Тотално те сфаќам како ти е, зашо во истава ситуација бев и јас на истата возраст. Моите родители сметаа дека дечко се фаќа на факултет, не во средно. Јас се заљубив во момче 4 години постаро од мене , бев трета година средно. Пробав да им кажам, ми се налутија премногу , па врската ја криев понатаму 4 години. На крај од сево ова, јас и тој раскинавме кога се запишав на факултат, бидејќи не можев веќе да го издржам притисокот од тоа како би изреагирале моите родители кога би дознале дека се уште сме заедно и дека јас тоа сум го криела. Long story short, сето ова немаше да ми се случи ако си терав јас како сакам и не се замарав кој што ќе помисли. Затоа те советувам да тераш како тебе ти одговара, уживај си во тинејџерските години и љубовта и ич да не ти е гајле кој што ќе помисли. Нема ништо лошо во тоа да си тинејџер и да си заљубен, напротив тоа се најубавите години за такво нешто. Никој не може нити да ти забрани нити да ти каже како да се чувствуваш и што да чувствуваш и кога спрема некој.
Јас би те советувала да правиш како што ти кажува срцето, но сепак биди многу внимателна. Тој е повозрасен, а со тоа и поспремен за поголема интима. Немој да правиш нешто за кое можеш да се каеш подоцна. Би сакала да ти дадам личен пример. Исто како и тебе, дури растев владееше мислењето дека времето за дечко е на факултет, дека во средно сум мала и слично. За разлика од тебе, јас бев послушна и искрено ми е криво. Во средно се заљубив до уши (од оваа гледна точка не сум сигурна што гледав во него, но тоа е друга тема). Бидејќи не сакав да си правам проблеми дома, никогаш не му пристапив (дали имав или немав шанси не знам бидејќи не пробав) и сега, не само што не бев со него, туку не сум имала дечко никогаш, бидејќи ми се создаде некоја блокада околу машки и појма немам како да се однесувам. Во превод безнадежен случај станав, наместо да се ослободам во средно. Така да, да сумирам, слушај го срцето и ако навистина го сакаш, гледај се со него, но не се впуштај во ништо повеќе од бакнеж. Сепак, би те советувала и да не се криеш, бидејќи кога тогаш ќе се дознае и ќе биде полошо. Кажи им дома дека имаш дечко.
@Monkey678 Јас на 16 години не можев ни да се замислам со 20 годишен. А имав другарка што тогаш беше дури со 10 години постар... Ваљда индивидуално е тоа. Знам денес поинакви се работите меѓу младите. Ако сакаш да бидеш со него, биди. Само внимателно со неговите намери.
Реално си мала на 16г да се гледаш со дечко од 20г. Ретко кој 20 годишен чека и е трпелив вака ккао што кажуваш. Ти на 16 и тој на 20 најверојатно имате комплетно различни очекувања од вашите гледања, не знам колку си свесна за тоа. И нормално е секој родител би се загрижил за своето 16 годишно дете доколку се гледа со 20г. Не е исто да се гледаш со врсник и со 4г поголем од тебе на оваа возраст. Друго е да си ти 18 а тој 22. Сепак ако си свесна за се и сакаш да се гледаш со него гледај се само пази да не те наведе да правиш работи за кои не си спремна, па да се каеш.
Може и врсник да ја наведува да прави работи за кои не е спремна. Не е мала за врска, а најмалку да и бранат најзините. Јас кого бев основно дрвојчињата беа веќе во врска, а во средно па мислам немаше девојче што нема дечко, може од цел клас неколку девојчиња само да немаа дечко. Нормално е да имаш дечко во тинејџерски години, не гледам ништо лошо во тоа, полошо е кога родителите забрануваат нешто што е нормално.
Абе ајде во една тема раскажувате груминг незнам ти што. Колку било лошо малолетни да одат со полнолетни. Тука пак кој што сакал да правел да не слушала никој друг , нека прави што сака па нека си ја удира главата во ѕид. Нормално е да имаш дечко кој е на исти левел со тебе, а не некој веќе искусен што знае што прави и како да го добие тоаа од тебе на многу лесен начин. Особено на 16г. Исто е момче од 16г и да не речам маж од 20? Не зезајте ајде. Нека прави што сака девојката, ама нека знае што може да очекува. Никој не рече дека не е нормлно да се има дечко на 16г.....
За дечко не си мала. А и да не гледаш другите шо правеле, како правеле, тоа е нивно, гледај си за тебе. Само шо типот е 20год, ти 16г. Не знам дали би сакал да се држите само за рака, а немој да правиш и нешто шо не сакаш ти, никако. Мене ми боди очи тоа се гледате еднаш на 3месеци, сигурна си дека само со тебе се гледа и тебе те чека? Јас не мислам така искрено. Јас кога бев 16год, мене тие од 20год ми беа "стари"за мене. Ги гледав многу возрасни. А и мислам дека има многу разлика во тие години, отколку 18 со 22 пример.
Убаво што се трудиш и треба. Со подароци нема да те засака само може да те искористува. Покажувај му дека го сакаш се грижиш за него, разговарај. АМА имај на ум штом партнерот ја изневерил жена му има голема можност и тебе во иднина да те изневери. Дај боже да грешам. Иначе со среќа
Јас мислам дека понежните мажи се подобри.Има една пријателка која пред некое време со омажи со таков маж.Имаат прекрасна врска.На некои девојки им се свиѓаат мажите ,,прчловци,, Со среќа
Не е воопшто во ред да бидиш во врска со полнолетен. А и тоа што се кријате си размислила дека можеби и него му одговара тоа? Пример и да те "искористи" кој ќе ти верува, кога успешно се криете?
Сигурна сум дека и со други се допишува и гледа. Не е трпелив, само си ја пробува среќата. @Monkey678 не ми се бендисва разликата во години, иначе, не мислам дека си мала за дечко. Тој има повеќе искуство од тебе и полесно ќе му биде да те контролира. Гледај се повремено, ако толку ти е мерак, ама не ја потпирај цела надеж на него.
Шо ќе 'искористи'? Кога ќе престаните со тоа: 'Жената дава, мажот користи' ??? Млади деца полни со шовинизам!
@WildMk па да , ама си ја пробува среќата сите знаеме за што (најчесто). Тоа се обидувам да и го доловам. Таа ми личи дека многу се надева на него за врска и слично, бар по напишаното. И потполно с е согласувам со тебе за контролирањето ама и манипулирање за да го добие тоа што тој го сака . Колку и да се девојчињата по созреани од машките на 16г, верувам дека 20годишниот може мн лесно да ја изманипулира за се.
Прв братучед има 2 годишна врска. Тој е 20год а таја 17. Цели 2години се заедно секој ден. Таја уште учи а брачетми моментално работи веќе 1година. Од старт имаше проблеми од страна на чупето не ја пуштаја често да излегува но после 3 месеци родителите на чупето попуштија и еве 2 години се заедно. Биди упорна и немој да криеш од твојте. Ако видиш дека упорно те кочат, тогаш ќе се гледате тајно али кад тад ќе попуштат родителите. Тој има 20год е сеуште е дете исто како и ти. Нема ништо повеќе видено во живото за разлика од тебе. За зрелост можи да се кажи онаму на 30години. Годините не се мерило на зрелост Да, но на 20годишна возраст тој нема сеуште видено ништо во животот. Сеуште сте под покрив на родителите и сте деца и нормално е да се бунат родителите. Кога ќе почниш да се гледаш почесто со дечкото ти ќе си увидиш сама дали вреди дечкото или не. Дали вреди да се бориш или не. Не се брзај, имаш време за се.
На 20 години девојките што имаат 16 треба да ги гледаш како деца, а не како потенцијални партнери. Ти 20, работиш или студираш, таа се крие позади школо за да запали цигара или се потресува за тестот по физика. Различни фази од животот се, и иако не се работи за голема разлика, сепак на таа возраст се забележува многу
Многу оддамна,она 15год.он 22год. Кога она имаше 17год.се земаа Поминаа 42год.се'уште се сакаат како првиот ден. Израснаа деца,па внуци и сега уживаат....он пензионер,она уште малку,пензионерка. Нема врска годините,само љубовта е во прашање
Каква љубов бе, 22 годишен маж, со 15 годишно дете!? Дете е то на 15. Еве ја ќерка ми. Мисли сами се перат, сушат и диплат алиштата, мисли парите растат на дрво, мисли дека се' знае, а не знае дека нема никогаш се' да знае.