Пола-пола е брат. Ко ќе ја слушниш Цеца до даске, од БМВ со отворени џамој и прај шлајфки на раскрсница, абе скроз исто ко Битола е А и улицата за шетање исто му се вика ко нашата, само на швеЦки
Требало да си најдиш девојка македонка,, и воопшто да не се впушташ во врска со девојка од друга националност. Година и пол не е малце време да му сјебеш на некого.
Зошто да не?! Ќе усреќат некоја, ќе ја спасат од тука. Шо да и го прајш филмот на некоја нафурана скандинавка, земи си нешто наше. Мајтапот на страна, сум работела две лета во Германија и од тоа шо сум го видела скоро и да сум сигурна дека не би можела да имам ништо сериозно со луѓе од “таму”. Секој различно, еве јас не би.
За роденденот(неговиот) бевме кај него собрани повеќе луѓе и он се јави на некој другар таму со видео повик и си праваше со него муабет два саати+, за игри, за се и сешто, а јас си седев на кревет како утка.. Сега му викам за Нова година ќе славиме заедно, немој да се јавиш пак на телефон и да си зборуваш цела вечер а јас како утка да седам пак сама, а он ми враќа "Не замарај бе". Не знам што да мислам после ова.
Па сигурно он не се однесува вака само во оваа случка.Барем јас такви вибрации добивам од пишаново.Ако му е таков стилот на изразување и почит сигурно е цело време таков и таков си го прифатила и нема што да мислиш.Ако му е ова прв испад тоа е веќе друго..Ама јас не познавам некој што е цело време добар и одеднаш би ти рекол не замарај БЕ..освен ако не е со таков ''лабав'' речник постојано.
Не успеа да се вклопиш во друшството? Ами после “не замарај бе” би му удрила корпа. Со ќе ти го таков со такви селјачки изрази?
Јас да бев ќе си заминев. Ти појдена на роденден кај него, тој на моб зборува со сати. Почит спрема тебе нула.
Очигледно дека не му било погодено друштвото, што земал да се јавува кај другар и да разговара толку долго. За однесувањето не знам што да искоментирам, од една ситуација, ти најдобро можеш да процениш зошто се испонашал.
Јас не сум многу дружељубив човек, не одам по забави, не сакам многу луѓе околу мене, ама сепак мислам дека кога некој ќе те викне нормално е со тебе да седи, ако не со тебе, со вас, а не така да си седам сама, он на телефон, стварно нема смисла.. После ова се мислам Нова година дома да си ја преспијам, нека слави сам, или нека си зборува на телефон за игри таму на камера..
Јас ги ставив хипотетички сите мои бивши во твојава ситуација - без исклучок сите би си заминале од мене и не би се вратиле. Без почит, со прост речник и без осет општо. Јас вчера карав еден другар што во друштво од 60 минути едно 50 штракаше по телефонот. Ти си знаеш, ама не те третира доволно добро.
Јас за ова би се лутела во зависност каков ми е дечкото.Ако е таков секаде и секогаш со тебе значи таков си го прифатила свесно и нема поента допрва да го учиш на почит.Јас не би била со таков лик а тоа уште на почеток се проценува.Ако ова му е прв пат да те игнорира и остава сама плус и да ти се понаша после тогаш лути се и кажи му дека не е ок и види зошто е таков ладен,дрзок и незаинтересиран.
Стануваш, си идеш дома, бришеш, блокираш и си почнуваш од 0. Ако почне да те бара инорираш, ако го сретнеш негде се правиш како да е странец. Ти самата ако не се почитуваш не очекувај од другите да го прават тоа.
Сите ги имаме тие жолти минути, нешто да не ни е погодено, па не фаќа нервоза, псобено па ако некој нешто ни приговара, а сме нервозни. И јас се имам испонашано на луѓе што ми значат и мене ми се имаат испонашано и не е крај на свет, имам разбирање за секого. Затоа ти најдобро знаеш дали тоа се случува постојано и да си процениш ситуација.
Немам пријатели, немам другари, не искачам никаде и со никого освен со него, две години предавања само дома слушам, ни со колегите од факултет не искачаме повеќе од еднаш годишно, или со него или дома ќе спијам..
Лошо за тебе. Обнови пријателства, најди ново друштво... Тешко е ако можеш само на една личност да се потпираш, па уште и да е климава личноста.