ne e vo red, trebalo da ti kaze vaka cel sok si doziveala,ne znam, prasaj go podetalno zosto taka izreagiral i zosto saka da ja smeni firmata, mozebi ke dobies odgovor, sekoe zosto si ima svoe zatoa ama nemoj da se karas ili da go ignoriras samo prasaj na miren i stalozen nacin
Нормално дека треба да го поддржуваш во своите цели, ама тоа премолчување мене би ми сметало. Не сте странци за да премолчувате за такви битни работи. Мој совет е да седнете да разговарате, можеби има некој проблем, нешто што го мачи не сака да ти каже или можеби едноставно е таков. Ако ти смета ова криење на работи, и тоа јасно кажи му го. Сите не сме исти ама преку разговор се одржува врска. Скоро за секој проблем во бракот/врската, лекот е разговор.
Мислам дека стравот од авиони му е само добар изговор, се надевам дека грешам. Според мене, во секоја врска треба да има компромиси. И јас лично не би се помирила со фактот дека партнерот не сака никогаш, никаде да патува. Разбирам дека не сака да излезе од комфорна зона, дома му е најубаво, меѓутоа може некогаш да ги испочитува и твоите желби. Сите правиме еден вид "жртва" за луѓето кои ги сакаме. Настрана тоа што не е ни жртва бидејќи сум сигурна дека преубаво би си поминал, само тежок е моментот додека се реши да отиде некаде. Освен со разговор, не гледам како поинаку би го решила проблемот. Би ти рекла да шеташ сама и секако дека можеш, но знам дека дел од тие моменти сакаш да ги делиш со партнерот. Не мислам дека претеруваш со реакцијата, на твое место и јас би била повредена. Не знам зошто сокрил толку важна информација, бил на интервју за друго работно место и ти кажува после цела недела откако одлучил да дава отказ. Одлуката секако дека треба да е негова, но партнерот е тој во кој треба да се има најголема доверба за да се сподели било што. Капак на се, сеуште не знаеш за каде се работи, бидејќи "не смее да каже"? Не сакам да те советувам да држиш лутина и да поттикнеш расправија, но јас лично не би преминала низ нешто вакво, се додека не сподели за што станува збор и не даде некое пологично објаснување, иако оправдување реално нема.
Хаха, смејем се а плаче ми се Мојов е до тој степен што ме прашува кога да ме запроси И туку ме прашува каков прстен сакам да си одберам, тој не можел да деѕ одлучи... Е до толку не очекувам изненадување или некоја иницијатива од него
Па подобро да одите и заедно да одберете прстен, ако нема добар вкус, сепак ти треба да го носиш тој прстен цел живот.. А и за запросување, океј е, убаво е да знае дали си спремна, ако не си спремна, нема да те запроси.. Мислам дека дечко ти е доста коректен, и го интересира што мислиш и ти.
Одговорот е многу релативен. Задоволна да, стварно не можам да се пожалам. Само сум карактер кој секогаш си поставува некои нови цели и предизвици, и секогаш има простор за да бидам повеќе задоволна. Можам да кажам дека сум среќна - да, а за задоволна секогаш може и повеќе.
Мене прстенот не ми менува ништо. Каков и да биде, дури и да го нема. И после 10 години врска и 3 години живеење, јас стварно мислам дека ништо нема да се смени и после запросување/свадба. И знам дека нему му е исто. Сето тоа е заради постарите наши, така да би можела и за еден час да се мажам кога мене мене ми е сеедно, а тие ќе се посреќни, тогаш why not. Ништо не губам, а нашите добиваат
Поради истата причина се регистриравме. Веќе живеевме заедно и ни беше сеедно. Ама атер да израдуваме родители се шкртнавме во матично. иако мојов се потрудил и со прстенче и со момент на запросување.
Не претеруваш со реакцијата и имаш право да му се лутиш. Велиш не разговарате. Остави го така нека прави што сака. Ако те сака ќе ти се јави прв, во случајов тој треба прв да те побара бидејќи ти не си ништо крива тука што нема муабет. Тоа што ти праќа мемиња, батали. Нека праќа. Да е како што треба, ќе знае како да ти се извини за неговото. Извини, но да сака некој да пика проблеми под тепих, во случајов тој како што ти праќал мемиња, со тоа ништо не се решава. Повеќето машки се скоро сите исти... Нека ми простат на реченицата тие што припаѓаат на машкиот род. Не кажувам за сите. Секоја чест за тие што не се такви.
И ја би се налутила ако нешто вакво сокрие од мене и мислам дека не си претерала со твојата реакција. Долго ли сте заедно?
Ајде едно прашање до сите и машки и женски, сакам сите да учествувате во ова. Што е за вас healthy relationship т.е здрава врска? и како да се справиме со Зборувајте во детали..љубомора, ситни кавги некогаш и поголеми, поминување време заедно (колку е претерано?), приврзување, обострано дозволување да се поминува време со друштво (зборувам не само за кафе туку и диско, се е вклучено во ова) т.е кои се границите според вас? Не треба ниту да си премногу лабав ниту да си премногу строг. Затоа сакам да прашам: Кој е балансот според вас?
Прво балансот треба да го определите вие двајца во врската. Второ, споредувањето на твојот партнер, врска со другите парови не води до зајакнување, туку до прекин на врската. Не постои идеално правило и за секого е индивидуално, но сепак една здравa врска вклучува искреност, доверба, почит, взаемна љубов, отворена комуникација, одржување на страста, подршка, компромис од страна на двајцата. Поставување граници е различно за секого, едната страна може ќе биде во ред со некои работи, другата не. Во оваа ситуација јас би рекла не ги ставај желбите на другиот пред тебе ако тебе тие ти предизвикуваат непријатност и чувство на неспремност. Но, од друга страна овде тоа не значи ти или другиот да ти врши притисок, контрола, забрана за излегување, дружење со овие, недружење со другите. Секој има право за живот и надвор од врската, не значи да запоставиш се друго само за врската, а другата страна да не мрдне со прст или не се потруди да се вложи во неа. Проблемите во врската се неизбежни и сосема нормални, но важно е во таквите ситуации да не се изгуби почитта и довербата спрема другиот.
Здрава врска е збир на почит пред се', потоа доверба, разбирање, комуникација и отвореност. Да си бидете еден пред друг она што навистина сте и да се прифатите такви. Да си бидете поддршка. Верни еден на друг. Да си дадете слобода, да нема потреба од контролирање, притисок, љубомора. За балансот и времето, не сум ни размислувала. Си има средина за сите.
Доверба, искреност, комуникација и почит. Убајте моменти сами че си дојда, да не бројме колку пати треба да сме излезени во неделата и колку саати, let it flowww.
Исто така би сакала да знам како според вас мислите дека вашиот партнер треба да реагира во ситуација кога некоја му се пушта т.е се обидува да флертува со него? Дали сметате дека мора да ви кажи или не е битно се додека не направи ништо? Дали очекувате да постапи на некој начин што ќе и даде до знаење да прекрати и дека има девојка или машко како машко некогаш може да возврати со насмевка со шала зошто е девојче но да не направи ништо сепак (јас ова второво го сметам како флертување назад) Како мислите дека треба да постапи кога тоа се случува пред ваши очи и како мислите дека треба да постапи ако се случува кога не сте таму? Сум се нашла во слична ситуација во минатото затоа сакам да слушнам различно мислење околу оваа тема..
Би зобрувала лично за мене. За мене здрава врска е да имам човек до мене кој не коцка, не е насилен и е созреан да не лута по секоја втора жена. Некој со кој би имала исти планови за иднината и би сакал да патува многу, да е амбициозен да сака да направи нешто и да го гледа секој можен начин, да ми биде инспирација и подржувач кога јас сум во прашање. Човек да ме држи дома и да не е амбициозен мислам дека во одреден момент би ми прелијало чашата, бидејки ке добивам постојано чуство на неисполнетост. Човек со кој би дефинирале да имаме почит и близина со фамилија ама да знае дека тоа е само за кафе муабет а не да ми ги меша нив во секоја чорба. За гледање веќе сум на години што би сакала да видам како во дом би живеела со човекот, не би се врзувала пред да поминам некое време а навиките да не му ги видам. И за кај многу битно јас сум машка жена и си сакам кафана и да прејам и играм. И не би поднела маж да ме држи дома затворена од љубомора.
Искрено, според мене доколку постои особа која што е наметлива и е очигледна во своите намери, односно очиглегно му се пушта на партнерот, сметам дека треба да се соопшти на време. Наместо после некое време да се избаци таа личност и нивни разговори па иди после објаснувај ситуации што се десиле со недели или месеци уназад. Не зборам за секакви додворувачи него само за оние што се апла приметливи и имаат сериозни намери да влијаат врз врската. Јас искрено би известила во моментот кога би приметила дека нешто се случува а и го очекувам истото и од партнерот.