде некоја типка да земе и да ги аднува по фб доставувачите?
Вака негативно ако мислите негативности и ќе ви се случуваат. Таа не го ни видела дали стварно ги искористил податоците и баш со тоа име и презиме е она едина. Ништо лошо не направил дечкото само ја додал. Ако го нејќе едноставно може да му каже “Извини не можам да те прифатам”. Толку,културно и фино.
Не треба да му каже воопшто, треба да се жали.. За да го санкционираат, и друг пат да не прави такви работи..
Јас се согласувам со @buba4e89 , дечково те видел симпатична и те додал , па и да ти пише не се лошо. Блок се става ако некој те замара а пријава во карго да му наштетиш на работа во случај на следење или нешто ригорозно. Вака да пријавите човек оти за пријатели ве додал и пилињата ке ви се смеат.
Значи чим му се свиѓам со пижами и распуштена коса мора ептен да му се имам засвиѓано Не бе луѓе какво пријавување, немам таква намера. Јас највише се испаничив затоа што секакви луѓе има на светов ни крај памет дека доставувач да ме адне. Ви благодарам на сите
Абе како греота, ги искористил личните податоци од нарачката за свој лични потреби, тој направил злоупотреба на нејзините лични податоци, не е греота, и после се жалите како земале кредити на ваше име со ваши податоци, епа кога не се буните за вакво нешто, норамлно ќе дојде и до тоа.
Леле ај не драмете за џабе. Ако ја аднал на социјална мрежа не ја изеде. Па и да го пријавела на работа да го санкционирале, ко да ја нападнал негде. Ако неќеш не го прифаќај, просто е.
Абе јаки податоци искористил, име и презиме. Во една шака држава кај шо практично секој го знае секого и секој можеш да научиш како се вика и да го најдеш на фб ќе го пријавува дечкото шо ја додал. Тој ѝ го знае и тел. бр. па не ја замара. Ако е манијак ќе и ѕвонел, ќе ја чекал пред врата и сл. Тоа е за пријавување. Очигледно му се бендисала и ја додал на фб. Може да не го прифати и крај. Иначе и во Тинекс кога плаќате со картица касиерот ви чита име и презиме, па нели ви е страв дека ќе ви злоупотреби податоци?
Ако препрочиташ, ќе видиш дека пишувам за одење во друга држава, возење далеки дистанци и возење со авион. Во Македонија каде о да одиш, повеќе од 3 ч не патуваш. И тоа беше порано кога го разубедував да одиме некаде низ Мк. Сега веќе ни тоа не може. И ако имаш нешто паметно да кажиш, кажи. А не да вадиш од контекст и да ми го потиш мозокот најискрено, sorry вака... Цело време зборам за одење во други земји на прошетка, а ако не можеш да го перцепираш тоа тогаш твој проблем...