Mи треба итен совет како да се поправам. Имав жестока расправија со него.Му кажав се што ми лежи на срце...Како тој секогаш бил зафатен за мене,како секогаш викал пријателки за шетање а за мене немал време,и кога можеле некои пријатели да ме викаат (заеднички)можел и тој.Му реков дека се чуствувам вишок,и дека нема потреба да се дружи со мене ако сум му тепање време. Тој веднаш почна иронично да зборува ај дојди утре ми недостигаш сакам да те видам.На тоа се изнервирав и го избришав од фејсбук.Тој пак ме адна,му реков ти давам ултиматум или поправи се или леташ од мојот живот. Му изнакажав триста работи како се покајав дека сум го запознала и дека не вреди да се замарам со него.Тој смета дека не е крив а имам многу право да се лутам ама требаше да си кутам. Знам дека згрешив зошто не кутев,некогаш јазикот е побрз ама не можев повеке да собирам во мене. Ме боли тоа што сево ова е вака.
Тогаш стои на она што си го кажала и направила. Не попуштај ... Според мене подобро е еден период да не мислиш на него и да се дистанцираш. Така може ќе сфатиш што е подобро за тебе, дали и понатаму да се замараш со него или подобро да се дистанцираш и да продолжиш без него. Размисли добро
Не ми е тоа ни најмал проблем,никако да откријам што планира.Искрено преку глава ми е.Сум се дистанцирала ме барал и пак на крај.Не попуштам во никој случај.Само сакам да го видам,да ме покани и се да му кажам што ми лежи на срце.
пред некое време едно дете од школо започна да ми праќа погледи... кога го забележав тоа и јас започнав да го гледам, и сега цело време само се погледнуваме никако не го тргаме погледот еден од друг.. но само тоа, не се познаваме (иако учиме во исто школо, не сме онака официјално запознати ) и не зборуваме... незнам што значи ова, а се случува веќе некое време.. ако имате некој совет за мене супер ќе биди.. pls го напишав проблемов и во посебна тема, ама ај да пробаме и тука
ми треба помош незнам што да правам... епа вакаа.. јас и дечко ми сме заедно година и полл ...се ни е супер на моменти но на ммоменти како цел свет да се превртуваа ии се иде надолуу.. незнам зоштоо до вчера се беше супер сега почнав пак да го нервирам пак за се да се караме се да му смета последна да му сум во списокот итн итн.. не можам да се одлаечам од него и да го остаавам дека знам нема да можам па макар и на недела двее.. како да разговарам на смирен начин со убаво да ме разбере да не се нервираа, да пробам да ја средам врската??
Заради оваа причина дечко ми стави крај на нашата врска тој беше во твојата ситуација .... Јас немав време , бев зафатена , не го викав за ваму и таму .... Баш се она што ти го наброја тој беше тој што ја држеше врската . Што се случи ? ! Искрено не сакам да е кај тебе ова случај ама кај мене беше во тоа што мене ми се допаѓање ми беше мил и сладок и убаво си поминував НО не бев заљубена во него од како раскинавме тоа го сфаќам . Значи не си му битна колку што тој ти е тебе .... Секој може да најде време АКО САКА Да постојат периоди кај што немаш време ама сигурно не е претседател на да се вади на тоа ... Верувај ми и јас ги користев истиве тактики . Што се случи потоа не можеше повеќе ми одговори со тоа истото ТИ НЕ МЕ САКАШ ЈАС ТЕ САКАМ ,МИСЛАМ ДЕКА СО МЕНЕ СИ ТЕПАШ ВРЕМЕ !!! После некое време почнал да ме вара стана отсутен , за на крај да раскинеме сега тој е со неа и се надевам таа ќе му возврати како што јас не знаев .... Размисли заслужуваш подобро
Се е ова во ред вендиии што ми го кажа и навистина го ценам трудот гледам дека дотичнатиот почнува да се додржува до договорот.Згора на тоа имаме убави муабети,и му побарав да ми каже што му смета кај мене.Тоа е срамежливоста и мојот БРЗ карактер.Сакам да се поправам и да го сменам тоа. Во неколку ситуации ми има покажано дека му значам ама некои периоди не знам ни што да помислам.Се ми се врти околу глава.Само не ми е јасно како може да се изгуби интересот?Дали почнал да ме гледа како пријателка иако имавме мување?Зар е можно тоа?прашање на време е кога ке се видиме за да пак проработи страста мегу нас.Сакам да го вратам неговиот интерес,да му дадам до знаење дека навистина е тој за мене,дека може да ме усреки тој.A не како што мисли тој дека ке ме повреди иако успеа сега малку.
Девојки морам да се искажам овде бидејќи никој не ми дава во реалноста искрен совет. Прв пат во врскава моја од 2г и 6 месеци јас да испаднам лошата. Му паднав во очи на еден мој симпатија од детството кој го знаев само онака, но немавме ни едно здраво. Премногу ми е убав, харизматичен, интересен , паметен. Од нигде никаде започнавме да излегуваме на кафе, започнавме и на фб да си пишуваме..дури и да се слушаме. Јасно му дадов до знаење дека не сакам ништо со него, но дека ми се допаѓа. Тој сепак е упорен. Сето ова му го правам зад грб на дечко ми. Се разочарав од себе, но немате појма какво чувство имам како повторно да се заљубувам. Не знам што да правам. Можеби сум неизживеана. Сум немала многу дечковци ниту сум изневерила некогаш. Ве молам дајте ми совет.
Aко не сакаш да го изгубиш дечко ти,мораш обавезно во најскоро време да прекинеш со овој. Ќе дознае дечко ти некако,па после џабе ќе ти биде се... Знам,сигурно ти годат разговорите со него,сепак е нешто ново,ама или обавезно стај му до знаење дека нејкеш ништо,или каѓи му на дечко ти,и кажи му дека си го одбила овој,ама тој настојувал...Може ќе се налути ама,би требало да му помине. Батали кафиња мафиња,така почнува се. Можеби не се заљубуваш,туку ти е само привремено...
Срцулка немој да изневеруваш, тоа го сметам за најлицемерна постапка. Пробај да се оддалечиш од тој симпатија, недела-две, можно е тие чувства што ги имаш сега да спласнат. Ако не ја бидува и уште мислиш само на него, тоа е веќе знак дека треба да се оддалечиш од дечко ти. Не се важни годините и месеците, може да се случи да оладиш кон некого после еден месец, може и по десет години, но се случува. Не сте маж и жена, не е страшно да раскинете ако ти така чувствуваш. Сепак, тоа е мое мислење, дека неверството ништо добро не може да донесе, а твоја си е одлуката И нема потреба да се разочаруваш од себеси, ти не си ништо повеќе од... човек - нормално е да се јавуваат чувства.
Срцулка имаш 18 години и неиживеана си, имаш право. Нема потреба да очајуваш. Ти си му кажала на дечкото дека не сакаш ништо со него а продолжуваш да излегуваш, да се допишуваш и нормално е тој да биде упорен, ти му даваш повод, тој гледа дека ти се допаѓа и се обидува да те освои. Убаво ти кажа Ливинг не го изневерувај дечко ти, и јас сум против неверство. Тргни се настрана од новиот дечко, прекини го секој контакт за да видиш дали навистина си се вљубила, да видиш колку е сериозен новиот дечко. Ако излезе дека се сакате тогаш фино лепо раскини му на дечко ти и фати си го овој новиот
Blanca тебе ќе те послушам. Ќе се обидам некако да се оттргнам од новиов. Само не знам како. Кога и да се пуштам на фб тој ми пишува. Каде и да се моите другарки и тој доаѓа заради мене. LivingGlam и јас мразам неверство. Се согласувам дека е нешто најлицемерно затоа и пишав дека се разочарав од себеси. Ми е страв врската која сум ја градела неколку години да не ми пропадне во вода заради некоја моја лудост.
^^па затоа оддалечи се од другар ти. Факт е дека вниманието од друга особа понекогаш ни годи, но треба да се запрашаме што добиваме а што губиме. Пред се ова ти е еден личен тест колку ја сакаш особата со која си? дали вреди да си со истата? и што кога во животот понатаму ќе се сретнеш со истиот проблем? Ако не со овој дечко истото ќе ти се случи со друг, со трет... Дали си сигурна што сакаш? Ајде имаш многу за размислување размисли дади си сама на себе искрен одговор и ќе си ја разрешиш дилемата дали и кого сакаш. Дали ти фали внимание или љубов. Со среќа
Што кога..сака да биде со вас секоја можна секунда? Знам дека ова вас не ви се чини како проблем..напротив. Но..да разјаснам.Не смеам да бидам во никакво машко друштво освен брат му,мисли дека секој мој другар сака да ме е*е,параноја го фаќа кога ме нема дома. Друго ..ми кажува со кој да се дружам ,со кој не.Моите другарки му сметат ,повеќето. Знам дека многу ме сака и дека го исполнувам,но ова веќе ме мачи ме притиска. Сакам и јас малку слободно време да поминам со другари,другарки да разменам средина.
Па,кажи му едноставно.Речи му дека ако сака да те задржи,треба малку да те пушти на слобода,да поживееш. Стај му до знаење дека не би го изневерила,да има доверба во тебе. Ако те сака,ќе се свести малку.
Yawn да не нема доверба во тебе ? Зошто ако нема тогаш ни со муабет нема да му ја доловиш поентата . Всушност може , зависи до карактерот на дечкото . Кажи му дека не би направила нешто против него , ама дека тоа нема да го дознае ако сте нонстоп заедно . Има некои што недостатокот на доверба го пополнуваат со поминување многу време со партнерот .Мислат дека ако се нонстоп заедно , ништо лошо нема да се случи . Може е и кај вас тој случај .
Верувај дека ќе имаш проблеми и понатака со ваква личност,од искуство ти кажувам,не мора да значи дека се исти сите,можда треба разговор и да се разјасните и 2та со убав муабет,но мене искрено по ова што ти го пиша ТЕШКО.Јас се оттргнав од 1 таква личност што мн ја сакав но веќе ме гушеше,само се повредувавме еден со друг и покрај тоа што мн.се сакавме...но постојано имаше тензии и караници поради неговата болна љубомора.Подобро би било да се тргнеш,иако ќе ти е тешко долг период,јас со него бев 3 години.РАЗМИСЛИ!Сепак подобро сега да ти е малку тешко него цел живот.Со таква личност нема да бидеш слободна,нема да имаш другари,сите ќе те одбегаваат,и нема да можеш да напредуваш во ништо зашто тој секогаш ќе биде лјубоморен.РАЗМИСЛИ.Иако ми беше тешко јас ставив точка.Ти посакувам се најдобро.Тие не не сакаат толку колку што имаат некој психички проблем,не дозволувај комплексите да ги лечи на тебе и да заглавиш.
Aбе разбирам јас нон - стоп,ама и проблеми си имам дома заради тоа.Сепак млада сум уште за нешто толку сериозно.А и тој исто,ќе се каеме за ова некој ден,знам. Инаку тој од некои случки изгуби доверба во мене ,но што е тука е. Разговор не помага,се обидов илјада пати.А неможам ни по негово да терам,сакам слобода врискам за малку слобода. Ми бара пасворд на фејсбук,ме оптеретува со такви глупости,сум била ладна не сум искажувала љубов,а јас сум таков карактер! Како да ја вратам довербата и да се понашаме нормално како секој друг пар?
Mногу се пронајдов во постот,посебно последната реченица.До некаде мислам и така ќе е.Се што е претерано не е убаво,пробав да гоо оставам но дојде дома да ме гњави,ме расплака само пак му се вратив.Му реков дека не сме еден за друг,тој пак своето.
Yawn ти знаеш што сакаш? Или сакаш да бидеш контролирана. Тоа што ти го кажуваш се карактеристики на контрол - фрик. Пискаш за слобода, ти дошол те расплакал си се вратила... ????? Аман бе како што знам дека си привлечно девојче и способна за нормална врска можеби си виновна зошто ја изгубил довербата ама ај седни си и подразмисли си што сакаш малку ми делуваш збунето.. и не дозволувај да немаш своја приватност, јас имав таков и никогаш - повеќе, лекцијата ја научив ама ти тек ја учиш изгледа, седни кажи му што како ако те прифаќа како што си ок, ако не чао - пријатно, што е тоа фејсбуци, другарки не ти сака, не знам ова - она, цела сапуница..