Со новиот закон во 2021 што е донесен, не смее правилно, заради заштита на лични податоци. Освен за интерна цел поврзано во склоп на бизнисот и твојата нарачка, за друго не смее да ги користи. Инаку, вака пред две години и направија и на другарка. Во овие спортскиве продавници она си пополнила инфо за да добие картичка со cashback, или што и да беше. После неколку часа дечково ја аддна на фб, и и пиша. Си пишуваа некој период, излегоа на кафе, и после месец време се гледаа. И тоа беше тоа
Леле колку се преувеличуваат некој работи на форумов, од влакно конец мора да се направи за секоја ситуација. @Kimberly11 мене па баш ми е слатка ситуацијава, немаш потреба да се плашиш затоа што нема од што. Ако почне да те замара или слично тогаш се превземаат мерки, а вака не гледам ништо лошо, дечкото не те нападнал за да имаш било каков страв. Твое е дали ќе го прифатиш или не, и дали ќе почнеш муабет со него.
Тоа значи дека не си одговарале. Кимберли нека проба може ќе успее, нема што да изгуби, ќе внимава. Ако не проба нема да знае.
Сличен проблем до негде имам и јас. Дечко ми е човек шо мрази да оди по кафани и некои такви лабави места за да се дотераш и да касниш/напиеш нешто. Одиме единствено за мој атер, ако сум му се качила на глава, не поќе од два пати месечно. Исто не сака на еден ден да тркниме до друг град на шетња, многу замарање му било а немало баш шо да се види во државава .. Колку само се имаме расправано за ова ехеее… Ова со сертификати барање му дојде ко кец на десетка, ем не се боцка ем никој не можи да го натера да оди в кафана/ресторан. За шетање по други држави не сме уште финансиски самостојни за да си го дозволиме тоа кога ќе посакаме. Се надевам во иднина. Јас едноставно кренав раце. Сфатив дека сосила не можи ништо, единствено така два три пати месечно да се оди заради мене и то е то. Мој совет е да не очекуваш дека маж од 32години допрва ќе се менува. Или ќе прифатиш дека на такви далечни дестинации ќе одиш сама/ со друштво, или знаеш која е втората опција.
Јас и ти дефинитивно со ист сме во врска. Секогаш кога ќе пишиш нешто, си викам и мојот вака. Сега и ова со вакцината и шетањето. @LadyR И јас на почеток молев и се убедував. Кога треба 1 месец да се молиш за 3 дена шетање, еб*те уживањето, се' низ нос. Сега ама баш секаде одам сама. Не сум човек за кафани и кафиња, ама сакам да шетам и шетам сама. И секогаш кога ќе се вратам вели леле баш е убаво и јас сакам, а на крај пак не мрда од дома. Не сакам компромис, бидејќи секогаш некој ќе губи, но во случајов мора. Предложи му, ако ти сакаш да шетате 10 пати, тој ич, шетајте 5 пати. Нема друго. Не можам да разберам кога некој сака само по негово, па ако го сакаш човек ќе му исполниш барем некогаш желба. Уште ова. Колку и да не ја сакав "Чекајќи го Годо", сфатив дека ист живот живеев. Само нешто ми недостигаше за да живеам како сакам, само чекав нешто да помини. Така прави и дм. И не, не сакам таков живот. Веќе не очекувам некој друг да ме направи среќна. Како им е убаво нека си прават, не можам со сила.
Штом се друго е океј пробајте да направите баланс... мада еднаш да успееш го качиш на авион потоа се некаде ќе шетате.. мора да ја напушти конфорната зона.
Можи и да одиме со ист, не мота двете. Секако и двете битолчанки сме, не мора да се рашетава по други места.
Ако добро прочитав низ 100 постови, се плаши да лета со авион и никогаш нема летано? Доколку е така, тој страв е оправдан и го имаат многу луѓе кои никогаш не сакаат да летаат. Во случајов тоа е проблемот поради кој одбива подалечни дестинации. Додека другите кои се изводливи (Београд, Грција и низ Македонија), ги шета, дали лично за него, или за тебе, сепак не седи дома. Предложи му некоја блиска дестинација која се вози со кола, ќе видиш како ќе реагира. И доколку има оваков страв од летање, може да размислиш да полагаш за кола доколку немаш, и за тебе, а и за менување при возењето, така ќе можете да го проширите кругот на дестинации до кои може да се стигне. Слична случка имав сега со другар, кој со рента кар ја шетаа цела Италија и живееа таму месец дена.
@christinnn @Ugly Duckling @LadyR пишете не и мене и мојот во список јас барам, организирам и молам да се оди некаде
Перцепирам јас многу убаво дека тебе ти се здодасило да шеташ кај шо може со кола поблиску и сакаш сосила да го качиш во авион. Човекот може 10 години ти угодувал и те шетал едино во авион нејќе али мора тебе атерот да ти се направи. Демек тој бебе мало ти ќе го натераш да прави нешто против своја волја. И друг пат за да не ти се поти мозокот не барај совет на форум. Прашај некој кој те тапка по рамо и ти вели во право си. Поздрав.
Ајде една групна тура да организираме за девојки кои не можат да прошетаат со дечковците Па нека пукнат
@LadyR не го форсирај дечково за авиони, автобуси и слични работи. Зошто сосила? У тие 10 години сега најде да ти е проблем? Требало да го прифатиш како таков. Организирај некоја журка дома, чудото големо, празници иделе, морало некаде да се оди. Јас ти ја разбирам фрустрацијата ама разбери го и него дека едноставно е таков тип на човек што не сака прошетки и слично. Додуша, имаш дозвола и за да идеш со друштво, што толкава галама не знам. Не прави од ништо нешто.
Мора да го шутнам него за се' јад, инаку сам не де решава на ништо. Да чекав до него, уште стан немаше да купиме. Со сила беше се', а сега ме благословува што го натерав тогаш бидејќи цените се пораснати до небо. Затоа и не се согласувам со сите вас шо викате демек 10 години поминале, зошто на сила да го терам. И тој самиот вика дека за многу работи да не сум била јас, немало ниту д помисли да ги направи. Исто како што сум сигурна дека еднаш да се качи, и после и сам ќе сака пак. Бидејќи страв од висина или од затворен простор нема, а и статистички е побезбедно со авион Така да тој страв, или што и да е што го кочи треба само еднаш да го преброди.
Добро зошто повеќето од дешените машки/мажи се вакви турни ме да кинисам? Ко закочени, никаква иницијатива за ништо, се’ некој цело време да ги турка. Одлучност, машкост чиста нула. Само да се надоврзам на муабетот.
Со согласувам со тебе 100%. Некогаш дури и жал ми е, се чувствувам како да имам повеќе „balls“ за некои работи од него. За се нешто треба да се убедуваме, факти да изнесувам. Му викам дека е некогаш како мало дете кое не сака да јаде, па тука родителите треба да се убедуваат за да касне од јадењето. Некако ич не сака да излезе надвор од комфортната зона, или да донесе одлука или пресечи за нешто. Се ми вика демек подобро му е така, зошто ако згрешел да не сум се расправала со него. Така ако згрешам бар јас да сум крива
@LadyR Затоа што се размазени, секогаш се на тацна им било сервирано, незнаат што е да го испотиш газот. Не оделе во војска, немаат дисциплина и незнаат да донесуваат одлуки и да имаат цврст став за било што. Растени со балкански менталитет на 30+год уште се со мама и тато ништо свое немаат створено. Е таков впечаток имам за секој еден од таа генерација. Секако има исклучоци едно 3% се друго е како по калап. Сите што ги познавам се по ист калап и кога они се такви ние жените цел товар на себе мора да го превземеме иначе нема да се мрднеме од една точка. Настрана ова со шетањево, еве стварно и јас сум тип што несакам да шета, едноставно интроверт сум. Се друго да не сум јас нема да се заврши или создаде
Многу сте ми смешни со тоа не оделе во војска. Генерациите на нашите татковци оделе, па пак најголемиот дел се гребеле од бабите и дедовците за соба и биле турни ме да кинисам. Као јаки муда ќе расне у војска, као што пораснале постариве. До генералното воспитание е, ако од мало родителите го прават лигушка "на ти сине све на тацна и "моето дете нема за минималец да работи, јас ќе одам да работам за него", такво ќе си остане.
@LadyR види, јас те разбирам, ама очигледно е дека тој така си терал цело време и не планира да го промени тој дел од карактерот па што и да правиш. Не можеш цел живот ти да го молиш и туркаш па на крајот да се согласи, абе да у право беше, да не беше ти... Искрено, јас би се изморила по првите неколку обиди и би оставила кога гледам дека не иде. Со години да се мачам и замарам, нема грешка. Настрана сето тоа, ќе дојде период кога нема да си до него дали поради патување преку работа или слични работни обврски еве да речеме како тој ќе тера без тебе тој период? Преку телефон ќе се молите? Ќе му пишуваш реферати? Самиот треба да е свесен дека општо за некои работи треба да се потруди но и да има желба ама сам. А ја нема. Интроверт е? И јас сум, ама некогаш гледам самата да го променам тоа, бар за момент, затоа што имам желба, ама на оној кој нема желба се е џабе.
Здраво, наскоро ќе имам 27години, повеќето да не речам сите се омажени оженети, имаат деца, не можам да го поднесам притисокот од одредени членови кои ми го вршат поради тоа што немам дечко, немам маж, ќе останам сама, толку некако ме притиснаа да кажам тие коментари што со сила, верувајте со сила излегов со еден што знаев уште од почеток дека не сакам, против своја желба, свесна сум дека не сум мала, ама не можам со било кој, дечково ме бара ми пишува ама не можам, нешто не ме влече и не, различни светови сме, повлечена сум како личност и можеби тоа ми е пречката дека не сум ги имала многу ама многу згрешив што излегов на сила со некој па згора на тоа ме виде братучедка и кажала а изгледа има некој, сега на глава ми се качија со тоа, само плачам како будала а за што?